Број 3097  вторник, 29 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
На прво место
Жените со месеци чекаат за редовен преглед на дојката

Листите во рендген кабинетите се исполнети со бесплатни мамографски прегледи

Јасмина Јовановска

Превентивните ехо-прегледи на дојката што се спроведуваат во Здравствениот дом „Скопје“ ги проголтаа редовните мамографски прегледи. Листите за закажување во трите скопски пункта се целосно исполнети до крајот на годинава со бесплатните мамографски прегледи како дел од скрининг-програмата на државата. За сметка на тоа трпат пациентките кои сакаат да се прегледаат во редовна постапка со партиципација, но тоа не можат да го сторат.

Од трите рендген-кабинети кои функционираат во поликлиниките „Јане Сандански“, „Букурешт“ и „Чаир“ пациентките се враќаат со објаснување дека нема место да бидат прегледани до крајот на годинава, а за по Нова година не закажуваат. Шалтерските работници се правдаат дека така им било наредено од нивните раководители, да не закажуваат ниту редовни ниту превентивни мамографски прегледи. Пациентките реагираат дека губат и време и пари и пак не можат да закажат мамографски преглед, а објаснувањето од рендген-кабинетите за нив е апсурдно.

„Од август се обидувам да закажам преглед на дојката во поликлиниката ’Јане Сандански‘, но ме враќаат со исто објаснување - дека листите до крајот на годинава се исполнети. Никој не објаснува ништо, зошто да не можам да се прегледам во редовна постапка со упат и партиципација, туку само велат дека им е наредено да не закажуваат нови пациенти. Ме испраќаат на клиника, а тоа ми е уште покомплицирано“, се жали К. Ч., која додава дека живее во населба Аеродром и затоа најблиско и' било да се обрати во поликлиниката „Јане Сандански“. Таа дури три пати се обратила во рендген-кабинетот во оваа поликлиника и реагира како може државата да не обезбеди за редовни прегледи, а да има место само за бесплатните.

Од поликлиниката „Јане Сандански“ велат дека не закажуваат ниту редовни, ниту бесплатни мамографски прегледи по Нова година, зошто така им било укажано од одговорните на рендген-кабинетите при Здравствениот дом „Скопје“. „Постапуваме така како што ќе ни кажат“, велат од рендген-кабинетот.

Началникот на скопските рендген-кабинетите д-р Панда Павловиќ потврди дека по први јануари 2009 година не закажуваат бесплатни мамографски прегледи со образложение дека од Министерството за здравство немаат најава дали скрининг-програмата ќе продолжи и догодина. „Не закажуваме зошто не знаеме дали ќе продолжи акцијата, па не знаеме што да им кажеме на пациентките - дали за прегледот ќе платат партиципација или ќе биде бесплатен“, објаснува д-р Павловиќ.

На прашањето зошто на сметка на превентивните трпат редовните прегледи, д-р Павловиќ иако првично ја потврди реалната состојба на теренот, потоа се оправда дека тоа најверојатно се должи на пропуст во информациите. Односно, ако нема место за превентивните, не може да има ниту за редовните, бидејќи се снимаат на истиот апарат“, вели д-р Павловиќ. Поради недостиг на апарати за мамографски преглед се чека и по четири месеци.

„Дневно се снимаат и по 15 пациентки. Толку е капацитетот на апаратот. Во просек излегува дека во кабинетите во ’Букурешт‘ и во ’Чаир‘ се прегледуваат по 1.300 пациенти, а во оној во ’Јане Сандански‘, каде што има и други видови снимања, на мамографија се прегледуваат и по 700 пациенти“, вели д-р Павловиќ и додава дека се прават напори да се отвори уште еден мамографски кабинет во поликлиниката „Ѓорче Петров“ за да се намалат турканиците.

По реакциите на пациентките, д-р Павловиќ вети дека и без да се чека одговор од Министерството за здравство, ќе продолжат со закажување на мамографските прегледи и по Нова година, со тоа што пациентките ќе мора во декември да проверат дали ќе бидат прегледани со партиципација или бесплатно.

Од Министерството за здравство велат дека до крајот на годинава, како и во текот на јануари 2010 година ќе бидат прегледани сите жени што моментно се наоѓаат на списоците во сите рендген-кабинети. Оттаму ништо не кажуваат дали воопшто ќе му се помогне на Здравствен дом „Скопје“ во набавка на мамограф, туку само велат дека на Владата ќе и' се предложи за наредната 2010 година да се воведе скрининг во пет-шест пилот-градови (меѓу кои и Скопје) каде што има јавно-здравствени установи, кои моментно се во можност да ги исполнат критериумите за скрининг.


#
Статијата е прочитана 865 пати.

Испрати коментар

Од: Ајван Доктор®
Датум: 29.09.2009 07:56:48
Вообичаена пракса е препраќањето на Клиника! Наместо дисперзирани Болници, си добивме Дисперзирани студии за сè и сешто. Клиниките се преполни со пациенти од цела МК, како да таму не постојат болници и амбуланти. Работат ли тие доктори од другите градови нешто?! Резултат на ваквите навики на препраќање на пациенти (и болни и здрави) е преполни клиники во Скопје и полупразни болници во другите градови!
Од: Mamografija
Датум: 29.09.2009 09:07:44
DOBRONAMEREN SOVET do site pacientki: Ne e vazno samo da napravat mamografija. MNOGU e vazno dali mamografskata slika e kvalitetno napravena za da gi pokaze site detali koi se neophodni za korektna dijagnoza. Nikade vo svetot ne se pravi skrining t.e. kampanja za snimanje na dojkite bez prethodno da bide proverena ispravnosta na aparatot, tehnikata na snimanje, da se izmeri dozata i da se oceni kvalitetot na slikite. Dali znaete kolku mamografski kabineti vo MK gi ispolnuvaat kriteriumite za kvalitet? Vaka kako sto se pravi kampanjata, vo 80-90% e samo trosenje na sredstva, angaziranje na medicinskiot personal i na opremata, davanje na radijaciona doza vo dojkite. I seto toa za mnogu mal benefit.
Од: nada
Датум: 29.09.2009 10:14:47
uste edna oblas vo koja kasnime dodeka drugite imaat sovremeni eho aparati nije sme uste na rendgen
Од: meri
Датум: 29.09.2009 11:49:22
sostojbata e ista i vo Drzavnata bolnica. Imeno uste vo avgust otidov da zakazam za mamografija i dobiv termin za 28.01.2010 godina. Dali vi se veruva deka treba da cekam za pregled celi 5 meseci. Ako e ova vo red neka kazat odgovornite za zdravstvo. Ova e sramno i neodgovorno odnesuvanje kon naseto zdravje, sto treba da napravam da odam na privatno i site pregledi da gi platam debelo? Pa neli plakam za zdravstveni uslugi, a vaka ispaga deka nemozam da gi koristam zasto nekoj saka da si igra so moeto zdravja. Kazete sto da se pravi i kako da se nadminat ovie sosotojbi? Smetam, najseriozno deka e potrebna debata za ova, zatroa sto toa ne e slucaj samo so odredenite punktovi za besplaten pregled, tuku toa e praksa na rabota vo site zdravstveni ustanovi. Barame spas za site nas, zatoa neka se oglasat odgovornite ili neka kazat koj e drug nacin da dobieme navremen i dostoen pregled so nasite plavi kartoni, za koi plakame so godini.
Од: nata
Датум: 29.09.2009 15:09:40
Neka ne tresat gluposti doktorite, site sto sme bile na mamografija znaeme deka snimkata ne e poveke od 15 a maksimum 30 minuti, kako togas samo 15 pacientki dnevno moze da se snimaat??? A za kvalitetot na snimkata e posebna prikazna, no ako na mamografot ti kazat deka nemas nisto a posle (ne daj boze) izleze deka ne bilo taka treba da se tuzi ustanovata pa da ti plati ogromna steta, koja i taka ke japotrosis na lecenje, no bar togas ke se zamislat dali ke snimaat kvalitetno ili samo brojcano da ja ispolnat normata.

Најди! во Утрински
На прво место
Стамен Филипов ќе го урива и Законот за Собрание
Лавот, сепак, ќе трча во Собранието