Број 3097  вторник, 29 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
На прво место
Стамен Филипов ќе го урива и Законот за Собрание

Не може Законот да се стави над Уставот, тврди рекордерот во поднесени иницијативи до Уставниот суд

Гордана Дувњак


Законот за Собрание, еден од четирите закони од европската агенда што ги донесоа парламентарците по барање на Брисел, е целосно противуставен и треба да се стави надвор од сила, тврди рекордерот во уривање закони пред Уставниот суд, пензионираниот правник Стамен Филипов. Toj на 1 септември поднесе иницијатива за оцена на уставноста и законитоста на овој акт.

„Овој Закон е неуставен, бидејќи во највисокиот државно-правен акт е јасно пропишано дека организацијата и функционирањето на Собранието се уредуваат со Уставот и со Деловникот“, смета тој. Според Филипов, со донесувањето посебен Закон за Собранието, се девалвира и се деградира уставната определба, која се однесува на работата на највисокиот законодавен дом и законот се става во улога на „уставотворно собрание“.

Како посебно апсурдна ја нагласува одредбата, во која се вели дека „се' што не е уредено со овој Закон, се регулира со Уставот и со Деловникот“.

„Тоа е смешно и ваквата нелогичност лесно може да ја забележи и лаик во правото. Зарем Законот може да се стави над Уставот“, прашува Филипов. Тој има впечаток дека парламентарците со донесувањето на еден ваков акт сакаат да се „извадат“ за тоа што минатогодишната операција за донесување на Деловникот е изведена набрзина, без соодветна процедура и без согласност од опозицијата.

За него не држат ниту аргументите дека Законот е услов поставен од Европската унија и поради тоа нема место за дискусија. За време на прошталната посета на Македонија на еврокомесарот Оли Рен, покрај Законот за собрание, како услов за добивање позитивен извештај за напредокот на земјава беа посочени и законите за полиција, за финансирање на политичките кампањи, како и за државни службеници.

„Не може кршењето на Уставот да се оправдува со политички препораки од Брисел“, категоричен е Филипов. Тој очекува Уставниот суд да нема никакви дилеми да го стави надвор од правниот систем Законот, доколку нема политички притисоци.

Министерот за правда, Михајло Маневски, не сакаше да ја коментира иницијативата за оцена на уставноста и законитоста на Законот за Собрание.

„Законот го донесоа пратениците и тие се одговорни за неговата содржина, но ние, како Министерство, ќе постапиме по барањето на Уставниот суд и ќе доставиме мислење околу наводите изнесени во иницијативата“, изјави Маневски.

Во богатото „уставно“ досие на Филипов педантно е пресметано дека последниве години има поднесено вкупно 850 иницијативи до Уставниот суд, од кои 222 се уважени. Само од Нова година наваму му се прифатени 19 иницијативи, а исто толку се отфрлени.


#
Статијата е прочитана 771 пати.

Испрати коментар

Од: Kolevski Aleksandar
Датум: 29.09.2009 03:47:01
Го подржувам г-дин Филипов во целост во врска со овој закон.Овој закон е уште еден од многуте закони кои ке паднат на уставен суд,поради неспосопноста на актуелната влада да предлага закони во согласност со уставот.Напред Стамен

Најди! во Утрински
На прво место
Жените со месеци чекаат за редовен преглед на дојката
Лавот, сепак, ќе трча во Собранието