Граѓаните почувствуваа четири потреси, а останатите само беа регистрирани од сеизмографите
Билјана Ангеловска
Серија од над 30 земјотреси ја погоди територијата на Македонија во период од 32 часа. Четири од нив се почувствувани од населението во југозападниот дел на земјава со интензитет меѓу 3 и 5 степени според Европската макросеизмичка скала 1998 , додека останатите се послаби и само се регистрирани од сеизмографите. Сеизмичката активност продолжува и натаму. Потресите кои спаѓаат во категоријата на слаби земјотреси, потекнуваат од охридско-струшкото епицентрално подрачје. Нивните епицентри се наоѓаат на подрачјето на планината Јабланица, на границата со Албанија, околу 100 километри југозападно од Скопје.
Според податоците на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, со телеметриската мрежа на сеизмолошки станици во Охрид, Битола, Валандово, Штип, Крушево и во Крива Паланка и со станиците од мрежата на ХЕЦ „Козјак“, зголемената сеизмичка активност во подрачјето на Јабланица почнала од раните утрински часови на 10 март и продолжува. Првиот земјотрес што го почувствувале жителите на Струга и околните села се случил во вторникот 58 минути по полноќ и бил со интензитет од 3 степени според ЕМС-1998. Утрото во 9,33 часот следувал вториот потрес, кој бил посилен и имал интензитет со 4 до 5 степени во Струга и во Охрид, од 3 до 4 степени во Дебар и во Кичево и 3 степени во останатите населени места во југозападниот дел од Македонија. Во 20,28 минути повторно бил почувствуван земјотрес со јачина од 3 степени и тоа во Струга, Кичево и Вевчани, а ноќта во 23,10 часот повторно имало потрес во истиот регион, но со малку посилен интензитет меѓу 3 и 4 степени според ЕМС-1998.
Во Сеизмолошката ��псерваторија појаснуваат дека серии слични на оваа последна активност на почвата, односно серии слаби земјотреси со интензитет од 4 до 5 степени ЕМС-1998 се јавуваат често на територијата на Македонија и тоа барем три-четири пати годишно. Според статистичките истражувања, најсилниот земјотрес што може да се очекува кај нас во рамки на период од 500 години е со интензитет од 10 степени според ЕМС-1998 (скалата има распон од 12 степени). Во покуси периоди се очекуваат земјотреси со послаби интензитети.
Инаку, сеизмичките поместувања на почвата се резултат на долготрајно акумулирање на тектонските напрегања во Земјината кора кои траат непрекинато. Постојат подрачја во светот каде што нема вакви тектонски напрегања и тие се релативно малку, најчесто кај старите планини и карпи. За жал, Македонија е во подрачје на тектонски напрегања и појавата на земјотреси може да се смета за нормална.
Тоа се мали земјотреси , најголемиот ќе ја погоди кога ќе го изберат Космодискот за претседател со фалсификувани избори, а Македонија нема ни на сон да ја види Европа.
Од: Buntovnik
Датум: 12.03.2009 00:24:03
Kuzman pretera so kopanjeto, ke otideme gurultija.
Од: mene
Датум: 12.03.2009 07:31:41
Za zemjotresite kriv e SDSM i Branko Crvenkovski.
Од: milanka
Датум: 12.03.2009 11:21:19
I da se stavi statua na ALEKSANDAR Velliki javnat na Bukefal pred zgradata i statui od antikata i praistorijata i Shmizla so mackata i vosocnite figuri od muzejot na VMRO i marketite so katnata garaza od Kapistec na Tinex za koj pretstavnik od vlasta rece pred TV deka bila vo interes na ludjeto ili taka nekako. I Svedmilk mlekarata a pred site statua na SVETI GJORGE.
Од: Bitola
Датум: 12.03.2009 11:46:02
Makedonski narode ke ve fati kletvata od Ivaniov,ako ne glasate zanego.Ida ne vikate UAAA,ic,nikako.
Од: kadmo
Датум: 12.03.2009 14:58:12
Ovie luge ocigledno nemaat ni pamet, ni dostoinstvo a za znaenje da ne zboruvame. Se citate li sto pisuvate??? Kava vrska imaat zemjotresite so politikata???
Од: papa
Датум: 12.03.2009 18:14:08
ovie zemjotresi se od kletvata na Ivanov.Pa sega pak glasajte za nego