Број 2846  вторник, 25 ноември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Забава

ФЕСТИВАЛ

„Атомик веџи“ победник на „Винер фест“

По мини-турнејата во Битола, Штип и во Скопје, во саботата вечерта, 22 ноември, заврши осмото издание на „Винер фест“, со скопскиот бенд „Атомик веџи“ како победник. Финалето, всушност, беше свирката на десетте групи во МКЦ. По Битола и Штип, „винерите“ се претставија и пред скопската публика. Збирот на гласовите од трите града покажа дека победник за оваа година е „Атомик веџи“ од Скопје, кој ќе снима албум за „Литиум рекордс“ следнава година.

Трката беше неверојатно тесна и „Атомик веџи“ победи само со шест гласа разлика во споредба со кичевците од „Рејвен“.

Оваа мини-турнеја, на која учествуваа повеќе од 50 луѓе, беше се', но не и натпреварувачка. Одличната атмосфера во винерскиот автобус се чувствуваше од самото поаѓање, а позитивниот дух преовладуваше до крајот на целата манифестација. Со громогласна песна иницирана од хрватскиот претставник „Битан тон“, салата на МКЦ на финалето ечеше од звуците на песната „Македонија“: „Таму кај што вечно сонце сјае...“


Статијата е прочитана 191 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Забава
Се' уште вљубена во Бенџи
Не верува дека се разведува
Бракот со Блејк е завршена приказна