Број 3668  понеделник, 29 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Најнови вести

Насловна








Site Meter
На прво место

А2 ќе продолжи каде што запре А1

Откако телевизијата ги намири долговите кон државата, се подготвува нова програмска шема

Новитети во презентирањето на вестите, нови серии и изненадувања се подготвуваат на каналот на телевизијата А2, која од средината се очекува да стартува со збогатена програма. Најавите се дека тимот ќе се консолидира во наредните неколку недели, но дека ќе се задржи програмската шема која што беше препознатлива за телевизијата А1, која неодамна згасна. На ТВ-екраните се најавува дека ќе се појави поголем дел од новинарскиот кадар кој работеше во А1, но ќе има и освежувања.

Извори од телевизијата, која зрачи само на сателитските и на кабелските оператори, велат дека се подготвуваат изненадувања за гледачите, новитети во информативната програма и нови играни серии.

„А2 се подготвува да биде поурбана, поградска телевизија која ќе го задоволи вкусот на гледачите“, велат извори од телевизијата.

Управителот на А2 Тони Николовски вели дека датумот кога ќе стартува телевизијата со новата програмска шема се' уште не е познат. Информациите што се појавија дека тоа ќе се случи на 15 септември, според него, се шпекулации.

„Не постои точна прогноза кога ќе стартува програмата. Засега работи на консолидација на тимот и на програмата и во тек се нашите редовни активности околу тоа“, вели Николовски.

Можноста за проширување на програмската шема на А2 се отвори откако во петокот телевизијата го плати долгот кон УЈП и кон Советот за радиодифузија, во износ од 100 илјади евра, со што ја одблокира сметката и ја продолжи дозволата за работа.

Долгот завчера го плати Томор Цаноски, сопственик на повеќе угостителски објекти и брат на пратеникот Фијат Цаноски. Парите се дадени како краткорочна позајмица, за што е склучен договор на нотар, со рок за враќање од една година. Фамилијата Цаноски тврдеше дека нема намера да ја купи телевизијата, ниту да се вклучува во нејзината работа. Извори од А2 велат дека се' уште останува отворена опцијата за продажба на телевизијата, за која имаше информации дека е заинтересира странска фирма. (Д.Т.)


#
Статијата е прочитана 4999 пати.

Испрати коментар

Од: pola BT pola VE
Датум: 29.08.2011 00:08:41
Конечно една многу АМА баш многу добра вест. Ја имате подршката од цела моја фамилија. Сега по мене ќе се јават душегрижниците ама искрено баш ми е гајле - ова е моето.
Од: Сергеј
Датум: 29.08.2011 01:04:39
...а пак УЈП ќе си продолжи онака како и започна со А1.Веќе стигнале на А2 да набилдаат „долг“ од 300 000 евра! Ова или е отворен рекет или отворен фашизам! ( http://otpor.log.ph/ )
Од: ciganot politicar u senka od avganistan
Датум: 29.08.2011 05:41:54
pa se znaese ke propadne a edno (A1) zasto treba se da se plati 9 miliona pa kao lele lugeto bez rabota a se otvara veke druga i site ke se prefrlat i ke pominat so sto iljadi evra i pak televizijaaaaaa hahaha samo sou za narodot e dobro de malce u zatvor pa sega edna godina u zatvor pa koj ti dava milioni evra za edna godina ... ajde kasnam na rabota i veke nekazuvam nisto vo poicija izdavaaat preku SMS hahaha
Од: Умре А1, без пари ќе умре и А2
Датум: 29.08.2011 08:16:15
А2 ќе продолжи каде што запре А1??? Ќе перат пари, нема да си ги плаќаат долговите и ќе го прикриваат данокот? Баш би сакал да го видам тоа.
Од: Dragan
Датум: 29.08.2011 09:08:59
Tamu kade sto e tecela voda pak ke tece.Ovaa e odlicna vest.
Од: tanja
Датум: 29.08.2011 09:15:09
Konecno edna prekrasna vest. Posle zatvoranjeto na A1 nema sto da se gleda.Samo se plasam deka UJP kako i vo slucajot so A1 ke nabilda nepostoecki dolg i za A2 samo da ja unisti.Vo totalitarna drzava se e mozno.
Од: maja
Датум: 29.08.2011 09:31:44
So sreka neka i e na A2!Gi ocekuvame nivnite vesti so netrpenie!Dosta ni e od Orvelovskite vesti na Sitel i na Kanla5!Da zivee demokratijata i slobodnoto novinarstvo!
Од: jas
Датум: 29.08.2011 09:47:31
Zapocnuvaat so pozajmeni pari.. jaka i silna TV ke bidat.. uzas.. ne se raboti taka.. so dolgovi i so molenje nekoj vo posleden den da mu gi plati tie dolgovi.. samo sominitelni zdelki i pozajmici a ke delat soveti za profesionalno novinarstvo i ke se borat protiv korupcija..ne mozi da bidi stabilna tv so matni finansiranja..
Од: Stojan
Датум: 29.08.2011 10:10:19
Ajde sto pobrzo - da ne gi gledame glupostite od...
Од: ФЕЛИКС
Датум: 29.08.2011 10:26:48
Само нека ги плаќаат обврските кон државата и нека се појават на медиумскиот терен со каква било програма.
Од: od mene
Датум: 29.08.2011 10:28:33
A UJP da gi naplati i Danocite od Firmite KONARTIS i ZIMEKS,na Goce Zelenkovski?
Од: Oskar
Датум: 29.08.2011 10:42:17
Posakuvam mnogu sreka na A2 televizija so zelba da ne se priklonuva kon niedna partija I da ostane stvarno nezavisna televizija, televizija koja ke raboti vo interes na R. Makedonija odnosno vi interes na site gragajani. SREKNO.
Од: zedorf
Датум: 29.08.2011 12:28:55
a sega naucija da ja pocituvaat drzavata i go isplatija dolgot kon ujp
Од: DENI
Датум: 29.08.2011 13:46:48
pozdrav do a2 da prodolzat so rabota kako i dosega dobra vest za mnogu gledaci inaku nemam gledano vesti atkako a1 se zatvori.se nadevam deka naema uste nesto da im najdat da gi stopiraat dosta bese poz do ekipata na a2 i ve ocekuvame najbrzo da zracite kako i do sega
Од: Од слободоумен
Датум: 29.08.2011 14:19:57
Доколку А2 продолжи со програмската шема на А1 ,ако продолжи да работи со истата екипа и истиот ентузијазам на А1 тогаш може да се надеваме дека ќе имаме можност ,како за објективно прикажување на Македонската релност така и можност за добивање релна слика за оценката за состојбите во Македонија што ја даваат ЕУ и САД. Се надевам дека што побрзо А2 ќе профункционира со старо-нова шема. Среќно,ја имате подршката од сите слободоумни граѓани на Р.Македонија
Од: Iskra
Датум: 29.08.2011 14:40:38
A Tanja ke dojde li da gi cita vestite ????.... bez nea nisto.... ke nema rejting inaku..!!!!!!!!
Од: Засега убава вест
Датум: 29.08.2011 15:33:44
Конечно , нормалните гледачи ќе можат да гледаат и некоја нормална македонска телевизија,а нема да гледаат само ХРТ,ЦНН и други странски телевизии,или ,како замена за смртна казна да мораат да гледаат Канал 5 и Сител!Не знам само колку време ќе му треба на Грујо да ја уништи!
Од: Dejan
Датум: 29.08.2011 17:37:36
Е кога ќе дојде редот да се влезе во Сител и Канал 5 е тоа ќе биде интересно. еден ден и тоа ќе се случи порано или покасно не е важно ама нема да се заборави тоа што сега се прави.
Од: stoja
Датум: 29.08.2011 17:46:18
Prejrasna vest,bravo za Canoski ja imate nasata podrska
Од: Bojan
Датум: 29.08.2011 19:07:29
Bravo !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Од: TOSHE
Датум: 29.08.2011 20:52:34
Se nadevam i im posakuvam na na najdestruktivno lazovnata TV nikogas da ne profunkcionira seriozno. A da, na site onie koi koi nemaat sto da gledaat,na takanarecenite neinformirani grevcinja ,neka gi igasnat svoite feneri vo glavata za konecno da se soocat so svojata bedna realnost....
Од: zagrizen
Датум: 29.08.2011 22:50:23
Edvaj cekame nekoj da ni go peri mozokot i se razbira da finansira programi na politicki partii levo orientirani.
Од: Mitre na Lenka
Датум: 30.08.2011 00:34:05
samo ako prodolzat verno da ja sledat politikata na nejzinata postara( mrtva) sestra, ke mozat dostojno da i go nosat i ponataka inmeto. ...t.e...verno da ja otslikuvaat seta bedotija vo koja zivee makedonskiot narod i kriminalot shto go pravat onie , koishto ustvari treba najmalku da bidat toa...kriminalci !
Од: ketrin
Датум: 30.08.2011 14:20:56
konecno nema pojke da gledame SITEL jeeeeeeeeeee ;)))))) aj so pobrzo da pocni A2
Од: Maja
Датум: 30.08.2011 19:04:55
Za pozdravuvanje e najavenoto "aktiviranje" na A2.Bez nikakvi nepotrebni kvalifikacii za "levi" i drugi tv , dobro e da se ima edna dobra tv.Steta sto Alfa ne uspea ( iako ima dobar profesionalen kadar, no verojatno nedovolno energicen -rabotno) da ja isponli "prazninata"po zgasnuvanjeto na A1.Uspeh za A2!

Најди! во Утрински
На прво место
Зошто Македонија и Лазар Мојсов си свртија грб?

"""