Број 3668  понеделник, 29 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Најнови вести

Насловна








Site Meter
На прво место

Зошто Македонија и Лазар Мојсов си свртија грб?

Смртта на еден од најпознатите македонски политичари со светски дострели помина незабележано од Скопје

Соња Крамарска

Заминувањето на Лазар Мојсов (1920-2011), некогашен југословенски ас на светската дипломатија и припадник на вашингтонската политичка елита, инаку родум од наше Неготино, помина незабележано од мрзеливото Скопје. Да не беа неколку белградски весници кои дадоа куса информација дека минатиот петок е закопан во Алејата на заслужни личности во српската престолнина, ниту македонскиот журнализам немаше да го евидентира тој настан. Претседателот и Владата одмолчеа на веста, ниту пак се сетија да испратат телегра��а со сочуство до неговите две ќерки.

Лазар Мојсов е најистакнатата политичка фигура од поновата историја на Македонија. Македонски и југословенски политичар и дипломат. Бил уредник на „Нова Македонија“ во Скопје и на српска „Борба“ во Белград. Дипломатската кариера ја започнал како југословенски амбасадор во СССР и во Монголија, на 37. годишна возраст. Од 1969 до 1974 служел како југословенски амбасадор во Обединетите Нации, Гвајана и Јамајка. Од 1977 до 1978 бил претседател на Генералното Собрание на ОН. Министер за надворешни работи на Југославија 1982-1984 и претседател на Југославија 1987-1988.

Мојсов ретко доаѓаше во Македонија. Постојат две различни толкувања за тоа. Според едното тој не сакал да се инволвира во случувањата во Македонија по распадот на СФРЈ и преферирал да остане во Белград. „Јас им ги понудив моите услуги во Скопје но оттаму добив одговор дека не сум им потребен“, гласи второто толкување што тој го дал на блиски пријатели од Македонија.

Последен пат во Македонија бил во 2006 година кога во МАНУ е промовирана неговата книга „Советските и американските лидери во соработка и конфронтација“. Промотори на книгата беа Денко Малески и Васил Тупурковски. Професорот Малески вели дека Мојсов му го дал името. „Барем така напиша во посветата на книгата што ми ја подари: ’на моето кумче“, вели Малески со чиј татко Лазар Мојсов бил голем пријател. „Се сретнав со Мојсов и додека бев амбасадор во Њујрок 1993-1997. Дојде со сопругата Лилјана кај мене. Го интересираше што се случува со Македонија. Му беше мака што Македонија е примена во ОН под привремена референца и под буквата ’Т’, вели Малески. Тој раскажува дека на промоцијата во 2006 дошле малку гости, заради што Мојсов се чувствувал непријатно.

„Се обидов да воспоставам контакти со Македонија. Ми порачаа дека не сум и потребен и дека нема зошто да одржуваат контакт со мене. Тоа ми го кажаа пренесувачи на вести од врвот на Македонија“, им изјави тогаш Мојсов на македонските новинари кои известуваа од промоцијата на неговата книга.

Мојсов на кратко се појавил и на закопот на неговиот брат во Неготино, но ниту го споменал тогаш Скопје, ниту пак дошол, туку веднаш се вратил дома во Белград. Сопругата му е почината и имал две ќерки од кои едната е во Белград и чија тесна специјалност е египтологијата а другата е лекар-научник во Њујорк.

Претседателот Глигоров кој е во лоша физичка кондиција деновиве не доаѓа на работа туку престојува во својата резиденција на Водно. Не е познато каква била неговата реакција на веста за смртта на Мојсов. Нивните односи ќе останат контроверзни но речиси е сигурно дека не биле во добри односи иако двајцата извршуваа високи функции во поранешната југословенска федерација. Ни Глигоров не испрати телеграма со сочуство во Белград.

„Незнам што се случувало во нивните меѓусебни односи, но знам дека на Глигоров му беше полесно да се опкружи со нас помлади луѓе. Според мое мислење, можеби имаше едно мало несогласување околу тоа што е Југославија. Мојот став и на Глигоров беше Југославија ’да’ но реформирана и со сите членки. Имаше кај Мојсов извесна задршка за иднината на Македонија, и загриженост за тоа како ќе опстанеме во меѓународната политика“, вели Денко Малески.

Васил Костојчиноски, некогашен висок југословенски и македонски политичар, имал контакти со Мојсов. „Му се јавив во 2005, беше многу нервозен во одговорот и ги заклопивме телефонските слушалки веднаш. Еден месец подоцна самиот ми се јави и ги продолживме подготовките за печатењето на неговата книга. Не сакаше да дојде на промоцијата во Скопје на што му се заканив дека лично ќе ги однесам книгите и ќе ги истурам на плоштадот во Белград. Ме праша зошто инсистирам да дојде а јас му реков затоа што не сакам да се растураат коските на Македонците по светот“, раскажува Васил Костојчиноски.

Во Македонија се вртеа многу муабети дека Лазар Мојсов бил во сватовски врски со Џорџ Буш постариот, но како и за се' друго и тоа се само претерувања. Вистината е дека тие имале близок пријателски однос. „Буш постариот се кандидирал за сенатор но ја изгуби трката и за да му оддаде признание за трудот претседателот Ричард Никсон го именува за американски амбасадор во ОН“, раскажува Денко Малески. Кога Бушови од Тексас заминале за Њујорк го прашале претходниот амбасадор со кого да се спријателат за да може Буш побргу да се вклопи во работата. Му било предочено дека е тоа Лазар Мојосв, по што двете семејства веднаш контактирале а Лилјана Мојсова ја упатила Барбара Буш во ��ите тајни на протоколот важни за сопругите. Оттогаш, вели Малески, траеше нивното пријателство кое продолжи и додека Буш бил во Белата Куќа.

Васил Костојчиноски вели дека имал идеја на Мојсов да му биде издаден македонски пасош но истата паднала во вода во оној момент кога Министерството за внатрешни работи барало тој лично да се појави на шалтерите.

Книгата „Едно име три поими“ чиј автор е Лазар Мојсов и во која е загатнат грчкиот однос кон Македонија се' уште е ненадминато дело на полето на балканските односи и Македонија во центарот на политичките интриги.

Има една чудна подударност. Единственото нтервју што Лазар Мојсов го даде за македонски медиум, неделникот „Денес“, го направи писателот Петре Бакевски. Тој и Мојсов умреа во ист ден.


Срѓан Керим: Македонија да му се оддолжи на Лазар Мојсов

„Мојсов припаѓа на плејадата врвни дипломати од поширокиот југословенски простор, кои достигнаа највисоки дострели во светската дипломатија. Во 1983 година додека му бев советник на Мојсов ги направив првите посериозни чекори на меѓународната сцена. Неговото знаење и искуство беа драгоцени за мене. Мојсов беше дипломат со исклучително квалитети, признат во целиот свет. Беше близок пријател со Џорџ Буш постариот со кого беа заедно амбасадори во ОН. Искуството што го стекнав во моите контакти и соработка со Мојсов на некој начин беа одредница да тргнам по неговите стапки и 30 години подоцна и јас да станам претседавач на 62. Генерално собрание на Обединетите Нации. Сметам дека Македонија треба на соодветен начин да му се оддолжи на Лазар Мојсов“.


Денко Малески: Политичко слепило во Скопје

„Антикомунизам владее со Македонија и тоа води кон политичко слепило. Да се осудува комунизмот како тоталитарен систем на владеење, е една работа со која се согласуваме сите, но да се осудува улогата на партијата во создавањето на државата и улогата на поединци и да не им се оддава должно признание е не само историска грешка, туку еден ден ќе мора да се соочиме со вистината. Проблемот што го имаме ние околу улогата на овие истакнати поединци е што од комунизам влеговме денеска во национализам. Мојсов беше извонреден талент во политиката. Се надевам дека ќе дојде време кога таа генерација ќе добие истакнато место во македонската историја. Ќе дојде време кога ќе мораме да се соочиме со целата вистина за улогата на Комунистичката партија, а не само за темните страни“.

Јован Андонов: Срамота што Македонија го заборави

„Дури вчера дознав дека Мојсов починал иако бевме многу блиски. Не ми е јасно зошто тоа е игнорирано. Мојсов беше интелектуалец број еден. Се' што кажа за Македонија, така и излезе. Срамота е што не пратиле телеграми со сочуство. Тој беше Македонец на највисоки места. Никој друг не бил на такви места“.


#
Статијата е прочитана 10049 пати.

Испрати коментар

Од: Каде ти е гневот Македонијо?
Датум: 29.08.2011 00:28:59
ВО Скопје и во Македонија не само што владее политичко слепило, ами владее СЛЕПИЛО и точка! СЛепци водат еден наптаден страдален народ кој е заслепен, заќорен како страдна мајка за слепо дете та и тие по арамиска терористилка власт се однесува како кон власт на свјата држава па толерира се и сешто, дури и велепредавство и газење, урнисување на се што сме имале а што е изградено со саомодречување, со одвојување од уста, со жртвите на фашизмот но ипосле тоа - саможртвите на ЦЕЛИОТ НАРОД чии херои денес се газат, нерпизнаваат, ќии бисти се одстрануваат, пушуваат со графити и погрдни кукасти и фашистилки симболи,...чии што бранители и херои се затвораат во Шутка додека државата ла владеат и черечат тие што систематски ЈА РУШАТ! Ете така Г-дин Керим, нема тука политичко слепило---СИТЕ СМЕ СЛЕПЦИ штом се молчи на тоа што ни се прави! Каде ни е ГНЕВОТ?
Од: Кирил
Датум: 29.08.2011 00:47:29
Серија нелогичности. Денко зборува за конфликт меѓу Мојсов и неговите комунистички сопартијци, Глигоров и останатите, на кои "Мојсов не им е потребен" во градењето на независна Македонија, за која тој има помалку рзбирање дури и од Малевски??? Неговите (комунисти) го отфрлаат и како може односот на Македонија кон комунистичкото минато да биде причина за односот кон Мојсов? Сите комплименти за Мојсов дадени во написов се во врска со неговиот профсионализам и верувам интелект, но ниту една пофалба не е со конкретен пример што тој човек направил за Македонија? Го осудил Ченто, го знаеме тоа и направил се во текот на целиот живот да е колку може подалеку од нас. Имал изговори, чувме! Личните квалитети или успех не се причина нацијата да му оддаде почести на поединецот.
Од: Коста Стоименовски
Датум: 29.08.2011 00:51:13
Не беше Мојсов тој што и сврти грб на Македонија, туку Македонија му сврте грб нему! До распадот на СФРЈ неколку пати го сретнував со торбичка во раце на Пазарот во Охрид. Неговиот починат братанец Андон Мојсов во една пригода ми рече дека во 1991 год. Л. М. дошол во Неготино на покана на неговите соборци и побарал средба со претседателот К. Глигоров, но, неговиот предлог бил одбиен! Истата година Л. М. ја продаде својата вила во Елешец и не доаѓаше во М. се до промоцијата на неговата книга во МАНУ во 2006 год. Во претходниот коментар изразив уверување дека Л. М. со својот огромен политички и дипломатски капацитет во светот можеше да даде голем придонес за признавањето на РМ! Ниедна нормална држава не се откажува од своите великани како што тоа го прави М. Жално, тажно и срамно однесување! Нека му е вечна слава! Нека почива во мир! Лесна му земја! Искрено сочувство до Неговото семејство.
Од: Od Zapad
Датум: 29.08.2011 00:55:51
Maleski - Mojsov. Srbomani i obozavateli na jugoslavija do besvest. Ne e do antikomunizam tuku narodot e nezaineteresiran za pocit kon nekoi koi kratko perstojuvale vo rodnata Makedonija. Plus toa Lazar nisto nema napraveno za Makedonija. Ajde kazet vie. Mostot na rekata Luda Mara vo Negotino?
Од: Aleksandar Laka
Датум: 29.08.2011 01:02:36
Makedonija treba spomenik da mu napravi na Mojsov za se sto storil za nas, a posebno za vospostavuvanjeto, a podocna i odrzuvanjeto odnosi so svatovite od Amerika. Pogrebot e prilika dur se tuka da se pokanat i cerkite na kratka poseta za iskazuvanje blagodarnost i za nivniot tatko i za nimi licno, zatoa sto Makedonija nikogas nemase da bide priznaena pod ustavnoto ime da ne bese angazmanot na site niv.
Од: Vancho
Датум: 29.08.2011 01:22:26
Ne znam kolku godini ke treba da pominat,da se pojavi nekoja licnost od nashata nacija so takov kapacitet na intelekt vo oblasta na politikata a pogotovo vo diplomatijata.Nasha stara bolka e da ne sakame odnosno da ne znaeme da gi pocituvame velikanite koi se od nashite redovi.Covek koj ne znae da go pochituva sopstvenoto minato i segashnost ,toj ke nema ni idnina.Golem sram za site dosegashni politichari shto mislat deka se zapocnalo vo ovaa drzhava so nivnata pojava.Neka mu vechna slava na pochituvaniot drugar Lazar Mojsov.
Од: Od fakelaki
Датум: 29.08.2011 01:44:32
Toa e vistinata na komunizmot koj ne saka konkurencia i ako ima Patrioti izmedu niv komunizmot nisto nee razlicen od fasizmot..................
Од: respekt
Датум: 29.08.2011 01:50:38
Жална Македонија.Историјата по кој знае кој пат, ни се повторува. Своите синови со векови да си ги сатанизираме.Ако можам да најдам оправдување за минатото(Неписменост на народот, немање пристап до инфомации и .т.н.),за современа Македонија нема оправдување.Сметам дека актуелната власт со политиката, секој што не е со нас е предавник, инсталира погубен систем на вредности.кој што ,когаш-тогаш и тие (Груевски) ке го почувствуваат на своја кожа..(Не се почитува Глигоров,Црвенковски, Ѓорѓиевски и.т.н. и.т. н.)Отворете Интернет и видете како во Канада е погребан ОПОЗИЦИОНЕР.(Значи политички противник на власта)Со сите државни почести-како заслужен граганин..А кај нас,што мислите, како би изгледало тоа? НАВИСТИНА ЖАЛНО.
Од: sydney
Датум: 29.08.2011 04:11:39
ubavo e da se spomnuvaat site mrtvi. drugo e da im se odava priznanie bogami treba da napravile nesto dobro za svojot narod.Lazar Mojsov ne napravil nisto za makedonija.bese tolku blisku no ne sakase ni da ja poseti i ako ne umrese btatmu nemase ni da dojdi.jas ziveam vo australija 20 iljadi kilometri daleku nemam mnogu bliski rodnini [braka sestri] i poveke pati sum ja posetil makedonija od nego.ednostavno covekot mozebi ne ja cuvstvuvase MAKEDONIJA kako svoja ima mnogu takvi rodeni vo makedonija ziveat vo MAKEDONIJA [ja molzat kako krava molznica] no ne se cuvstvuvaat Makedonci.
Од: Stanko
Датум: 29.08.2011 06:30:02
treba i Petar Goshev da ja kazz svojata verzija okolu L;Mojsov vo 90 -ti godini
Од: mojso
Датум: 29.08.2011 07:05:13
Ednostavno.Uste toj ni falese vo ovaa srbokumunisticka bagra vo makedonija.Lesna mu zamja.
Од: Stevo
Датум: 29.08.2011 07:16:02
Rezil....
Од: В. Кратовалиев
Датум: 29.08.2011 07:28:10
За починатите се најдобро. Иако некои ваши соговорници испровоцираа расправа, па би рекол накратко: Л. Мојсов, се школуваше во кралевска, а живееше и одработуваше за компартиска Југославија, а Македонија, /која му даде се што имаше/, некако му беше далеко од очите, но и од срцето. Бог да му ги прости греовите!
Од: Трпе
Датум: 29.08.2011 07:40:17
Македонија уште не е стигната до дваесети век.Ако некој смета дека сме дојдени до дваесети век, ние си го имаме Иван Михајлов,Тодор Александров,Мара Бунева и ....
Од: Goce Nikoloski
Датум: 29.08.2011 08:02:31
Ajde netoku go velicite mojsov oti toj nema nisto napraveno za Makedonija, mozebi za svoi licni interesi da no za Makedonija nisto, zatoa i celiot svoj zivot go pominal vo negovta srbija kade i go zafrsi zivotot,
Од: современик
Датум: 29.08.2011 08:02:59
Три прашања со “познат“ одговор. !. Прашајте го Глигоров за односот кон Мојсов. Се понудил да дојде во Скопје и помогне со неговите врски со стариот Буш, но му било понудено да отседне во Хотел? 2. каков ли политичар е Костојчиновски кога беше прв полицаец? 3. каков Д. Малевски се зборува кога чезнееше за СФРЈ. А Мојсов, немаше избор. И, мораше да остане во Белград и заради неговата болна сопруга за која се извонредно се грижеше
Од: Мара Попара
Датум: 29.08.2011 08:10:01
Мораше ли да се чека човекот да умре па да се објави ова?
Од: socustvo
Датум: 29.08.2011 08:19:18
Lazar Mojsov e eden od golemite makedonci, koi se proslavija vo svetot i vo poranesna Jugoslavija. Makedonija imala sekogas mediokritetsko i servilno rakovodstvo, koe se plaselo vakvite licnosti da se vratat. od strav za svoite pozicii. Ova se slucuvalo i vo politikata ,vo koluturata ,vo biznisot, a nekogas i vo novinarstvoto. Istoto se slucuva i denes. Prikazanata za Mozart i Salieri e vecna. Neka mu e lesna zemja na golemiot lazar Mojsov. "Niko nije prorok u sopstvenoj zemlji".
Од: Тој и го сврти грбот на Македонија
Датум: 29.08.2011 08:20:09
Лазар Мојсов не бил македонски политичар, туку само југословенски. Човекот си замина од македонија и ја заборави. Нему не му било гајле за македонија. Каде беше кога Македонија се осамостојуваше?
Од: девичанецот
Датум: 29.08.2011 08:25:00
До Авторите! а и до рецензентот... А таа една чудна подударност што ја има, да не е едно чудно совпаѓање?
Од: ismail
Датум: 29.08.2011 08:32:13
Kakvi zaslugi? Koga Makedonija gi dozivuvase najteskite denovi, toj nisto ne prezema. Barem edna izjava da davase. Ednostavno izbega. Plaslivec. Egoista! I sega nekoj stanal i saka da mu se dade zasluga? Lugje, aj treznete se malku. Takvite kako nego ne se ni za spomnuvanje a kamoli zaslugi
Од: Zana
Датум: 29.08.2011 08:56:00
Tipicno za segasnata vladejacka granitura, ne gi saka velikanite bidejki ne moze da nitu voda da im nosi. Mojsov bese diplomat od svetski kalibar, ne kako ovie denesnite od koi se sramime site.Licno znam od clen od negovoto semejstvo, deka rekol ako nekoj pobaral od nego mozel da izlobira od Bush- postariot Makedonija da bide priznata pod ustavnoto ime mnogu porano, poradi negovite bliski prijatelski vrski so toa semejstvo, no deka dobil zakana od vmrovcite da ne se pojavuva vo Skopje oti ke nastrada.Zaradi vakviot odnos na Makedonija kon sposobnit i uspesni, nie sme na dnoto bez idnina koja ja vodat slepci i smonareceni" patrioti", a vsusnost krajno nesposobni i necesni fukcioneri. Slovenija posle osamostojuvanjeto na site funkcioneri i ambasadori od SFRJ im dade visoki pozicii, nekoi seuste se na takvi mesta, i go iskoristi nivnoto znaenje i vrski vo svetot. Zatoa Slovenija e vo EU, a Makedonija dlaboko vo kalta.Kamo sreka nekoj da znaese da go iskoristi velikanot-Mojsov.
Од: Asan od Krivolaka
Датум: 29.08.2011 09:03:23
Se slozuvam deka za pocinatite treba da se kaze se najdobro. Megutoa oplakuvanjeto na Lazar Mojsov od poedini kontraverzni licnosti, odi vo edna druga krajnost koja treba da se zigosa. Kerim, na primer povikuva Makedonija da mu se oddolzi na Lazar Mojsov i toa go potkrepuva so iskazuvanjeto deka nemu licno mnogu mu pomognal i go naucil da bide diplomat. Drugi lelekaat istaknuvajki deka Mojsov bil golem politicar i deka bil drugar so postariot Bus. A negovoto kumce koe na vremeto se izjasni deka ne moze da zivee bez Jugoslavija, zaludno se trudi da iskopa nekoja zasluga po koja Mojsov treba da bide zapameten. A jas ke dodadam: Lazr Mojsov ima mnogu zaslugi po koi nikogas ne treba da bide zaboraven. Toa se negovite potpisi na mnogu sudski odluki za smrtni kazni i dolgogodisna robija sto toj kako sudija im gi izrekuval na na nasite najpoznati sinovi i kerki koi ja donesoa slobodata. Megju niv bese i prvuit pretsedatel na Makedonija - Cento. P.S. Lazar Mojsov e roden vo selo Przdevo.
Од: Golem
Датум: 29.08.2011 09:09:59
Isto taka vo zaslugite za Makedonija mu pripaga i presudata protiv Metodija Andonov Cento. Imeno Lazar Mojsov e eden od trojcata sudii koi ja izrekle kaznata protiv makedonskiot revolucioner. Najverojatno takvata kariera se dolzi tokmu na taa presuda vo najgolem del!!!!
Од: Makedonka
Датум: 29.08.2011 09:13:50
Zalno i sramno e da se kazuva loso za pokojnikot.Ziveel i rabotel vo edno upravuvanje koe toj ne go izmislil.Sepak Mojsov e ime i del od istorijata od toa vreme i poteknuva od Makedonija.Covecki e da se iskaze edna pocit i socustvo do najbliskite.Ako pravel grevovi sigurno ke si gi nosi na dusa.No zalno e naseto makedonce kako narod sto imame samounistuvacki sindrom,nepocituvanje i gazenje po licnosta.Zatoa nikogas i nikade nema da ne bide.Koga samite ne se cenime, sakame vo svetot da ne pocituvaat i priznaat kako narod.Boze prosti im,ama tolku imaat vo glavata.A na g-din Mojsov neka mu e vecna slava.
Од: cobe
Датум: 29.08.2011 09:17:35
Bog da go prosti, sepak bese diplomat od visok kov.........zamislite da napravite sporedba megju Mojsov i Milososki???????????????? Pa koj napravi povekje za Makedonija? Mojsov ili Milososki??????
Од: observer
Датум: 29.08.2011 09:25:14
Rabotata e poprosta od toa. Toj ne sakal da zivee vo MKD. Ako sakal ke se vratel. No Mojsov e Vlav od Negotino. A nie site znaeme deka Vlavot e ili Grk ili Srbin!!! No nikogas ne e Makedonec!!! Gledaj go Branislav Nusic. Roden vo Krusevo a sekogas se kazuval Srpski dramaturg!!!
Од: abdula-turk
Датум: 29.08.2011 09:30:16
kade bea velikanite na RM-koga bese oplackana makedonija od svojite sosedi? kade bea ovie velikani koga stedacite vo bankite na SFRJ-bea oplackani? i kako ovie politicari tolku vreme bile vo vrvot na politikata na SFRJa ne mozele da predvidaat sto ke se sluci so Makedonija posle rasturanjeto na SFRJ.Znaci bile ubedeni deka "Jugoslavija i KPJ nikoj pat nema da se rasturaat".dali ovie politicari vo sostavot na jugoslavija se osekaa makedonci ili Jugosloveni?dali ovie nasi politicari vo taja jugoslovenska federacija barem po nekogas go branele interesot na makedonskiot narod? uste ne moze makedonskata politika da se oslobodi od Topurkovski,Tito petkovski i sl.pak na krajot neka mu e leka zemjata na L.mojsov neka Gospod mu goprosti grevovite.Narodot znae da nagraduva no znae i da kaznuva, treba da vazi za site politicari.
Од: читател
Датум: 29.08.2011 10:03:18
Соња многу сте загрижена за односот на македонската јавност према еденa заслужена фигура на актуелната српска држава и официјално го смести во алеата на српските грагани. Најверојатно понесени од настанот заборавивте дека Македонија е независна држава а србија една последна не реформирана поскумунистичка европска провинција.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 29.08.2011 10:24:03
Сепак треба да се остави на историја да го даде својот суд за ликот и делото на г-дин Мојсов.Таму ќе се види дали бил маргинализиран од политичка номенклатура во првите години од независноста или пак човекот од лични мотиви решил да не учествува во политичкиот живот на РМ.Се друго е само паѓање во непродуктивен дерт и лицемерно жалење за неговото политичко одсаство.Едноставно се поставува прашање зошто ниеднаш за овие 20год нее поканет на прославата на независноста.
Од: Analfabet
Датум: 29.08.2011 11:15:00
Se slozuvam so nekoi od komentarite deka Mojsov nisto ne napravil za Makedonija,pa zatoa ne ni treba da mu se oddade nekoja posebna pocit.No ve prasuvam vas telencinja vmrovski,sto Aleksandar napravi za Makedonija pa tolku mnogu mu gi tintrate?
Од: Dolno Vodno
Датум: 29.08.2011 11:27:11
Nam, na obicnite smrtnici, namora da ni bide poznato, sto se slicuvamo zad kulisite na politikata. No, deka Mojsov gi imal kako Jugosloven i golem diplomat, edna od najvaznite ulogi vo SFRJ, ne smee da se ignorira. Ne trebe da im se pripisuva za grev i predavstvo na site tie togasni diplomati i politicatri, sto celiot svoj politicki vek, bile vospitvani vo smisolot Jugoslavja,pred sé. I Mojsov i Malevski i Topalocski i slicni, tesko ja gledaa promenata vo Mk.Duri nekoi sovete upateni na "naivnite lobosti" koi niz svetot ja dikazuvaa Mk, bea ne zlonamerno dekurazirani. Toa ne znaci deka Mojsov trebe da bide ignoriran i negiran kako golem diplomat, Topalovski kako eden od najdobrite nasi diplomati, a na Malevski da mu se isfrli himnata na proslavata ,20 godisnina na Mk. Kako sto ke bidat zaboraveni i prvite lobisti, pioneri na toj period. No ke gi vidime decata koi togaj si igraa dzamlii ili roditelite koi mozebi se setaa po Azurniot breg.Poveke pocit kon Mojsov i makedonskite
Од: zedorf
Датум: 29.08.2011 12:19:34
a be kade pripaga tamu e i zakopan e sega evemu makedonija na makedoncite.
Од: konsternirani
Датум: 29.08.2011 12:29:15
Chitajki gi komentarite dali sfakjate sega zoshto negovite ne javile za smrta na Mojsov? Koga imate zaroben um koj od ridot ponatamu nishto ne gleda, ke dobiete i vakvi provincijalni i moronski komentari. Mojsov e Makedonec koj zhiveel vo odredeno vreme i bil na mnogu visoki funkcii i VO SVETOT!!!! Velat deka toj rabotel za Jugoslavija, a, za kogo raboti Rompuj, kako Belgiec koj e pretsedatel na EU?Dali bi se gordeele ako nekoj od tuka bide na visoka funkcija vo EU? Ah, bre, mkaedonchinja, dali sega gledate shto pravi makedonskiot sindrom na samounishtuvanje?
Од: Познаник и соговорник
Датум: 29.08.2011 12:33:27
Мојсов беше избор на Колишевски во времето на растурање на СФРЈ. Светската дипломатија му беше занает, но за проблемите на растур системот што му беше даден да го менаџира и санира, не беше информиран колку е неинформиран. Како млад комунист добил партиска задача да егзекутира некого што не бил на линија. Па кој партиски човек тоа не го правел а не го прави и денес!? Сепак, тој е антифашистички првоборец , член на првиот тиквешки партизански одред. А сите тие одреди носеа иминња на илинденски војводи. Партизаните беа нашите патриоти! Тие беа за југословенска комунистичка Македонија! Каде беа во тоа време тие што сакаа независна Македонија? " Името Нова Македонија во Г. Врановци е мој предлог. Книгата за Егејска македонија е моја книга. Е, јас не сум бил за Македонија...." . Вечна му слава и почит!
Од: Баба Ката од Секулицу
Датум: 29.08.2011 14:16:37
Читајки ѓи коментарита на големи патриоти и анти Лазовисти,едно ми повеке од јасно. Колку долга и тешка била ЕВОЛУЦИЈАТА од мајмун во човек. Уште понепријатен ми е впечатокот дека кај нас во оваа сирота МКД, оваа ЕВОЛУЦИЈА за голем,голем број нејзини граѓани,како да не е завршена? Господи,ако те има, помагај!
Од: bezanec
Датум: 29.08.2011 15:45:24
Македончето само меѓу себе ќе се уништи од завист. Ако беше свесно да се учеше на историјата , немаше болгаринот љубчо да биде избран за премиер,тој што го започна груевски ќе го заврши. А за коментаторите и глупостите што ги тропат поединци е доказ на култура и образование, а за комунизмот дека бил ист со фашизмот,тоа е равно на лудило.Прво комунизмот како систем не се созреа,тоа беше социјализам,каде се водеше грижа за сите граѓани,социјална држава,која се ствараше а фашизмот беше систем на изберена класа на луѓе за владеење,угнетување на граганството. Ако си ги почитувавме нашите истакнати функционериод минатото немаше да се случи Македонија да царива на слепците.
Од: za zal od avstralija
Датум: 29.08.2011 16:34:09
makedoncinja??????? se obrakas so poim na 'samounistuvanje" a gi kritikuvas drugite deka se "samounistuvaat" . Mora da si od Jugoslovenskoto vreme ti, zatoa sto vo Jugoslavija vednas do Albancite (po mentalitet) bea "smesteni" Makedoncite od Kralstvoto SHS. I jas sum od Jugoslovenskoto vreme am batka JAS SUM MAKEDONEC i "mojata casa e do polovina polna a ne do polovina prazna".
Од: viktor
Датум: 29.08.2011 17:32:38
Лазо Мојсов гласал ли на референдумот за независност, или се криел во удобниот му Белград?! "Ќе да е" второто.
Од: meri
Датум: 29.08.2011 18:20:54
Dosta bre luge samo znaeta komunjari da kazete i toa deka nekoj e srboman, a kaj se bugarofili, grkofili ispadja deka e sramota samo da si srboman,Bez razlika na se takvi bile togas vreminjata, no sega i bilo koga Makedonija treba da se gordee so gospodinot Lazar Mojsov, sto takov eden intelekt i lepotan izrodila ova zemja!Sram da Vi e na site!Vecna slava Makedonski sinu!
Од: Bossko
Датум: 29.08.2011 19:05:37
За злите јазици, не е неопходен посебен повод за да го истурат својот отров. Кога ги читате коментарите на многумина, треба да црвенеете од нивниот срамен примитивизам. Вокабулар на улична багра. Без елементарно чувство за почит кон човек, а плус и врвен интелектуалец, ценет дипломат. Прочитајте барем едно од делата на Мојсов, па ќе видите на кое рамниште е неговиот интелект и неговиот национален статус. Тој беше југословенски политичар, но со нескриено македонско национално чувство. Факт е дека беше визионер и не тргна по патот на оние што со глава сакаа да уриваат зидови - да создаваат самостојни или големи Македонии или автономни, како онаа на Ванчо Михајлов. На големите како Мојсов, ветот им е татковина и не чекаше почит од жолтоклунци.
Од: sokol
Датум: 29.08.2011 19:10:34
za pokojnikot se najdobro ama Makedonija ni e nasa maticna drzava i tocka,a ne beograd,alea na velikani nema vo Butel,ima togas sto.......................
Од: tode
Датум: 29.08.2011 21:39:45
Se prasuvam zosto nikoj ne mu isprati telegrama so socuvstvo na semejstvoto na Vanco Mihajlov koga pocina vo Rim 1989. Neli e slicna sostojbata?
Од: Dragica Lapajkoska-Belchevska
Датум: 30.08.2011 05:40:51
Kolku sto znam vo vremeto na Lazar Mojsov bea dostaveni snimki od proteranite deca od egejskiot del na Makedonija. Kako moze Mojsov da bide "nem" za makedonstvoto. Mislam ponekogas se preteruva.Sramota e da ne se isprati telegrama,a drugi da ne slavat.Posle drugite ni se krivi.Se sto si"drobime,toa ce si srkame" Neka mu e lesna zemjata,
Од: Veselin
Датум: 30.08.2011 08:56:57
Za pocinatite se najdobro?Ne znam sto dobro napravi za Makedoncite i Makedonija?Ni ednas nema zucnato vo OON ni bilo kade .A zamislete makedoncite bea terani na demonstracii so parolite-Zivotot go davame,Trst ne go davame i baraa prava za obespravenite ''nasi'' vo Koruska.A samo za pomislata za porobenite delovi na Makedonija i genocidot i etnickoto cistenje vrz makedoncite,imaa golemi problemi so organite na progonot.Lazar Mojsov bese tipicen nemakedonski jugoslovenski prestavnik.Tolku za negovata makedonska velicinma.A i D.Malevski kako se vklopuva so nego.Jasno kako den-antimakedonci i jugosloveni do srz.
Од: Do Veselin
Датум: 30.08.2011 09:29:33
Gospodine vi se cudam vam i na takvite kako vas. Sto se plasite da si ja priznaete vistinata sami na sebe. Pa vie bi sakale da se izbrise vremeto od 45 do 91 kako da ne postoelo. Vi bi sakale da se izbrise vreme vo koe za prv pat Makedoncite dobile status na nacija, so site atributi. Vreme koga oformivme svoja akademija, svoe sobranie, svoja vlada, clenstvo vo megunarodni organizacii. Vreme vo koe makedonskiot jazik se izucuvase na mnogu fakulteti sirum svetot. A sto se odnesuva do toa koj e predavnik a koj e patriot lesno via vam. Vie "avtenticno tolkuvate" zlostorstva protiv covestvoto a ne pa patriotizam. Edno licno prasanje. Dali bi otisle da zapalite sveca na grobovite na nastradanite vo Celopek?
Од: pere
Датум: 30.08.2011 11:49:00
vLATCE ZA AMBASADOR VO O.N. PA DA TRGNI EDNAS
Од: za "za zal od avstralija"
Датум: 30.08.2011 11:49:47
Za "golemiot " Makedonec od Avsrtralija, "za zal od avstralija" . Tolku ja sakash Makedonija shto si izbegal na drugiot kraj od planetata! Zoshto? Od sebichni celi, za da si go uzhivash zhivotot na raat. Aj zakjutete tamu, se gleda kakvi Makedonci ste! I ostavete ne nas tuka, DOMA, da se borime za prosperitetna tatkovina i da gi pochituvame ljugjeto koi pridonele vo sozdavanjeto na makedonskata drzhava
Од: P.PETAR
Датум: 30.08.2011 12:11:04
Si ja seceme grankata na koja skoro bukvalno visime
Од: milan
Датум: 30.08.2011 13:52:30
Negotinci sto ne napravija da go zainteresiraat za MK,go nosea na razni proslavi,na lov,..specijalno za nego,a toj ne mrdna so prste ni za Negotino pa ic za MK,edinstveno vnuk mu go napravi Yu ambasador vo povece zemji.Nie sme mala zemja se se znae do tancina, no ne se kazuva.
Од: ljunen jankievski
Датум: 30.08.2011 15:03:30
ete zosto Makedonija stasa do tuka ne go koristese iskustvoto na onie koi imat zneanje tie sto bea sposobni bea trgnati na strana
Од: crn
Датум: 30.08.2011 16:14:57
Grujo napravi poveke za Makedonija, koga sme imale triumfalana kapija recimo??? dodeka mojsov bil precednik vo ON? Plus i Grujo ima megjunarodni drugari, Robert Mugabe i ostala ekipa...
Од: zoran
Датум: 30.08.2011 17:39:28
Pa normalno deka vlasta sto gradi anticki kuli i si pisuva nova istorija ne moze istovremeno da proslavuva eden golem prosrpski nastroen Jugosloven.

Најди! во Утрински
На прво место
А2 ќе продолжи каде што запре А1

"""