Број 3381  вторник, 14 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Поглед

Скап живот

Александрија Стевковска

Преживувањето со просечните месечни примања вакви какви што се и со секојдневните поскапувања, стана вистинска уметност. Луѓето стануваат виртуози во обидот да го закрпат месецот и да направат приоритет на нешта од кои не можат да се откажат, за оние помалку неопходните да ги остават за наредниот месец. Храната поскапува, а никој веќе не се грижи дали добро и квалитетно се храни, туку како да се наполни стомакот.

Речиси стана невозможна мисија да внимаваш на здравото тело, а во исто време да не настрада паричникот. Или телото или семејниот буџет ќе настрадаат. Изборот е личен, ако воопшто некој има избор. Цените се секој ден се' повисоки, примањата исти, па како и да се заврти, се појавува финансиски амбис во кој запаѓа речиси секое семејство.

Поскапувањата станаа кошмар со кој живееме секој нов ден. За разлика од минатите времиња кога сите имаа повеќе пари, но немаа голем избор производи, сега состојбата е поинаква. Полиците во маркетите кои никнуваат како печурки се преполни со производи, за дел од нив повеќето луѓе и не знаат како се користат, но се' помалку луѓе можат да си дозволат да ги купат, па се јавува парадоксот на богата понуда и сиромашен народ.

Ако летово што изминува беше тешко за живеење поради дивеењето на цените на овошјето и на зеленчукот, септември е уште потежок. Месецов на трошокот за храна се накалемува и трошокот за училиште, за неколку теглички зимница, за набавка на дрва, поскапо парно. Подготовките за зима го тенчат и така тенкиот стандард на граѓаните, кој во последно време фати надолен колосек. Во време на галопирачки од на цивилизацијата напред, стандардот на граѓаните со големи чекори назадува, па се поставува прашањето каде е границата и колку секој може да издржи.


#
Статијата е прочитана 1236 пати.

Испрати коментар

Од: ivo
Датум: 14.09.2010 12:22:38
Stvarno! Eve stance izdavam za 150 E i studentite od cela drzava se javuvaat ,ama se "tenki" so plakanjeto iako realno toa se 330 denari dnevno.Toa znaci deka vozacite se najbogati vo makedonija bidejki za osumcasovno parkiranje vo Skopje plakaat ista tolkava suma! E, kaj mene nema masina za perenje! Dali na parkinzite ima , ne sum zapoznaen ama pretpostavuvam deka ima stom tie ostvaruvaat prihod , a jas se macam so slusanje zalopojki za niskiot standard od site strani! E pa, neka parkiraat ako im e prifatlivo i eftino!
Од: Ристо Вивалди
Датум: 14.09.2010 12:33:12
Точно, луѓето се одамна виртуози за преживување. Не е ни чудо кога учеле кај големиот маестро Бранко Фон Карајан (алиас Минхаузен).
Од: До: Ристо Вивалди
Датум: 14.09.2010 14:02:22
Има еден уште поголем маестро: Ни Кола Патриотис Четиристанковски (алиас Пинокио)! Убавец на Мама!
Од: valerija
Датум: 14.09.2010 17:37:18
Istokot donekade prezivuva od parite sto gi prakaat pecalbarite i od nivickite za brasno i zimnica ke se istera zimata, samo neznam sto ke bide otkoga ke presusat tie pari zatoa sto veke ne odat po eden od familija tuku pocnaa celi familii da si ja baraat srekata na drugo mesto
Од: ФЕЛИКС
Датум: 14.09.2010 17:44:46
Пинокио или убавецот на мама четири пати го урниса големиот маестро.Како во вестерните,го урниса злочестиот и одјава во сраните утрински часови.Дури и ги натераа оние од Бихаќка да одговорат на прашањето,,дали ќе оди лидерот во заборав аако по петти пат изгуби,, одговорија со ДА. Ама знаат за за ,,јадец,, не излегуваат на избори сем ако мораат во редовен термин.
Од: karokan "gambit"
Датум: 14.09.2010 18:58:10
Vo eden fudbalski kvalifikaciski ciklus za svetsko prvenstvo,vo edno podamnesno vreme,revans natpreevarot so selekcijata na Belgija Jugoslavija go odigra vo Skopje. Belgiskata fudbalska reprezentacija,koja patem uste pred natprevarot (posleden vo ciklusot) se kvalifikuva za svetskoto prvenstvo, na gradskiot stadion vo Skopje bese visoko porazena so 4:0 (nasiot Metodija Spasovski bese strelec na dva gola). Po natprevarot na site novinarski prasanja za ocenka na natprevarot,belgiskiot selektor postojano odgovarase so "bitno e koj odi na svetskoto prvenstvo" ne osvrnuvajki se voopsto na samiot natprevar. Belgiskite novinari.sto go sledea natprevarot, bukvalno bea sokirani od takvite odgovori na selektorot i zasrameni.(Toj vsusnost davase odgovor na nepostaveno prasanje,a samiot odgoor bese poznat uste pred natprevarot) Sto mislis Felix,nekoj od nas ne go znae konstatiranoto od tebe????? Za tvoe potsetuvanje istiot ne ostana dolgo selektor na Belgija.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Јавашлакот убива
Фондовските лекови ќе се кријат под тезга?!
Уште непочнат, пописот под сомнеж
Триумф на „месестата“ Лејди Гага
Струга плете приказни за трагедијата во „Пливалиште“
До каде ќе се шири мрежата со малолетничка проституција
Метлата на Груевски не ги допира министрите
Промовирана книгата на Срѓан Керим за претседавањето со ОН
Црковен секс-скандал ја тресе Белгија
Упатство за протерување на Ромите од Франција
Награда за пораз
Комунизмот живее во македонските партии
Стил