Што прават денеска
Лабина Митевска
дир. на ФФ „Браќа Манаки“
Акцентот на денешниот ден, секако, ми го одредува конференцијата за медиумите, каде што ќе го промовираме новиот официјален партнер, како и креативниот план на филмскиот фестивал „Браќа Манаки“. Прес- конференцијата започнува во 11 часот, во ТЦ „Соравија“, во Скопје.
Пламенка Трајковска
виолинистка
Претпладнево ми е зафатено со пробата во Филхармонија, каде што го подготвуваме утрешниот концерт со филмска музика. Попладне, пак, со колешката - пијанистка Билјана Петровска, го подготвуваме нашиот концертен настап, на 25 мај во Куманово, по повод 200 години од раѓањето на Шопен.
Билјана Дебарлиева
презентерка во ТВ А1
Денеска, според распоредот, имам слободен ден од обврските во ТВ А1. Бидејќи викендите најчесто ми се работни, слободен ден во сред недела доаѓа практично да се завршат некои приватни обврски и домашни работи. Сепак, денот, главно, е посветен на семејството. |