Број 2841  среда, 19 ноември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хроника

Продавале поевтин бензин, плаќале со фалс кредитни картички

Уште еден случај на фалсификувани кредитни картички кој личи на претходната акција „Банкомат“ откри полицијата, но засега нема докази дека постои поврзаност меѓу двете групи.

Клопчето започнало да се одмотува во саботата кога на бензинска пумпа на „Макпетрол“ во Штип била направена нелегална трансакција на ПОС- терминал на Стопанска банка на износ од 19.500 денари. По пријавата од мониторингот на банката, полицијата го привела Т.Т.(36) од Штип, вработен на бензинската станица, кај кого биле пронајдени пет фалсификувани кредитни картички и 10.650 денари, кои потекнувале од нелегалната трансакција.

Осомничениот признал дека пред неколку недели двајца скопјани му понудиле работа со нелегални картички, кои тие би ги обезбедиле преку терминалите на Стопанска и на Комерцијална банка. Скопјаните Г.И. (28) и С.М. (30) му рекле на вработениот дека негова задача била да пронаоѓа возачи на камиони на кои би им нудел поевтино гориво во замена за готовинско плаќање. Според нивниот план, осомничениот требало готовината да ја зема, а сметката за гориво да ја наплати со фалсификуваните платежни картички. За оваа операција, согласно со договорот, требало да му припаднат 10 проценти, а ќе добивал уште по 10 проценти за секој колега што ќе го натерал да учествува во бизнисот.

На овој начин, групата успеала да украде околу 10.000 евра.

Карактеристично за случајот е што пронајдените платежни картички: „американ експрес“, „маестро“, „мастеркард“ и „виса“ се издадени од домашни банки, но од страна на групата, оригиналните податоци биле бришани, по што електронски биле внесувани податоци од странски државјани, односно нивни сметки во Барклис банката од Лондон, Националната банка на Кувајт и други.

Полицијата поднесе пријави против пет лица, од кои тројца се во бегство. Во тек е истрага на кој начин осомничените доаѓале до податоците за сметките на странските државјани. (Г.А.)


Статијата е прочитана 457 пати.

Испрати коментар

Од: AnoNimeN
Датум: 19.11.2008 11:21:36
huhu za podatoci na kreditni karticki sekoj sto po malce se razbira mozhi da gi pronajdi mn e lesno nz so gledate vo toa tesko .... bankite se krivi sto ovozmozuvaat so mn lesen nacin da se logiraat na site web strani kreditnite karticki... taka da normalno ke im gi kradat podatocite

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Хроника
Плински уред запали кујна во кафеана
Насилник до смрт ја претепал сопругата
Нема пресумпција на невиност во „Пепел“
Хелсиншки укажува на низа недостатоци во вештачењата на „Змиско око“
Прегазена жена во скопска Автокоманда