Број 3413  петок, 22 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Магазин
Вести








Site Meter
Мислења

Мислења

Падобранци

Филип Петровски

Дента кога излегов од портата на касарната во Ниш за да си одам дома, во Македонија, знаев дека сум националист - македонски - за Македонија

Сосема подруг беше светот пред дваесетина години. Во секоја смисла. Прво, бевме средношколци, млади со многу поубава слика за животот и на се' околу нас. Мислевме дека можеме се', дека можеме да го освоиме светот. Затоа е добро што Александар Македонски дошол на престолот млад. Па, тргнал да го освојува светот... Ние мислевме дека тоа што ни паѓа напамет е најпаметното и н��кој претходно не го смислил. И имавме многу силна потреба да се докажуваме. Прво, на сите околу нас, а потоа и на самите себе дека сме храбри, дека не се повлекуваме пред ништо. О, колку беше убав животот. Колку помалку знаеш, толку повеќе си фантазираш.

Во тој контекст, го прифаќавме и секој можен предизвик. Требаше предизвикот да биде што поголем за да се чувствуваме дека сме направиле којзнае што. Не се сеќавам кој точно го предложи падобранството како најголем можен предизвик на нашата храброст. Можеби Тозо или Нешо... или некој друг од нашето друштво. И бум, веднаш почна наддавањето кој е похрабар. Но, и еден внатрешен немир - дали можеме ние да го сториме тоа. Можеме ли воопшто да бидеме падобранци? Дали е исто на земјата да се перчиш пред другарите или кога ќе се отвори вратата на авионот на височина од 800 метри низ која треба да скокнеш? Секако дека на земјата сите бевме храбри и колку ли не приказни се раскажаа за нашите лични подвизи. За да се забележи повремено, во дел од секундата, една мала замисленост на лицата што учествуваа во кажувањата приказни. Тоа беше оној дел од секунда кога секој за себе, во мислите, расчистуваше со дилемата дали навистина може да скокне од авионот.

Кога дојде времето да се оди на подготвителниот курс, некако набрзина се преполови ентузијазмот кај другарите. Истото се случи и во текот на курсот. Уште помал остана бројот на оние што упорно доаѓаа на часовите во спортскиот аероклуб од Куманово. Навистина, наскоро требаше да дојде она вистинското, да се скокне од авионот. Си замислував како ли ќе биде тоа? Какво ли е чувството? Дали можам навистина да го сторам тоа кога ќе дојде моментот? Едно е муабет, а сосема друго е она вистинското. Зашто кога ќе се отвори вратата, нема враќање назад. Плус срамота е пред другарите да го сториш тоа. Ах, младешки маки.

Дојде и тој ден на проверката - кој може, а кој не. Во околината на Прилеп во почетокот на летото се собираа сите почетници падобранци од цела Македонија. За да ги направат првите скокови. И бидна. Се скокаше вообичаено во 6 часот наутро. Најубавото време кога се раѓа новиот ден. Го гледав Прилеп од авион, сите куќи, улиците, луѓето што оттаму изгледаа малецки. Авионот леташе кон спортскиот аеродром. Само што јас нема да слетам со него, туку ќе скокнам. Се отвори вратата. Срцето удираше силно. Го слушав, го гледав. А веќе и од отворената врата гледав под нас стотици метри воздух, празен простор. Ох, колку далеку беше земјата. Најубаво ќе ми беше сега да си одев сигурно по земјата...

Три, два, еден и брзи чекори кон вратата на „АН-2“. Скокнав. Паѓам кон земјата. Дали ќе ми се отвори падобранот? Би требало. Така барем велеше процедурата што ја научивме. Имав време во тие една-две секунди се' да промислам - 1.000 километри на час. Мислата сега ми беше побрза од светлината. Неверојатно чувство. А, ако не се отвори падобранот?! Па, сепак, се отвори. Доказ е тоа што сега сум тука и пишувам. Инаку не ќе беше така. Значи, сме можеле да скокаме. Сме биле доволно храбри и тоа да го сториме. За кратко бевме херои само на себе. По слетувањето, земјата ни беше помила од кој било друг пат. Ама знаевме, пак ќе скокаме. За да се докажуваме одново и одново. Нема предавање.

Наскоро заврши епизодата во Прилеп. Потоа следуваше Куманово и нашиот домашен аеродром. Нанижав петнаесетина скокови за кратко време. И што? Некако предизвикот спласна. Сфативме дека можеме. Сега на кого да му докажуваме, како да продолжиме. Се водеше жестока дебата во друштвото што треба да биде следно. Некој предложи на регрутацијата да побараме да не пратат во Ниш, во падобранските единици. Тоа, наводно, била најелитната единица на тогашната ЈНА и таму ги примале, во многу лимитиран број, само најподготвените, најупорните, најхрабрите. Аха, е па тоа е тоа што ние го бараме. Нели сме најподготвени, најхрабри?! Сковавме план да си бараме на регрутацијата да не пратат таму. И би. Ни дадоа затоа што имавме јаки аргументи. Бевме спортски падобранци. Се сеќавам дека беа збунети одговорните, оти не беше вообичаено барањето да бидеш пратен во таа единица, и тоа доброволно. Цели 365 дена обука од секаков вид, со сите можни предизвици на психофизички план. Предизвик што не може да се совлада? Како да не. Ние можеме!

Фамозната 63. падобранска бригада беше ангажирана на фронт за време на распаѓањето на Југославија. При прогласувањето на отцепувањето на Словенија, не' ставија во авион и ни кажаа дека одиме во војна. Но, не ни кажаа каде не' носат. Тоа утро со знак за тревога не' разбудија порано од вообичаеното. А претходниот ден не' вратија од обуката за преживување во планина. Беше 26 јуни 1991 година. Летавме еден час во ист правец. Гледајќи низ прозорците, заклучивме дека одиме кон Словенија. Слетавме во Церкље од Крки. На аеродромот. Останавме таму околу два месеца.

Таму почнав да сфаќам дека Југославија не постои. Иако бев 19-годишен, го чувствував туѓиот национализам што беше силно изразен. За да се случи истото кај нас. Се роди сам по себе мојот национализам. Иако мојата генерација беше воспитувана на сосема поинаков начин. Бевме заглавени на аеродром во туѓа држава за да го одбраниме од неа. Тоа лесно се конта. Ако сакаш да сконташ. Ама немавме каде да одиме. Не можевме да мрднеме. Втората вечер загина еден од падобранците. Имаше пукање на сите страни. Потоа не' префрлија во Задар. И таму ми загина еден другар. Пред некое време ги гледав фотографиите што сами ги направиме таму. Ја имам неговата последна фотографија во животот. Верувам дека и неговото семејство ја нема... Грозно. А детето беше Хрват. Загина во Хрватска, од другата страна. Детската игра со падобрани се претвори во сериозна потреба да се преживее. И тоа го преживеавме.

Дента кога излегов од портата на касарната во Ниш за да си одам дома, во Македонија, знаев дека сум националист. Македонски. За Македонија.

П.С. Овој текст е наместо одговор на писанијата на еден човек што не е човек. Си знае самиот кој е тој. Посветен е на моите другари падобранци. Од Македонија, но и од сите други држави. На тие што преживеале, па се распослале по цел свет, и тие што не преживеале.

(Авторот е доктор по политички науки)


#
Статијата е прочитана 3397 пати.

Испрати коментар

Од: Sokolanac
Датум: 22.10.2010 12:54:02
Ubav natpis koj frla svetlina za nas Makedoncite zosto sme bidnale nacionalisti. Ne deka ja sakame tatkovinata, tuku deka drugite ne naterale da bideme takvi. Da ne bese praten vo Slovenija i Hrvatska dali i ti ce ostanese KOMUNJAR. Vo vojska site, a posebno hrabrite, stanuvaa clenovi na Komunistickata Partija. No kako sto i samiot kazuvas, sto pomalku znaes - povece fantaziras. Sega te razbiram deka koga zborese so zar protiv KOMUNISTITE toa bile tvoite fantazii, zasto sekako ne si znael kako nie starite ziveevme vo toj komunizam. Navistna ja cenam tvojata hrabrost i gledam deka kako rastes stanuvas poozbilen, mudar i iskren. Go nema nekogasniot Filip buntovnik. Se rodi Filip Makedonec. Te pozdravuvam i ti posakuvam da odis so svojata glava napred. Na Makedonija i trebaat mladi koj mislat so svoja glava.
Од: Dimitar
Датум: 22.10.2010 14:46:38
Seuste se prasuvam koja bese celta na tvojot tekst. Za zal ne uspeav da vidam nisto drugo sem zelbata za samo-promocija i skriena politicka ambicija na eden provincijalec. Navistina e greska da im se otstapuva vreden mediumski prostor na lugje koi ne samo sto nemaat, tuku i navistina ne znaat sto da kazat. Ti si padobranec vo gradska sredina, zatoa sledniot pat koga avionot ke stigne do Kumanovo skokni tamu i ne cekaj da dojdes do Skopje - ovde e vekje prepolno od lugje kako tebe.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 22.10.2010 17:17:05
Инаку нее лошо да е некој националист,лошо е ксенофобичноста проткаена со гасни комори. Инаку падобранство продолжува и во политиката,па така со таков скок бевте конзул во САД.Па едно време не скокавте па се инсталиравте во библиотеката.Па почнавте со политичкото повторно падобранство од една во друга партија.Во последната ви го одзедоа падобранот.
Од: Dusko
Датум: 22.10.2010 20:41:08
Димитар, одговорот на твоето прашање, која е целта на Филипче ќe ја најдеш тука: http://forum.kotle.ca/showthread.php?tid=43&pid=20053#pid20053 i tuka: http://www.forum.kotle.ca/showthread.php?tid=636&pid=21492#pid21492
Од: gordana
Датум: 23.10.2010 01:36:29
epten gi nerviras filip sto nemozat da te smirat. zatoa sega mora da te diskreditiraat so sirenje prikazni. toa e veke videna rabota.
Од: Stanko
Датум: 23.10.2010 07:23:54
Drago mi e deka se secavas na tie momenti Filip, i jas kako i ti vo togasna JNA go izvlekov podebeliot kraj mozevi ne bev vo padobraska edinica kako tebe ama bev vo gardiskata edinica koja bese rasporedena na fron vo Vukovar, i jas cesto gi gledam slikite na moite drugari koi povece gi nema, Pintar Damir - Zagreb izvonreden covek, Aleksandar- Belgrad i mnogu drugi koi gi ostavija svoite zivoti zaradi tudzi interesi, a nie bevme mladi i zeleni, samo sto e naj tragicno Istorijata se poftoruva dojde 2001 pak kako pripadnik na specijalnite policiski sili go dadov mojot pridones vo odbrana na mojata tatkovina Makedonija koja neizmerno ja sakam i pak se slucuva istoto pak gi gledam slikite na moite zaginati kolegi Aleksandar, Nikola, Oliver i mnonogu drugi koi go dadoa svojot zivot za da ja odbranat drzvata. A dali drzavata dostojno im vrati na nivnite semejstva na mene i na mnogu drugi koi denes se na ulica samo zatoa sto ne se partiski voojnici, jas morav da ja baram srecata nadvor.
Од: cede
Датум: 23.10.2010 08:05:54
Bevme i ke ostaneme brend za Makedonija ili kako sto vie gordo ja narekuvate drzava Skopje.
Од: Амар
Датум: 23.10.2010 17:18:42
Како падобранец се појави на политичката сцена. Имаше одлични падобрански висини падови. за жал и обични кои,со твојот темперамент секако и способност не ги заслужуваш. Тебе ти одговара, односно посакуваш, да си бил во друга воено-спортска дисциплина - катапултирање. Оддеднаш да се исфрлиш во восина.
Од: Тони
Датум: 23.10.2010 18:21:36
Од такви „националисти“- „македонски“ - „за Македонија“ стигнавме на ова дереџе и заради такви „Гоооооооооолеми Македонци“ немаме ни држава, ни ништо!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! Утре истите такви стануваат Гоооооолеми Бугаришта, Срби, Турци, Власи, Роми... (во зависност од насоката на ветерот). И, доста веќе со лагите со опашки! Само лажеме и крадеме. НИКАДЕ НЕМА ДА СТИГНЕМЕ! Секогаш први!!! Најголеми ројалисти, па најголеми комунисти, па најголеми антикомунисти, па најголеми капиталисти, па........ МАРШ!!!!!!!!!!!!!
Од: per0
Датум: 23.10.2010 20:56:16
da ne se zanese malce vo naucnava fantastika ????

Најди! во Утрински
Мислења
Дискусија без перкусија






EU to move ahead on Serbia accession, add tough conditions
Bulgaria's landmark anti-mafia case unravels
Hungary waters down procurement rules for EU presidency