Писма со вакви загрижувачки пораки ни пишуваа дипломатите пред десет години, во периодот пред и за време на конфликтот во 2001 година
Оливера Војновска
Македонија одамна нема добиено вакво вознемирувачко писмо од клучните меѓународни фактори, каков што е тонот на заедничката изјава на ЕУ, НАТО, ОБСЕ и на САД. Писма со загрижувачки пораки ни пишуваа дипломатите пред десет години, во периодот пред и за време на конфликтот во 2001 година.
Што ја натера меѓународната четворка токму сега многу експлицитно да ни каже дека се загрижени поради „неодамнешните изјави на политички лидери и на други поединци, кои зборуваат за поделба, конфликт, напуштање на Рамковниот договор, како и опаѓањето на политичкиот дијалог“. Која е, всушност, суштинската порака на писмото и кому му е упатена?
Во владејачката ВМРО-ДПМНЕ вчера немаше официјални изјави за писмото на дипломатите, туку се огласија со соопштение од партиската централа.
Долгогодишниот претседател на Собранието, Стојан Андов, заедничката изјава на дипломатите го потсетува на пораките што ги добивавме од меѓународната заедница пред десет години. „Вакви укажувања имаше во втората половина на 2000 година и за време на конфликтот во 2001 година. Сега ситуацијата не е толку драматична, но предупредувањата на дипломатите се сериозни и треба да се разберат правилно. Во изјавата има едно добронамерно укажување на домашните политичари да не водат сметка само за сопствениот рејтинг и за позициите. Упатена е до премиерот, но и до многу други политичари со изразито популистички приод“, вели Андов.
Поранешниот премиер, пратеникот од СДСМ, Владо Бучковски, вели дека вакви писма се пишуваат кога има сериозни индиции за политичка и безбедносна криза. „Како да сме незрела демократија, а не држава што чека датум за преговори со ЕУ. Доколку предупредувањето не се сфати сериозно, се плашам дека државата може да се доведе во многу тешка позиција. Очигледно дека состојбите се радикализираат поради неодговорното владеење. И спомнувањето на ДПА е порака упатена до Груевски, која тој треба да знае да ја прочита, бидејќи одговорноста за политичките состојби во државата е секогаш кај власта“, вели експремиерот.
Политичкиот аналитичар, Имер Исмаили, вели дека станува збор за многу отворена порака до сите радикални политички елементи, а, пред се', до премиерот Никола Груевски и до неговата ВМРО-ДПМНЕ. „Мислам дека ова е голема порака до премиерот, тој со последните ставови дејствува многу радикално. Индикативно е што писмото од најбитните меѓународни инстанц�� доаѓа само неколку дена по неговата изјава за името и тој треба крајно сериозно да го прочита и да го анализира“, вели Исмаили. Според него, пораката на меѓународната заедница е да не излегуваме со радикални проекти. „Премиерот е практично егзекутор на одредени радикални идеи што произлегуваат од ВМРО-ДПМНЕ и се инсталирани во политика на дејствување во Владата. Меѓународната заедница е загрижена поради тоа и се плаши од дополнително влошување на состојбите на внатрешно-политички план“, смета тој.
Професорот Љубомир Фрчкоски, исто така, е убеден дека дипломатите му се обраќаат на Груевски. „Писмото, очигледно, е иницирано од неодговорните изјави на премиерот што зборуваат дека е сериозно загрозена перспективата на Македонија во ЕУ и во НАТО. Дипломатите предупредуваат дека доколку не го направиме пробивот во ероинтеграциите во јуни, се префрлуваме на друга шина. А другата регија се Србија, Босна, Косово и Црна Гора. Тоа неминовно ќе реперкуира со политичка криза и со меѓуетнички тензии. Во писмото дополнително се додадени изјавите на Џефери, тие се од полесен калибар, помалку потресителни“, вели професорот.
За разлика од ваквите гледишта, професорката Билјана Ванковска има сосема поинаква перцепција на настапот на меѓународниот фактор. Таа смета дека „фамозното писмо е несуптилен и директен облик на притисок врз Владата, или, поточно, врз Македонија“. „Зад наводите и критиките се крие она што не се осмелуваат да ни го кажат, а тоа се однесува на ’проблемот со името’. Дрскоста, зачестеноста и директноста со која ни се упатуваат вакви пораки зборува за еден вид закана. Прво беше заканата дека ќе ни го врателе визниот режим, сега дека ќе размислеле дали ќе ни дадат датум за преговори. Се поставува логично прашање: дали во Брисел не' оценуваат според ад-хок или дефинирани критериуми? Ваквиот однос покажува дека во игра е тактиката на стап и морков, дека не' третираат како инфантилна државна творба и дека им е поважно набрзина да ’решат’ проблем за кој нема решение (името и идентитетот). Сметам дека притисоците ќе бидат контрапродуктивни, зашто од нас или ќе направат протекторат (ако капитулираме) или националните страсти ќе ги зајакнат и ќе ги направат експлозивни“, смета Ванковска.
Ниту премиерот ниту кој било во владејачката партија вчера не го коментираше писмото. Наместо тоа, испратија соопштение дека ги разбираат укажувањата на меѓународната заедница и ги ценат за добронамерни, но сметаат дека забелешките, главно, се однесувале на опозицијата. „ВМРО-ДПМНЕ ги прифаќа сите сугестии и забелешки. Упатуваме апел и до опозицијата, за која, впрочем, се однесуваат најголем дел од забелешките на меѓународната заедница, да ги прифати и со должна сериозност да постапи согласно со нивните препораки“, се вели во партиското соопштение.
Коалицискиот партнер во Владата, ДУИ, ја поздрави пораката од четирите највлијателни меѓународни институции и смета дека таа доаѓа во вистински момент. „Содржината на пораката, особено моментот во кој доаѓа би требало да послужат како укажување за сите политички актери во земјата за тоа кои се клучните приоритети на нашата држава и како треба да се пристапи кон нив“, вели во писмената изјава портпаролката на ДУИ, Ермира Мехмети. ДУИ се надева дека пораката ќе биде сфатена како добронамерна и ќе послужи како патоказ за тоа во кој правец треба да се движи нашата внатрешна и надворешна политика во периодот што следува.
СДСМ смета дека заедничката изјава на ЕУ, НАТО, ОБСЕ и САД претставува исклучително сериозна дипломатска порака упатена на адреса на Груевски. „Очигледно е дека Македонија скршнува од курсот на целосно интегрирање во ЕУ и во НАТО, почитувањето на Охридскиот договор и постојано унапредување на политичкиот дијалог. Се надеваме дека ова ќе влијае отрезнувачки врз премиерот Груевски и врз ВМРО-ДПМНЕ, кои наместо да организираат без причина маратонски партиски прослави од 50 дена, типични за тоталитарните режими, конечно, вистински ќе се посветат на решавањето на отворените прашања и проблеми“, изјави портпаролот на СДСМ, Емилијан Станковиќ.
problemot e vmro so svojata desna radikalna glupava politika,no sekoja akcija ima i reakcija,ili celta na vmro e podelba na mk i ....
Од: Трпе
Датум: 29.04.2010 00:35:47
Село гори,Баба се чешла.Што им е гајле на надворешните политичари ,ние како сакаме така ке си живееме.Зарем не гледат тие ,дека сме презафатини со организирање на пеесетдневното славење на позициската патриотска партија.
Од: Regaconi
Датум: 29.04.2010 00:46:53
Otkako ke ni go smenat imeto Grcite, Bugarite ke ni stavat veto za jazikot i narodot, Albanija ke ne vetira za nekoj si nov ramkoven, pa Kipar za vlez vo EU za nesto cetvrto i taka sobleceni dibidus ke ostaneme so prstot vo usta samo zatoa sto Nekoj smeta deka EU go ceka so kofa polna so Evra nameneti za nego, za preku nok da zivee pobogato a bez trud i rabota i EU
Од: SMK
Датум: 29.04.2010 01:38:07
Kako zaklucuvame, treba ocigledno da primenime veke videno srpskoto scenario (vo slucaj so Kosovo): 1. akcija vo Generalnoto sobranie na OON za dobivanje Sovetodavnoto mislenje od Megunarodniot sud za pravda za legalitet na dopolnnitelnite uslovi nadvor od Povelbata na OON; 2. pravno deluvanje vo Megunarodniot sud za pravda za dobivanje Sovetodavnoto mislenje za zakonitosta na ovie uslovi (1.referencata i 2. pregovorite). Preispituvanje, pravno, treba da sodrzi prashanje za procenka na legalitet na specificni dopolnitelni uslovi za RM pri priemot vo OON i clenstvoto: 1. Referncata (BJRM); 2. pregovorite za sopstvenoto ustavno ime (praven identitet). Po dobivanje mislenje od sudot, Generalnoto sobranie na OON ke vospostavi RM vo svojata rabota i vo rabotata na drugite tela i organi vo OON. So ovaa postapka proces se zavrsuva
Од: diplomat
Датум: 29.04.2010 03:13:48
Se smeam so naivnite izjavi na daskalovski,vankovska,vasko popetreski..Abe lugje opametete se veke ednas!Vo zapad nema mitovi,iluzi,sonista,tuku realnost,racionalnost,pragmaticnost!Vie ste eden kvart na golemite amerikanski,evropski gradovi,a ja imate taa moznost da bidete drzava!Nemojte da ja prokockate bas na krajot sudbinata!SAD ima i plan B za vas ako ne se opametite!Se bese super,dojde gruevski i unisti se!Na nadvoresen i vnatresen plan!Pocnuvajki namerno da ja provocira grcija,znaejki deka taa mora da glasa za NATO i EU,i toa otkako dobivme kandidatski status 05!!!Kade grcija ne se protivese!Rezultat: vo 08 dovede do blokada vo bukurest,a 09 vo brisel+zaostruvanje na baranjata za imeto.Siguren sum deka nemase da ima blokada so politikata na buckovski+dvojnata formula ke pominese!Buckovski vodese i proaktivna diplomatija vo nadvoresen plan+krajno sproveduvanje na ohridskiot dogovor!Pragmaticen politicar,koj im treba na makedonija!Covek bez predrasudi!
Од: novoselec
Датум: 29.04.2010 04:22:04
Regaconi, imas moja 100%na pdoodrska.
Od Evropa imame vekje videno. Promenete go imeto ili kje gi aktivirame albancite? A vo istata matrica e i prof.Lj.D. J..... Frckovski. Pustaat zaedno veter vo ista tikva.
Од: Kimov
Датум: 29.04.2010 05:56:45
Porakite od diplomatite ne se nitu prvi nitu ke bidat posledni. Taa e stara pesna ? Mara za raka para na raka. Makedonija e mara vo nepovrad i parata ke si dojdi.
Од: sebastian
Датум: 29.04.2010 06:51:52
„... не третирале како инфантилна држава“ - па ние и сме таква, штом сме дозволиле да дојдеме на ова дереџе... погледнете само како се води државата во последните неколку децении ... а ова што ни се случува сега е само резултат од погрешните решенија кои се донесувале во тој период....
Од: Време е и ние да напишеме писмо до другите клучни меѓународни фактори - Кина, Русија
Датум: 29.04.2010 08:09:06
Андов, Бучковски, Фрчковски... Предавник до предавник. Кого го застапуваат тие? Доста ги форсирате! Со тоа и правите штета на Македонија. Професорката Ванковска е потполно во право. Толку закани за да добиеме еден обичен датум. Датум за да почнеме преговори за станеме како нив - непринципиелни до крај! Благодарам - НЕ.
Од: Ангел
Датум: 29.04.2010 08:11:05
Не ви веруваме евробирократи. Неправедни сте. Да си ја скротите Грција во фашистичкото барање. Да ја натерате Блгарија да го признае ОМО Пирин.
Од: Јован АН
Датум: 29.04.2010 08:43:07
Срамно е од дипломатите на ЕУ,ОБСЕ,НАТО и САД да притискаат на Македонија неможејќи да и наметнат став на Грција.Народната поговорка вели:-Немојш на магарето,удри по самарето!Уште посрамно е што ни збор не рекоја на нацифашистичките скандирања во Атина и пред тоа во Солун,на изјавите на Папулјас,Друцас и др.
Од: Od Prijatel
Датум: 29.04.2010 08:45:47
Samo vo ON na resavanje za sporot so imeto nikakvi korumpirani ambasadori da diktira fasizam vo Makedonija dosta so apartpolitika od EU IUSA...
Од: petre
Датум: 29.04.2010 09:07:37
Mnogu dobra analiza na prof.Vankovska.Nejzinoto mislewe treba da se pocituva,sosema e vo pravo,ni vrsat pritisok za promena na imeto i identitetot,ne treba da se pousta bidejki posle promena na imeto ke sledat drugi pritisoci,neka vidat tie od zapad deka sme silni i imame svoe dostoinstvo,ne ni treba Evropa pod drugo ime
Од: tomo
Датум: 29.04.2010 09:19:26
Porakata e do Tachi da se smiri ne e do Gruevski. No, vakva poraka e direktna zakana za drzavata sto e vo najmala raka nekulturno i mesanje vo vnatresnite raboti i imanje zastitnicki odnos samo kon Albancite. Poznato e deka ovie organizacii se javuvaat samo pod pritisok na albanskoto lobi.
Од: nekoj
Датум: 29.04.2010 09:35:38
Sosesma se soglasuvam so "diplomat". No mislam deka narodot vo Mk e dosta neinformiran, neuk, zatoa i lesno se manipulira. Za zal ne saka ni da slusa soveti-razmisluva kako cel svet da funckionira spored balkanski pravila: mrazenje, inaetenje.. Za zal sogragani, toa postoi na balkanot i nikade drugde. Evropa DAVA moznost da stanete DRZAVA, zasto vo momentov NE STE. Celo vreme vi ukazuvame sto znaci Evropa vie uporno toa go ignorirate, a mesto fakti-navreduvate so sto ja pokazuvate licnata nekultura. Evropa DAVA pari, Evropa DAVA moznosti, na vas e kako ke gi iskoristite. Ajde dadete go imeto na referndum-da ne bidete iznenadeni..Jas licno ke pominam 2000 km pat za da glasam ZA.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 29.04.2010 11:18:51
Види просветлена перцепција како своевремено образовната роденденска забава.Наговестување на повлекување потпис од Охридскиот договор било помал калибар од спротиставувањето на наметнувањето на синдромот,,чергиче за бришење нозе,,.Инаку прифатено без задршка од безидејниот виножитен кампус топтан со безрбетните коментатори.Тоа што две третини од народот се против интеграциите со променето име не ги засега послушниците,важно е да не внесат обезличени.
Од: mene
Датум: 29.04.2010 11:22:51
Za mene analizata na Vankovska e merodavna.Nikako Severna Makedonija
Од: UMD
Датум: 29.04.2010 13:01:29
Dokolu se donese rezolucijata na ON za menuvanjeto identitet na RM, takvata rezolucija mozhe da se obesnazhi preku Sovetodavnoto mislenje dadeno od Megunarodniot sud za pravada vo Hag. Prashanje za Sovetodavnoto mislenje treba da postavi/pobara Generalnoto sobranie na OON! Toa se pravi na makedonskata inicijativa!!
Од: Македонец од Кичево
Датум: 29.04.2010 13:23:31
Регацони оди слави педесет дена роденден со твоите а нас гладните остави не на мир од твоите „ПАТРИОТСКИ“ написи
Од: Адам од Говрлево
Датум: 29.04.2010 14:04:41
Власта не молчи, туку има свој став за националните интереси. Дипломатите треба да ги следат состојбите, а не да ги ПРЕДВИДУВААТ, ДА ГИ КРЕИРААТ.Ако треба да ја играме играта на самопредавство, нека ни менуваат име, нека ни фингираат конфликти, НИЕ НЕ МОЖЕМЕ ДА СЕ ОДРЕЧЕМЕ ОД СЕБЕ САМИТЕ! Нашата меморија, наследството од нашите претци, нашиот изграден а непризнат идентитет, - сето тоа сме ние. Ни ја расподелија нацијата, земјата, душата, и сега сакаат да ја зацврстат нивната политика која ја ја расподели Македонија во и по балканските војни и по охридскиот договор... Што е многу, многу се. Оти со Рамковниот немаме проблем не за друго, туку дека со албанското малцинство живеевме добро и сложно додека не почнаа да го политизираат и употребуваат токму некои дипломати.Греманија ја знае најдобро злоупотребеноста на Македонија и Македонците од оние што сакаа да не’ избришат од историјата. Тоа е нивна работа, а за нас е де жави...
Од: Gogo
Датум: 29.04.2010 14:15:19
Diplomatite uspesno si ja igraat ulogata vo raznebituvanjeto na makedonskiot narod. Se razbira so ogromna pomos na tipovite sto bea na simulacijata vo Ohrid, kako i na tie sto ne bea na simulacijata plus bozemnite nezavisni mediumi, ili pogolem del od niv. Ako razumniot del od odgovornite politicari go odbie ovoj napad, ke sledi drug vo forma na etnicki nemiri i drugi sredstva od poznatiot arsenal za doteruvanje pamet u glava. Tesko mu se pisuva na Makedonecot!!!
Од: Тосе
Датум: 29.04.2010 15:20:30
Власта е СОГОЛЕНА во своите лаги за божемни преговори, до гола кожа!