Број 3092  среда, 23 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Едиторијал

Премиерот и енциклопедијата

Соња Крамарска

Бурата што се крена изминатите неколку дена околу Македонската енциклопедија во издание на МАНУ покажа дека ќе биде потребно политичко менаџирање за да се надминат состојбите. Фактот што целата албанска заедница застана на една страна, обвинувајќи ги своите македонски сограѓани дека им ја фалсификуваат историјата, е доволна причина за да започне силна политичка акција од Владата за смирување на духовите.

Има и други факти во прилог на таквата потреба. Коалицискиот партнер во Владата, Демократската унија за интеграција, застана на чело на незадоволните албански структури и бара повлекување на енциклопедијата. ДУИ досега многупати има покажано дека ништо не може да им ја расипе коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ, но она што сега се случува е нешто сосема поинакво. А тоа може сериозно да ја разниша Владата доколку премиерот Никола Груевски не успее да му објасни на Али Ахмети дека политиката не замешала прсти во енциклопедијата.

Понатаму, важен фактор во оваа драма се две моќни земји, САД и Велика Британија, кои во енциклопедијата се портретирани како поттикнувачи и помагачи на бунтовнички активности во Македонија, а со тоа и на Балканот. Имајќи предвид од колкаво значење е меѓународната поддршка што и' е потребна на Македонија во овие мигови, јасно е дека Груевски, ако досега не го сторил тоа - ќе треба веднаш да им телефонира на американскиот амбасадор Филип Рикер и на британскиот Ендрју Ки за да им даде објаснување.

Од друга страна, тврдењето дека американски и британски разузнавачки служби ги помагале операциите на албанските бунтовници против македонските безбедносни сили, во најмала рака, се и вознемирувачки за македонското население и можат да создадат недоверба кон САД и Велика Британија, кои Македонија ги смета за свои партнери. Оттука е потребно да се произнесат и надлежните државни институции и да кажат дали е тоа точно или не е.

Наводите во енциклопедијата за Албанците се потенцијална опасност и за нарушување на односите меѓу Македонија и Албанија, која е практично единствениот сосед со кој барем досега сме немале отворени спорови. Со Грција сме во длабок конфликт околу името, со Бугарија сме во латентен конфликт поради повеќе работи, а круна беше потонувањето на бродот „Илинден“, со Косово нема размена на амбасадори и односите се топло-ладно. Недостига уште со Албанија да се отвори спор, па Македонија да стане изолиран остров на Балканот.

Најпосле, најважниот фактор се кревките меѓуетнички односи во државава и растењето на недовербата меѓу Македонците и Албанците, што неминовно следува по објавувањето на енциклопедијата. Скандалозно е што имињата на некои од академиците што се инволвирани во создавањето на енциклопедијата се и дел од листата на поддржувачи на претседателот Ѓорге Иванов во фазата на неговото кандидирање за шеф на државата. Или што се членови на семејствата на некои од помалите коалициски партнери во Владата. Случајот со енциклопедијата може да доведе до политичка дискредитација на многу важни личности од власта.

Треба ли да се набројуваат повеќе причини за да стане јасно дека спорот околу Македонската енциклопедија е дојден во фаза кога е неопходно политичко менаџирање за да се ублажат последиците и да се спречи негова натамошна ескалација. Тоа значи дека премиерот Груевски треба да го прекине молчењето и да се произнесе околу целата ситуација согласно со неговите надлежности, но и како најодговорен за состојбите и амбиентот во државата.

Со оглед дека се доведени во прашање и меѓуетничките односи, своја улога тука има и претседателот на државата, Ѓорге Иванов, од кого јавноста очекува да даде одговори на некои прашања. Значи, на потег се претседателот Иванов и премиерот Груевски. Освен ако и тие не се зафатени со исправање на грешки во енциклопедијата во која се тврди дека Македонците имаат словенско, а не античко потекло.


#
Статијата е прочитана 2483 пати.

Испрати коментар

Од: Itar Pejo
Датум: 23.09.2009 00:09:50
Sto pisuva vo enciklopedijata za ukrainskite platenici? Objesneto li e doaganjeto na ukrainskiot predsedatel vo Ohrid pred potpisuvanjeto na dogovorot?
Од: Jordan - Lerin
Датум: 23.09.2009 00:49:41
Sonja, aj posveti malku vreme i prostor za diskriminiranite i progoneti Makedonci pod Albanija, Kosovo i zapadnite opshtini vo Makedonija namesto da unishtuvash "pravo na zbor". Akademicite imaat demokratsko pravo na zbor bez razlika na politikata na teroristite vo Vladata i parlamentot.
Од: trpe original
Датум: 23.09.2009 00:59:55
Ostavete go premierot na raat... So ova prasanje navistina nema sto da kaze. Toj e ekspert za ekonomija. Za ova prasanje se nadlezni istoricari i na kraj naucnici!
Од: prerodba vo 100 cekori - vo vojna
Датум: 23.09.2009 03:49:12
Premierot uvo ne go boli. Toj si ja zavrsi rabotata, im go spopika na akademcive od MANU im dade istrukcii odnosno naredba sto da napisat pa sega seir si gleda si ceka da pocne po nekoja bomba ili kalasnikov da zaigra srede Skopje. Celta na Premierot ne e da se smirat rabotite tuku da se razgorat zosto ako sakase mir da ima vo drzavava toj ne ke go napravese toa. Sega se pravi na Toso demek ne ja procital enciklopedijata!!! Nego i te kako mu e jasno sto pisuva vnatre ami kako??? Toj toa go napravi so namera da predizvika destabilizacija samo za da ne vlezeme vo EU i NATO. Se nasekiral covekot deka ako sme vo EU i NATO ne ke moze poveke da krade pa resil i vojna da pravi samo da ne vlezeme. A plus vo uslovi na destabolizacija i vojna poveke se krade. Epten e providen ama glup narod tesko toa da go vidi. Ene gledajte "Sitel" Latas i "Bumbar" cel den vrtat omraza i mislis vo vojna sme. Sto poveke plukanja i omrazi tolku poveke Grujo trie race i se raduva demek planot mu useva PRERODBAAAAA
Од: ФЕЛИКС
Датум: 23.09.2009 03:56:24
Препораката на крајот на написот за политичко менаџирање на енциклопедијата крие една опасна ,,замка,, за власта и државата,значи се дистанцираме од научната работа и се врши сполитичко,,силување,, на науката.Ако тоа го стори власта да го осуди излегувањето на енциклопедијата,ќе има коментари ВМРО се антимакедонци ,ако ја подржи тогаш прават етнички проблеми.Најдобро е изјава од премиерот да тие не стојат зад излегувањето и со ништо не се инволвирани во нејзината креација.Но подржуваат секој научен труд за чија релевантност одговараат научните креатори.
Од: Ace od Avstralija
Датум: 23.09.2009 04:18:26
BLAZE RISTEVSKI, kako covek na SDSM ( citaj Branko), se pozadi ova. Site ovie fakti ( nie demek Sloveni, Albanija, Ali... bla, bla, bla... USA, Anglija osvojuvaci, poodbucnuvaci...) so ovaa ENCIKLOPEDIJA neka ja koristat SDSMovci vo nedostig na hartija koga ce im se odi po golema nuzda.
Од: Brian, Canada
Датум: 23.09.2009 05:17:46
Siguren sum deka vo opisot na rabotnoto mesto - premier i predsedatel na drzava ne stoi rabota na enciklopedii. Posebno sto mesanje na politicari vo naucna rabota ne e preporaclivo vo demokratski opstestva, a vie g-gjo Kramarska go zagovarate od samo vasi poznati pricini. I insistirate na "politicko menadjiranje", boze mili, gospogjo pa ne ziveeme veke vo Socijalisticka Republika Makedonija. Drug biser e "skandalozno e sto nekoi od akademicite involvirani vo enciklopedijata bile podrzuvaci na g-dinot Ivanov. G-gjo Kramarska jas ne znam sto e skandalozno. I akademicite se lugje, a so toa imaat pravo na naklonetost. Siguno ima akademici sto bile podrzuvaci i na kandidatot g-din Frckovski, sto za mene isto taka ne e skandalozno.
Од: REALNO
Датум: 23.09.2009 06:56:47
Hronoloski gledano od pocetokot od kako dojde na vlas nikola gruevski so negovite "patriotski razmisluvanja" drzavata Makedonija ja donese vo edna nevidena ketastrofa so mnogo problemi vo svetskite razmeri vo sekoj slucaj GOSPOD NA POMOS.
Од: Trpe original
Датум: 23.09.2009 07:13:14
A vie so Bog dusha cekate g-gjo novinarke koalicijata da se raspadne,za da moze vasiot junak Crvenkovski da se dobere do vlast.Samo sto bi nastanalo togas???Odgovorot e-apsolutno nisto-se bi bilo po staro-samo sto Crvenkovski vi e milenik i nego si go miluvate da bide na vlast.Za narodot draga moja toj e promashen politichar.Steta sto levicata ne uspea da pronajde soodvetna licnost koj ke ja predvodi partijata na slednite izbori i popoleka da ne izvadi od ova ekonomsko i politicko blato vo koe se naogjame.
Од: Каква врска има премиерот со енциклопедијата
Датум: 23.09.2009 07:53:00
Читам и не ми се верува: - „Груевски треба да го прекине молчењето и да се произнесе околу целата ситуација согласно со неговите надлежности“. Не сум знаел дека надлежностите на премиерот вклучувале и коментирање на книгите што се издаваат во Македонија. А зошто да не се произнесе Бранко Црвенковски? Или тој не е „одговорен за состојбите и амбиентот во државата“???
Од: Трпе
Датум: 23.09.2009 08:34:28
Во моментот премиерот е многу зафатен,па нема време да ја прошита ова работа.Но за кратко време кога ноќта ке се зголеми за 1 час,нашиот мистер Рејтинг ке има време за читање.Денот наместо 24 часа по негова математика ке и��а 25 шаса.Но се плашам дали ке му се доволни и тие 25 часа,човекот е многу активен,ја шета државата и го мери пулсот на народот,продолжувајки ги неговите обеќања и само обеќања,луди верувања.Само нешто не му се шета по западниот дел,дали има овластено некој друг да шета по овој дел од земјата.А за Ѓоле,тој ама ич не се замара да размислува за актуелни проблеми.Тој чека како шеф ќе му каже.
Од: od citatel
Датум: 23.09.2009 08:55:21
Narode neznam kakov odgovor barate od premierot i od predsedatelot na drzavata. Pa tie ni go serviraat seto ova. Zarem ne gledate kon sto e nasocena nivnata politika. Kon ne postoenje na Makedonija. A od duga strana pak propagiraat lazen patriotizam. Zarem ova ne vi e dovolno za veke otvoreno da svatite kakvi luge ja vodat drzavata. Tie veke ni nabija rogovi a ni kazuvaat deka sme bile kokoski. Eve do kade ne odvedoa ovie kvazi politicari. Oprostete se i od EU i od NATO toa ne im odgovara na ovie politicari.Toa e minato svrseno so debeli tri rocki za Makedonija.
Од: y
Датум: 23.09.2009 09:08:20
kako dokazan medium , protivnik na sopstvenata drzava zaedno so dnevnik,vest ,A1,alfa,telma,spic,vreme..( za zal gi ima mnogu ) po vaseto kazuvanje ne sme imale dobri odnosi so sosedite i ne okrivuvate nas za toa. Znaci na bugarite treba da im se pokorime i da ostavime da tvrdat dek ane postoime , na grcite isto taka i da napravime se sto oni sakaat za da gi usrekime, na srbite isto taka da im potvrdime deka nema Makedonska crkva i na kraj na albancite da im potvrdime deka nemale pomos od EU i SAD za vreme na konfliktot. Po ova ispaga deka i drzava ne treba da imame. za zal celo vreme so gorespomenatite mediumi za toa i se zalagate. me interesira zosto na pr. nikoj ne reagirase ni od EU ni od SAD ni od hrvatskite vlasti na izjavata na splitskiot gradonacelnik vo koja otvoreno izjavuva deka gi mrazi srbite? se dodeka ja vitkame kicmata ( kako vika Zaev ) taka ke bide i taka ke ne cenat.
Од: стружанец
Датум: 23.09.2009 09:10:23
до трпе фалсификат, коментирај ги анализите,не враќај со контра прашања,или ви е тоа наследно.Што и да ги прашаш овие од власта тие поставуваат контра прашања.Не е работа во распаѓање на коалицијата во прашање е распаѓање на државата море Трпе. А за врската на премиерот со енциклопедијата,ако не ја знаете почитувани коментатори, нетреба ни да ја знаете.
Од: Ајван Доктор®
Датум: 23.09.2009 09:51:58
За Енциклопедијата не треба да расправаат неписмени и полуписмени (политичари, пратеници, новосоздадени постсоцијалистички газди и сл. општествен отпад)! За енциклопедијата, како и за нејзините научни или ненаучни постулати, може да расправаат единствено (и исклучиво) Научните кругови! Секако, најмалку е тоа работа на Јавна Расправа, уште помалку на недоквакани квазинаучни-полуписмени-политичарчиња или членови на партија! Таа секако не е ниту работа на странски претставници и амбасадори! Науката, како и Уметноста, за Среќа не потекнуваат од портокалово-зелено-плаво-шарената боја на партиската книшка, ниту од државно-националните бои и симболи!
Од: Палома-со три слоја
Датум: 23.09.2009 09:55:38
Е, Аце, „Аце наш-силен маж“! Море, требаше да отиде во Австралија, за да му се разјаснат работите. Особено, за користењето хартија, за одредени потреби. И таму, уште ли хартијата ја држиш на клинец на даска? А, и за СДСМ си во право. Мамето нивно и Гоце Делчев го предадоа. А, комуњариве, сакаат и Грујо да го поврзат со Енциклопедијата. Ја мајката, па тој никогаш, ништо, нема прочитано, а камо-ли енциклопедија.
Од: Pejo
Датум: 23.09.2009 10:01:37
ова дело автентично го скенира македонското гледиште за културното и национално-политичко минато и сегашност и претендира да стане објективна и интегрална информација за нас и нашата земја, изјави на вчерашната промоција во МОБ премиерот Никола Груевски. Zaklucok na DPMNE komentatori: Gruevski nema vrska so enciklopedijata. Branko e kriv
Од: Dostoinstvo
Датум: 23.09.2009 10:06:58
Kramarska, covek da mu se povraca od tvoite tekstovi. Takvo dodvoruvawe nikade go nema. Sovetuvas nekoj na nekogo da telefonira. Samo gledaj TV i ce vidis so kakvo dostoinstveno drzenje i so kakov pocit go primaat Tadic denovive vo Njujork. A nasiot Djole 3 dena se druzi so nekakvi generali vo Vermont i vetuva makedonsko zivo meso za talibancite vo Avganistan. Kako i vo zivotot Te pocituvaat ako imas svoe dostoinstvo, ako nekogas kazes ne. Ligavcite i dodvoruvacite nikoj ne gi pocituva. Da ne se zacudite ako na 1 januari Srbija dobie ukinuvanje na vizite a nie ostaneme so Kosovo. Dali znaete za stavot na SAD za Kosovo: Im velat na srbite: nie go pocituvame vasiot stavt, no toa ne e precka da ne sorabotuvame. EEj, Sonja cukni si ja glaata malku.
Од: ЕУ-Монитор
Датум: 23.09.2009 10:13:49
Ова е стара тактика на Премиерот: раздели и владеј! Прво го делеше Македонците на патриоти и предавници, сега ја зацврснува демаркационата линија меѓу Албанците и Македонците. За Премиерот најважно е да остане на власт. Со палењето на страстите безумните маси ќе застанат на негова страна. По сé изгледа дека сé повеќе се приближуваме кон поделбата на Македонија.
Од: јас
Датум: 23.09.2009 10:17:25
Оставете го премиерот на мира !!! Тој не е оттука !!
Од: ramadani
Датум: 23.09.2009 10:39:37
Od kade pa vie sega nas ne napravivte dojdenci ja neznam?? Ponisko da udrite nemozevte ama bas stvarno i da sakavte! Nie Iliri,(moze da proverite sto bil Ilirskiot jazik,epten slicen so Albanskiot denes) sto oduvek sme bile tuka a vie Sloveni dojdeni od Bogu iza ledza i sea nie sme bile dojdenci. Da slusnes da ne veruvas ejjj....so sila sakate da si ja rasturite drzavata,tolku da sakas da si ja unitis i podelis drzavata nigde ne se videlo...duri ni na film...taka ide toa - koga vekje ne se trpi,prvo sozdavanje na paralelna MANU na Albancite vo Makedonija,pa na paralelen parlament i vlada,pa na federacija pa na 2 dela....brak so sila ne ide dragi moi....eve do tamu ke ve odnese nacionalizmot na vmro-dpmne kroen preku velikobugarskite interesi,samo tolku ke vi kazam...
Од: m
Датум: 23.09.2009 10:57:34
Gruevski za enciklopedijata nee odovde,za svedmilk nee odovde za imeto nee odovde siromaskiot ni premier procitan bukvar za site teski i gorclivi prasana nee odovde se pravi kako da e padnat od mars site se krivi samo toj nee odovde toj nisto neznae e prasajtego za spomenicite za potroseni milioni evra toj pak nee odovde pa se prasuvam sto ovoj covek raboti i za sto snosi odgovornost pa mazi se spremni nekogas i da presecat i da viknat i da ponesat odgovornost a toj se ponasa kako opoziciski lider zaborava deka veke 4 god e premier i pred toa cetiri go. minister kaj negoviot mentor.E bogami vakov premier imaat pravo portokalovite dosega nemalo nikade samo uste da mu uspee da go vrati bratot vo Hag i ke dobie uste eden mandat,no dali ke spie mirno e znak ? denes kral utre vkal taka velat umnite.
Од: Коко
Датум: 23.09.2009 11:08:02
Што дискутирате кој е крив за ваквата македонска енциклопедија. Се знае. Са се што нечини во неа е крив Бранко Црвенковски. По таа логика, и за негативната конотација на албанците во таа енциклопедија, е крив Б.Ц. Тој наредил така да се пишува. За себе си обезбедил 34 реда, а за Грујо 104 реда. За све он крив. И ако почнеме да мочаме по плоштадот, Б.Ц е крив. Само вмроовците со лидерот Грујо се во право,
Од: donka
Датум: 23.09.2009 11:08:42
Читам и неможам да се изначудам. Што има да се чека примиерот и претседателот на државата да коментираат околу ова прашање,Па нели имаме академци, научници, историчари од повеќе националности, зошто сега само се плука по Блаже Ристовски. Човекот си е патриота, зборува чисто, литературно македонски и од кога бев дете се воодушевував на неговите емисии што ги имаше на телевизија за мајчиниот јазик за историските случуванја во и околу Македонија,Од каде сега дека е против албанците кога нив во албанија и косово ги викаат шиптари што значи-албанец. зарем ние да се лутиме ако некој не нарекува македонец па тоа сме нели
Од: dragan
Датум: 23.09.2009 11:55:05
Za se e kriv spored vmro Branko Crvenkovski.Tolku e smesno a na kraj i zalosno.
Од: tatoo
Датум: 23.09.2009 12:20:30
Аце од Австралија . Ај не траскај зелени. Изгледа твојот коментар си го пишувал од нужник. Или за твоите напишани нонсенси крив е СДСМ. Владата направи голема грешка со енциклопедијата. Дали во Министерството за култура има категорија РЕЦЕНЗИЈА ??? Тебе ти е лесно во Австралија и да тресеш глупости те овој те оној е крив. Ајде те молам покриј се со ушите.
Од: jimmy1
Датум: 23.09.2009 15:24:43
Site znaat deka SAD i Engleska se podrzuvacite na neredite vo Makedonija, zarem neznaete kolku pati sletuvaa nivni helikopteri na Sar Planina. Ako ne znaete togas nesto ne e vo red so vas, brgu zaboravate.
Од: nacional-patriot
Датум: 23.09.2009 16:28:56
"Albancite" bile naslednici na Ilirite.Totalna izmislica od nepismeni luge.Jazikot na "albancite" e nov i ne se koristel vo podalecnoto minato.Naslednici na Ilirite se dalmatincite.Sovinizmot ke gi odnese gegite vo propast.

Најди! во Утрински
Насловна
Зденко
Редакторот е фобичен спрема Албанците
Соборениот претседател Зелаја се врати во земјата
Дупка на грбот
Големо искушение за ДУИ
Бизнисот бара нови мерки за спас од рецесијата
Две деца повредени во престрелка во Велешта
Ручекот, сепак, мора да се плати!
И Папандреу е за името „северна Македонија“ за сите
Грција живее на грбот на ЕУ
Карикатура