Број 2875  вторник, 30 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
На прво место

ЕЛЕМ молчи кој ќе набавува струја

Увозот на струја веројатно ќе стартува на 1 јануари и ЕЛЕМ веќе има склучено договор со некоја компанија

Маја Томиќ

Ќе има ли увезена струја наредната година? Државната ЕЛЕМ, која согласно со измените во Законот за енергетика првпат сега ја доби улогата и на увозник на струја, се' уште не излегува со официјално објаснување зошто стојат во место набавките на струја за идната година и што се случува со објавените тендера. И покрај објавени два тендера за увоз на струја во текот на декември, уште не се знае од која компанија или компании ќе се врши набавката за периодот од јануари до крајот на април. ЕЛЕМ упорно молчи околу увозот и нема да не' зачуди ако во почетокот на новата година се соочиме со недостиг од струја.

Од енергетски кругови дознаваме дека увозот на струја сигурно ќе стартува на 1 јануари и ЕЛЕМ веќе има склучено договор со некоја компанија. Струјата од увоз ќе потече точно на 1 јануари, една минута по полноќ, како секоја година досега, но од какви причини ЕЛЕМ го чува тоа во тајност, не е јасно, коментираат познавачите.

Со првиот тендер ЕЛЕМ побаруваше 350 илјади мегават-часови струја за периодот јануари - април 2009 г., за кои ќе треба да се платат околу 30 милиони евра. Девет компании доставија понуди на отворениот повик, а досега се' уште не е избрана ниедна. Вториот тендер, исто така, беше во декември и се однесуваше на интервентен увоз на струја. Тој траеше само една недела, заврши на 24 декември и во него не беа објавени потребните количини струја. И за него се' уште ништо не се знае. Според објаснувањето на ЕЛЕМ, овој втор тендер, со кој струјата ќе се купува според рамковни договори, е со цел таа да се чува како резерва, односно да ја имаме евентуално во случаи на хаварија на некој енергетски капацитет. Инаку, тоа беше првпат да се распишува тендер за набавка на хавариска струја, која досега секогаш се обезбедувала од соседните земји, за што Македонија има склучени интерни енергетски договори.

За разлика од ЕЛЕМ, во досегашната практика, пред стартот на новата година МЕПСО го завршуваше тендерот и објавуваше податоци колку и од каде ќе увезе струја за годината што следува, а се соопштуваа и понудените цени за киловат-час.

Покрај то�� што ЕЛЕМ не ги открива увозните количини струја, и предлог-енергетскиот биланс, подготвен од Министерството за економија, не ги покажува реалните потреби за електрична енергија. Деновиве експерти оценија дека билансот мора да претрпи ревизија, бидејќи в година ни оддалеку нема да ни треба толку струја колку што стои во текстот, 9.052 гигават-часа, или за 4,58 отсто повеќе од 2008 година. Билансот е подготвен пред глобалната криза да ги погоди домашните компании, кои сега веќе со сигурност констатираат дека нема да им треба ни приближно толку струја колку што тие побарувале во август.

Според билансот, ЕЛЕМ најавил во 2009 г. малку помало количество произведена струја, 5.750 илјади гигават-часа струја, додека во 2008 е прикажано производство од 5.950 илјади ггвч. Се' поголемата зависност на увезена струја придонесе годинава драстично да се зголеми трговскиот дефицит, кој достигна рекордни 2,4 милијарди долари. (M.T.)


Статијата е прочитана 450 пати.

Испрати коментар

Од: Mile
Датум: 30.12.2008 09:19:47
Prasajtego gradonacalniko na Aerodrom ke vi kazi kako.
Од: gasterbajter
Датум: 30.12.2008 10:01:24
Vakvi statii ima vo sekoj vesnik, osven kritiki i nekojsi brojki , se vrtite vo eden krug.A kade e vistinata potkovana so fakti.Rascepkajte ja ovaa rabota, ovde nesto smrdi, od daleku se gleda deka rabotite ne se cisti, ama nekoj treba odblisku toa da go vidi, i videnoto da go pokaze so fakti.Ajde novinari na povidok e afera, koja na opozicijata tolku i e potrebna...

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
На прво место
Донесен Буџетот за 2009 година
Извештајот за хеликоптерската несреќа останува строго доверлив