Број 3651  вторник, 09 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Писма
Обид за тивок пуч во МРТ

Ацо Дуковски, член на Управниот одбор на МРТ

Во Јавното претпријатие Македонска радиотелевизија (ЈП МРТ), јас, член на Управниот одбор, легално избран по пат на јавно објавен конкурс, во согласност со Законот за радиодифузна дејност (ЗРД).

Во ЈП МРТ од неодамна се случуваат, најблаго речено, чудни работи, кои можат да остават посериозен белег врз медиумската и радиодифузната сфера, токму поради фактот што станува збор за јавниот сервис на државата.

Како УО на ЈП МРТ веќе подолг период инициравме и баравме одредени измени во ЗРД (посебно во делот на финансирањето на јавниот сервис) и откако Законодавниот дом ги направи тие измени и стапија во сила, ЈП МРТ започна постепено да закрепнува од товарот на многубројните проблеми што се провлекуваа со де��ении.

Но, на една од своите претходни седници, највисокиот орган на ЈП МРТ – Советот на МРТ, направи еден, за мене како член на УО, нелогичен чекор. Откако се случи контроверзниот избор на г. Слободан Чашуле за претседател на Советот на МРТ на конститутивната седница на новиот состав, некои работи се придвижија во несфатлива насока.

Имено, веднаш по неговиот избор, г. Чашуле свика седница на Советот, на која бараше да се разрешат сите членови на УО, поточно, побара да се разгледа можноста да им престане мандатот на сите членови на УО (иако, според времетраењето кога се избрани, од вкупно седуммина, само на двајца членови им истекува мандатот, а останатите пет се на таа позиција различен временски период – некој шест-седум месеци, некој една и пол, некој две...).

Повеќето членови на Советот, сепак, не сакаа да избрзаат и побараа да се направи официјално обраќање до Законодавно-правната комисија при Собранието на РМ за да се побара автентично толкување на ЗРД. Иако во Законот за радиодифузна дејност сосема разбирливо е дефинирано дека мандатот трае пет години.

Имено, во член 134 од ЗРД се вели: „Членовите на Управниот одбор ги избира Советот на МРТ врз основа на претходно спроведена постапка на јавен конкурс“ и „Мандатот на членовите на Управниот Одбор трае пет години, со право на уште еден избор.“

Од овде без друго е јасно како се конституира УО на ЈП МРТ. Членовите на УО не конкурирале на јавен оглас како тим/група и не биле избрани како група. Напротив, на конкурсот се бараат искусни и професионални индивидуи.

Мислам дека не сме слушнале во јавноста никаде досега, дека во некое претпријатие, биле сменети сите членови на УО, кога им истекол регуларниот мандат на еден или двајца членови.

За да биде контроверзата уште поголема, г. Чашуле свика уште една седница на Советот на МРТ, на која, и покрај претходниот заклучок на Советот, да се побара мислење од собраниската Комисија, тој предложи Советот на МРТ веднаш да донесе одлука за распишување оглас за сите членови на УО. Откако некои членови на Советот реагирале дека има законски пречки (во тој период се' уште не беше формирана Владата на РМ), г. Чашуле рекол дека треба да се донесе одлука, а самиот оглас ќе се активирал во некој период подоцна. Воедно, побарал на таа седница на Советот на МРТ воопшто да не се покануваат членовите на УО, што претставува единствен преседан досега.

И како врв на се', од стручните служби на МРТ, на членовите на УО ни беше доставено известување од претседателот на Советот г. Чашуле, дека мандатот ќе ни престане на 31 јули. Известувањето ни беше доставено на 3 август.

Сите овие, за мене контроверзни настани, ме тераат да се запрашам, дали можеби овде станува збор за нечиј обид, со помош на интриги и незаконси постапки, да се предизвикаат одредени состоби во ЈП МРТ?

Од друга страна, прашувам дали е точно: дека претседателот на Советот г. Чашуле, јавно кажува дека ваквата постапка за групна смена на УО му била сугерирана од страна на г. Илија Димовски, пратеник во Собранието и претседател на обраниска Комисија за избори и именувања, а во исто време, наведувајќи и дека вакво нешто му било сугерирано и од претседателот на Владата, г. Груевски?

Лично сметам дека неправедно се споменуваат и се валкаат имињата на овие луѓе и ценам дека ваквата постапка на г. Чашуле е многу непрофесионална.

Исто така, дали е точно дека г. Чашуле јасно кажува дека тој сака да стане член, а потоа и претседател на УО? Доколку во некој иден конкурс за членови на УО навистина се појави и г. Слободан Чашуле како кандидат, дали тоа значи дека навистина се точни претходните инсинуации, или сето ова претставува само негова лична игра?

Сметам дека новонастанатата ситуација во МРТ, најверојатно, е плод на интриги, со што дека се прави обид за пуч врз јавниот сервис, а што на крај може да предизвика како краен резултат, да се валка името на јавниот сервис на РМ, да се валкаат имињата на високи официални лица и уште повеќе – да се валка името на самата Република Македонија!

За оваа ситуација треба да се известат државните институции, ОБСЕ, претставниците на ЕУ во РМ и преку медиумите – целата јавност.

Исто така, треба да се известат и споменатите високи официјални лица на РМ: г. Груевски и г. Димовски, дека нивните имиња се споменуваат како инволвирани, а убеден сум дека тие немаат ништо со тоа, туку, најверојатно, за некои свои лични цели некој се обидува да се затскрие зад нив.

#
Статијата е прочитана 842 пати.

Испрати коментар

Од: Doktrini na gebels i Zdanov
Датум: 09.08.2011 07:32:01
Seto toa e maslo na onaj t.n. intelektualec casule, vo sprega so Dimovski i se razbira po instrukcii na GrujoToa na site im e jasno kako den.Site mediumi mora da bidat pod nivna kapa. Toa se razraboteni doktrinite na Gebels i Zdanov
Од: Alex
Датум: 09.08.2011 07:36:14
Sramno e sto se bara od siromastijata da plakja za NIKAKVIOT servis i programa na MRT!!!
Од: Коста Стоименовски
Датум: 09.08.2011 08:44:30
Во ерата на парламентарна демократија голем срам за Македонија е да има таква режимска ТВ каква што е МТВ! Во времето на Николае Чаушеску (1972-1976 год.) ја следев Романската ТВ и слободно тврдам дека беше далеку посодржајна од денешната МТВ! Имајќи предвид дека сите македонски граѓани плаќаат РДТ апелирам до опозициските партии да ги повикаат граѓаните да ја ослободат МТВ од стегите на режимот, со цел дефинитивно да почне да работи како Јавен сервис на граѓаните, а не како пропагандно катче на режимот!
Од: Drugar na bratot
Датум: 09.08.2011 10:33:16
Bravo be Dukac, si imal jaki m_ _a!
Од: Alek®
Датум: 09.08.2011 10:39:54
Уплашен си за својата кутра егзистенција, пријателе. Цел народ го држат во шака со закани за отказ од работа. Меѓутоа апсолутно го поздравувам тоа што си се одважил да проговориш за состојбите. Ако Слободан Чашуле нема поддршка токму од тие двајца, Димовски и Груевски, нема да прави башибозук од телевизијата. Па дури не се срами и да ги спомне, кој што му може. После ќе речат „не е така, нема докази“. Гледајте да се солидаризирате и да одолеете на притисоците на оној Слободан Чашуле кој во своето полтронсво кон власта стана дно на дното.
Од: ova li e bitno
Датум: 09.08.2011 12:18:49
ne razbiram za kakva promena voopsto stanuva zbor vo MRTV, osven za zelba na pisuvacot na ova pismo da ostane na funkcija.
Од: реален
Датум: 09.08.2011 12:22:27
Ако сте искусни и професионални индивидуи како што тврдите, нема од што да се плашите. Па нели владее демократија во Македонија. Или цело време не лажете и ни продавате магла од екраните на МТВ?
Од: Аџиев+Чашуле=Михајлов
Датум: 09.08.2011 14:08:51
„...ваквата постапка на Чашуле е непрофесионална“ да, ама барем е ЕКСПЕРТСКА, именуваниот Ч. секаде со големи букви кажува дека е ЕКСПЕРТ, погледајте кога нешто коментира, дискутира, полемизира - да ти е страв да си во негова близина како „објаснува“ со раце (а можеби и со нозе). Што се „тиче“ до тој Димовски и Грујо, „верувајте абер немаат и не се мешаат во тие работи“ само даваат сигнали.

Најди! во Утрински
Писма

"""