Број 3287  четврток, 20 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter

Зошто бегаат странските пари

Експертите велат дека инвеститорите не гледаат профит во земјава поради веќе очигледната продолжена рецесија

Нина Нинеска-Фиданоска


Од лошо полошо и' оди на Македонија со странските инвестиции. Не само што странските компании не го вложуваат својот капитал во земјава туку и оние што инвестирале кај нас веќе почнаа да ги повлекуваат своите пари и да ги изнесуваат надвор од нашите граници. Најновите бројки за странските директни инвестиции што ги презентираше во петокот Народна банка на Македонија се поразителни. Тие многу јасно покажуваат дека во февруари од земјава се одлеале дури 22,7 милиони евра странски инвестиции. Станува збор за пренесени пари, кои инвеститорите им ги дале по основа на кредити на своите фирми-мајки.

Тоа драматично го урна и онака лошиот инвестициски скор на Македонија. Па така, ако во првиот месец од 2010 година во државава влегле инвестиции од 37,1 милиони евра, фактот што во февруари биле изнесени 22,7 милиони евра го сведе инвестициското салдо на очајни 14,4 милиони евра за период од два месеца.

Ова јасно покажува дека Македонија не само што не е инвестициски рај како што сакаа да ја претстават нашите власти туку многу помалку од тоа, таа е буквално заборавена и целосно заобиколена дестинација од странските компании што ги шират своите бизниси во други држави. Дури и тие компании што имаат свои фирми кај нас, во овој период преферираат своите пари да ги преселуваат надвор од државава.

Со вакви показатели, некој сериозно ќе мора да одговори со каква цел беа потрошени милионски суми пари на промотори и на скапи рекламни кампањи, само со цел странците да се убедат да го донесат својот капитал во земјава. Антикорупциската комисија веќе
го отвори случајот за првиот човек на Агенцијата за странски инвестиции, Виктор Мизо, откако државните ревизори укажаа на милионски суми потрошени пари за промотори и реклами, кои не донеле видливи ефекти. Последната официјална информација од антикорупционерите е дека тие засега се' уште го разгледуваат работењето на Виктор Мизо.

Аналитичарите коментираат дека одливот на инвестициите се должи на тоа што е јасно оти во Македонија ќе продолжи рецесијата. Во Владата, пак, објаснуваат дека такви движења биле разбирливи во година на економско заздравување, каква што е оваа, но дека ќе следувале крупни инвестиции во наредниот период.

Зошто странските инвестиции се повлекуваат од Македонија, според експертите, има најмалку два одговора. Никола Поповски, поранешен министер за финансии, вели дека првата причина е фактот што веќе станува очигледно дека излезот на Македонија од рецесијата ќе биде пролонгиран. „Инвеститорите се загрижени од продолжената рецесија во земјава. Тие овде не гледаат профит, не гледаат изгледи за оплодување на својот капитал, па затоа одлучуваат да го носат во други држави“, објаснува Поповски. Друга работа, пак, но не и помалку битна, е таа што странските инвеститори кои се веќе присутни во земјава, а чиишто држави сега се во лоша состојба, ги кредитираат своите матични компании во сопствените држави, и на тој начин се одлеваат инвестициите од земјава. „Тука, пред се', би ја споменал Грција и компаниите од таа држава. Но, не е исклучено на овој начин да се одлева капитал и во Германија, Унгарија, па и Австрија, како држави кои имаат позначајни инвестиции во Македонија“, вели поранешниот министер за финансии.

„Утрински весник“ вчера побара коментар и од Владата, зошто, и покрај нејзиниот оптимизам, странските инвестиции не само што не доаѓаат туку и се повлекуваат од Македонија. „Ова е година на економско заздравување и разбирливи се и одредени такви движења во првите месеци. Сепак, треба да се направи подлабинска анализа за да се видат точните причини, значи за кои компании станува збор, од каде доаѓаат, какви биле движењата на пазарите каде што тие ги пласираат своите производи и слично. Значајно е дека веќе има најави за крупни инвестиции, особено во градежништвото, за што слушаме во последниве денови. Тоа се сигнали дека довербата кај инвеститорите постепено се зголемува. Значаен е и фактот што ЕБОР за Македонија предвидува највисок раст од сите земји во регионот за 2010 година, а се знае дека во пресметката за растот една од клучните компоненти се инвестициите“, изјави вчера за „Утрински весник“ владиниот портпарол, Мартин Мартиноски.

Инаку, токму во функција Македонија подобро да се претстави пред потенцијалните инвеститори, беше и серијалот промотивни емисии, што се емитуваа минатата недела, од понеделникот до петокот, на телевизиската мрежа Си-Ен-Ен, со кои земјава му се презентираше на светот како поволна бизнис и туристичка дестинација.

Во целата очајна состојба со странските инвестиции, малку надеж дава фактот што утре ќе биде потпишан договор со италијанската компанија ТЕКНОХОЗЕ, за закуп на земјиште во слободната зона Бунарџик . (Н.Н.Ф.)


#
Статијата е прочитана 1822 пати.

Испрати коментар

Од: Mite
Датум: 17.05.2010 00:16:17
od tie stranski pari air nema, samo inflacija i zadolzuvanje... tie dovagaat tuka da specalat, nie ke go platime cehot...
Од: k2
Датум: 17.05.2010 02:54:40
Експертите велат дека инвеститорите не гледаат профит во земјава поради веќе очигледната продолжена рецесија Hahaha ako vo poslednava godina i pol dve ovie "eksperti" prestojuvale na nekoja druga planeta togas da im kazam deka svetot bese vo recesija i deka delovi se uste vo nea ....samo onaka za potsetuvanje.... I uste nesto abe se isti "eksperti" Popovski Uzunov ... izgleda Bilajli nastinat bil pa ne ste go "konsultirale".....e sega drugo prasanje kolku e Popovski/Uzunov/Biljalji se eksperti toe e veke drugo pitanje
Од: ФЕЛИКС
Датум: 17.05.2010 08:59:18
Дали не ви изгледа збунувачко оптимистичката прогноза на ММФ,Светска Банка и сега последнава ЕБОРД која на есен ќе даде 450.000 мил.евра заем,плус прогноза за најголем пораст на БДП од 2,1% највисок во Југоисточна Европа,од една страна и црните сценарија на домашниве ,,експерти,,.По мене треба да им се верува на посочените институции,од проста причина да сепак ептен повеќе имаат знаење по економија.Барем така се рангирани во светот.
Од: Трпе
Датум: 17.05.2010 10:19:46
Ништо од рекламата на бладата,дека работната рака ни е џабе.
Од: јас
Датум: 17.05.2010 11:42:25
Среќко , КЕ ДАДАТ ЗАЕМ , а не инвестиција ..Тоа ЗАЕМ ( да ти објаснам , пошто ги мешаш поимите на инвестиции и заеми ) , значи дека некој тие пари ќе ги троши без усул ( твоиве портокали ) , а некој друг ( народот ) ќе ги врати сите до последно евро и плус камата ...
Од: logicar
Датум: 17.05.2010 12:31:31
Ako treba da im veruvame na stranskite finansiski institucii, kako sto e MMF, togas ne ni treba evroobvrznica, tuku zaem od MMF. Baska od parite, ke ni kazat i kako treba so budzetot, bidjeki na MMF treba da mu se veruva, taka li e FELIKS?
Од: opala
Датум: 17.05.2010 12:32:47
em mi se stiska e mi se iska nema ili da resime sporot so imeto ili da umreme od glad
Од: nadidan
Датум: 17.05.2010 13:11:01
Новинариии симнетесе меѓу народецот пишувајте за него како живее и преживува доста веке со политичарите и таканаречени странски инвестиции нема ништо од тоа.Политичарите отишле во политика за да си го наполнат џебот, не од што им е гајле за државата тоа е повеќе од очигледно.Посвететеим внимание на сиромашните луѓе напиште како да се извлечеме од г..... во кои не ставија тие за кои нонстоп пишувате.Бидете луѓе.
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 17.05.2010 14:56:14
Кога гледаат од надвор дека инвестициите се всушност инвестирање во дел и на фамилијата - кидај од криминалот.Ако се од КУМ-овите од модерното време - О.К. Затоа го кркаме а и ќе го кркаме - но оној кој не сака да види не гледа, и оној кој не сака да чуе не слуша - тоа е сегашноста во Македонија,затоа и сме најнеразвиени на балканот а бевме пред повеќето. Господе помогнете им, не знаат што прават.(ќе не уништат).
Од: curan bt5
Датум: 17.05.2010 16:29:51
ne sum bas siguren vo iznesenoto vo pogrniot tekst deka stranskite investicii begaat od drzavata poradi nekakva si prodolzena recesija vo makedonija.Odnosne ne smetam deka voopsto begaat stranskite investitori poradi nekakvo si loso rabotenje na vladata naprotiv smetam deka vladata sega za sega dobro ja menadzira sorabotkata so stranskite kompanii koi se zaiteresirani da investiraat vo makedonija

Најди! во Утрински
Македонска верзија
ЕДИТОРИЈАЛ
Катерина Богоева
Си велам
Ерол Ризаов
Поглед
Нина Нинеска-Фиданоска
Мислења
Назми Малиќи
Еден месец притвор за капетанот-ограбувач

Ребаланс во јуни, почнаа анализите за прекројување

Адријана Лима
Ужива во мајчинството и во хуманитарната работа