Хороскоп
ОВЕН
Колегите тенденциозно ви укажуваат на фактот дека вашата помош секогаш е добредојдена. Здравјето е одлично, но потребни се почести прошетки во природа. Искористете го денот и заедно со партнерот уживајте во прегратките.
БИК
Најдобро за вас ќе биде да се олабавите во домашна атмосфера, можеби со книга. Што се однесува до партнерот, поштедете го од своите коментари. Фрустрациите што ги чувате во вас се ваш најголем непријател, а утре ќе жалите за кажаното.
БЛИЗНАЦИ
Сфаќате дека кон партнер бевте неправедни, па ќе се обидете да ги поправите грешките. Брзоплетоста и непромислените изјави многу често и скапо ве чинат. Понекогаш е тешко да се биде во ваша кожа. Со здравјето е добро, па затоа внимавајте.
РАК
Интересен распоред на ѕвездите. Како ќе го искористите тоа, зависи од вас. Но, се' што е добро, има и лоши страни. Можна е конфузија. Понекогаш покажете му на партнерот дека се' уште ви значи нешто. Изненадете го за да ја освежите вашата врска.
ЛАВ
Ѕвездите ви го покажуваат патот до успехот, очекувајте добра заработувачка. Ја имате нивната поддршка, искористете ја. Добрата организација носи резултати. Фокусот кон работата ќе ви помогне да се чувствувате подобро, но ќе донесе и видливи резултати.
ДЕВИЦА
Бидејќи сте одговорно и несебично лице, ќе се трудите да ги задоволите потребите на луѓето околу вас. Но, треба да мислите и на себе. Не ги запоставувајте своите потреби. Треба да се прашате дали и околината ви возвраќа кога и ви е потребно внимание?
ТЕРЕЗИЈА
Не треба да бидете нервозни, смирете се и прифатете ја вистинската смисла на животот. Потрудете се да правите разлика меѓу потребното и непотребното. Ќе бидете во расчекор меѓу овен и рак. Одлучете се, без многу мислење и психоанализа.
СКОРПИЈА
Добро размислете пред да го кажете своето мислење, што може скапо да ве чини. Соработниците се загрижени. Посветете им внимание на обврските и на здравата исхрана. Променливото расположение е минливо, обидете се да најдете душевен мир.
СТРЕЛЕЦ
Ќе размислувате емоциите да ги запишете и да му ги доставите на партнерот. Смирете се малку, изгледате нападно. Ќе ви биде пријатно дружењето со лица од областа на уметноста. Уметничката страна ви е изразена. Искористете ја можноста.
ЈАРЕЦ
Грешките треба да ги барате во себе, а не во другите. Имунитетот ви е опаднат, внимавајте на вирусите што се јавуваат во пролет. Би ви препорачале пасивен ден со малку прошетки низ имагинацијата . Спуштете се на земја и одморете ги сетилата.
ВОДОЛИЈА
Богат социјално-семеен живот. На водолиите не им е здодевно. Што повеќе врева околу нив – толку поголемо задоволство. Сега сте во свој елемент, правите планови и договори со блиските пријатели или со домашните. Хармонија искористете ја и за себе.
РИБИ
Денот е како создаден за метафизички теми и пасивно уживање во уметноста, а лош за грубата реалност. Излезете и посетете некоја изложба, слушајте релаксирачка музика или прочитајте некоја книга. Следете ги интуицијата и спонтаноста.
|