Број 3663  вторник, 23 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Едиторијал

ЕДИТОРИЈАЛ

Пирова игра со шумите

Даниела Трпчевска

Пепел, пустош, мирис на чад, соголени планини, преплашени граѓани кои со ноќи демнат да не ги зафатат огнените јазици и нивните домови. Крајот на летото не донесе ниту разладување, ниту пак надеж дека ги избегнавме големите огнени катастрофи, кои не демнат секоја година. Туку напротив. Големи огнени стихии деновиве се закануваат на македонските шуми, а најзагрозен е Националниот парк Пелистер, едно од најголемите природни богатства во земјава.

Околу 400 хектари борова шума, млада молика и растенија изгореа во пожарот кој беснееше викендов. Пелистер пламтеше цела ноќ. Пожарникарите и канадерите успеаја да го сопрат силниот налет на огнениот бран. Но, опасноста и натаму демне.

По серијата пожари кои се појавија во Битолско, особено во предели кои располагаат со бујна вегетација и квалитетни дрвја, повеќе од сомнително е дека станува збор за смислено пустошење на шумското богатство. За жал, како и во најголемиот број на случаи досега, се покажува дека за пожарите не се виновни само температурите кои се издигнаа над 40-от степен, туку и човечкиот фактор, кој е најопасен.

Додека едни стрепат и го чуваат шумското богатство, други ги пустошат белите дробови за ситни профитерски цели, од невнимание или негрижа. Сојузник во нивната валкана замисла им се високите температури кои не попуштаат, а топлиот ветер само полесно го разнесува огнот, кој викендов се закануваше да го проголта Националниот парк Пелистер

Столетни дрвја од непроцелива вредност, редок животински и растителен свет се доведени во опасност поради непромисленоста или негрижата на поединци, кои потпалувајќи само една искра, предизвикуваат еколошка катастрофа со несогледливи последици.

Без разлика дали мотивите за оваа пирова игра се палење стрништа, откуп на опожарените дрва по ниски цени, шумска мафија или пироманија, сите тие зад себе оставаат пустош, а државата троши огромни капацитети и луѓе за да се справи со огнените стихии, кои се појавуваат онаму каде што најмалку се очекуваат.

Ниту високите казни и предупредувањата кои надлежните во текот на целото лесто ги упатуваат до јавноста, не вродија со плод. Попусти се апелите да се почитува забраната за движење во шумите и да не се користат запаливи материи, да не се фрлаат догорчиња и цигари и да не се палат стрништа.

Се чини само на хартија остануваат заканите за казна од 2 до 3 илјади евра за оние што ќе бидат фатени како се врткаат низ забранетите шуми, или пак од 6 до илјади евра за оние кои што ќе палат стрништа. Црните статистики за изгорена шума, стрништа и трева, покажуваат дека профитерите ниту се плашат, ниту пак водат сметка за околината во која живеат. Тоа што полицијата тешко може да ги открие пакосниците и да им одреди строги казни, е само уште фитил кој им дава сила да посегнат по чкорчето и без тронка совест да го уништат непроценливото шумско богатство.

Со високите температури и ќе се справиме некако, но како да се справиме со оние кои демнат за да потпалат само една искра, која ќе ја вивне цела шума, оставајќи само тажни соголени предели во македонските планини?


#
Статијата е прочитана 652 пати.

Испрати коментар

Од: Lazo Stefanov
Датум: 23.08.2011 03:30:21
Mora da se raboti na obnovuvaweto na dobrovolnite protivpozarni drustva.Treba da se terkot na sLOVENIJA, KADE NEMA NITU EDNO POGOLEMO NASELENO MESTO BEZ DOBROVOLNO PROTIVPOZARNO DRUSTVO. Da se bide postojano prisuten na sirok front na dejstvuvanje.
Од: Strumica
Датум: 23.08.2011 11:05:05
iskucajte Silvanava Boneva na You Tube i ke vidite koj gi sece bezpravno masovno sumite okolu Strumica. Na predizborieto vo selo Banica javno se povikuva naselenieto da sece bez problem oti ke glasale za vmro i nikoj nisto ne im mozel Gledajte.

Најди! во Утрински
Едиторијал

"""