Број 3280  среда, 12 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
На прво место

Бугарите бараат одговорност и од капетанијата

Даниела Трпчевска

Првиот човек на охридската Капетанија, Љупчо Настески, исто така, треба да одговара за трагедијата во Охридското Езеро и потонувањето на бродот „Илинден“, во кој животот го загубија 15 бугарски туристи. Ваква порака испрати од Софија бугарскиот истражен судија, Георги Илиев, кој води паралелна истрага за причините за потонувањето на бродот. Обвинувањата се случуваат само неколку дена пред стартот на судскиот процес за големата несреќа, за која се обвинети капетанот на бродот и инспекторот на германската фирма „Лојд“.

Бугарските медиуми известуваат дека истражните органи во Македонија и во Бугарија дошле до сосема поинакви сознанија и заклучоци за причините за големата трагедија во Охридско Езеро. Повикувајќи се на изјавата на бугарскиот истражен судија Илиев, дадена за телевизијата БТВ, тие пренесуваат дека скинатата сајла не е причина за потонувањето на „Илинден“. Бугарските истражни органи сметаат дека причините што ги истакнуваат нивните македонски колеги дека скинатата сајла е причина за несреќата, не кореспондираат со вистината.

Тамошната паралелна истрага покажала дека сајлата на „Илинден“ и претходно често се случувало да се откине, но дека тоа не довело до потонување на бродот. Според Илиев, покрај сајлата и недостигот од контрола од страна на македонските институции надлежни за контрола на водниот сообраќај, мора да биде земена предвид како причина за трагедијата.

Бугарскиот истражен судија за бугарските медиуми вели дека првиот човек на охридската Капетанија, Љупчо Настески, исто така, мора да одговара, бидејќи Капетанијата не вршела проверка на бродовите што испловувале и оние што се враќале на пристаништето,и не вршела проверка на товарот што го превезувале, согласно со стандардите. Бугарските власти веќе побарале комплетна документација од земјава во врска со правата и обврските што ги има охридската Капетанија.


#
Статијата е прочитана 854 пати.

Испрати коментар

Од: Tose
Датум: 12.05.2010 00:47:14
Паметно! просто не ми се верува како овде во Македонија никој не побара одговорност од Капетанијата. Оваа институција по законот издава дозволи за пловидба и тоа како има одговорност за ова што се случи.
Од: Ljubotan
Датум: 12.05.2010 02:09:30
Sto ,da se lazeme! GO PRATIM OVOJ TRAGICEN SLUCAUJ,Veruvale ili ne! Edini krivec e LAKOMSTVOTO NA KAPETANIJATA,za nedozvoleno preopteruvane na brodot! Lojd, ne e tuka da gi broi sekojdnevno patnicite i tezinata,kapetanijata e odgovorna zatoa! Toa e Prekrsok Liabiliti- odgovornost na kapetanijata,kako taa da podmetnala so pretovar nesreca!!
Од: do Tose
Датум: 12.05.2010 08:17:10
dali ako ti Toshe naprajs sobracajka so tvojata kola(ne daj boze),ke bidi kriva ministerkata od mvr??? dali za site soobracajni nesreki e kriva policijata ili se krivi vozacite? ova so krivicata na kapetanijata e cista glupost i omalozuvanje na nasite institucii od strana na bugarskata drzava!
Од: srebre
Датум: 12.05.2010 11:09:06
apsolutno se vo pravo bugarite no.....vo mkd i ohrid e obicaj sudskite procesi da se namesteni a nema teotija kapetanija koja e vo oh nekoj se obvinitel ili sudija da gi kazni pa makar bile vinovni i za smrt na 200ludje..................
Од: snajper
Датум: 12.05.2010 11:30:06
Pa normalno deka kapetanijata e vinovna, a i site strukturi na gore predvodeni od dpmne-sdsm, ne samo za ovaj nastan
Од: Ајван Доктор®
Датум: 12.05.2010 13:18:13
Луѓето со Образ,во нормални држави,си поднесуваат оставка,само затоа што нешто лошо се случило додека тие биле на одговорната функција! Кај нас, ниту поднесуваат оставка,ниту одговараат за својот јавашлук,а наместо образ најчесто имаат Опута!
Од: milev
Датум: 12.05.2010 15:42:28
ohridskiot sud e mafijasko gnezdo pretedatel da otepas ako imas da platis ce te oslobodat.

Најди! во Утрински
На прво место
Апелационите судии на „судење“
Антикорупциска ги стресе институциите