Број 2851  понеделник, 01 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Писма

„Чебрен“ и „Галиште“ и светската економска криза

Марко Пецески, Австрија

Понекогаш се прашуваме дали нешто навистина постои или е само плод на нашата фантазија. Секој зборува за тоа, секој знае по нешто за тоа, но никој не го видел. Приближно такво некое чувство имам за мегапроектот „Чебрен“ и „Галиште“. Се сеќавам дека австрискиот претседател, кога беше во Македонија во средината на деведесеттите, се ангажираше за тоа австриски фирми да ги градат „Чебрен“ и „Галиште“. Потоа имаше тендер. На тендерот се јавија добри компании. А во Македонија поминуваа години и години. Изгледа дека сега имаме компании што се заинтересирани за градба, ама повторно поминуваат месеци, а богами наскоро и година, а се' уште немаме избрана фирма што ќе ги гради толку потребните централи.

Од поднесувањето на документите на заинтересираните фирми досега во светот се случија многу работи. Една работа е колапсот на финансискиот систем во светот. Финансискиот систем изгуби илјадници милијарди долари или евра во последната криза. Банките доведени на работ на пропаста и не можат да ги финансираат понатаму компаниите во своите развојни проекти. Последици на тоа се забавен развој и светска рецесија.

Светските берзи загрижено ја чекаат новата „нагазна мина“, која може да експлодира секој момент во форма на Леман брадерс, Сити бенк, Џи-Ем или хартиите од вредност поврзани со долговите на луѓето од кредитните картички. Како последица тоа берзите губат значителен дел од својата вредност. Во овие моменти, кога кредитите тешко се добиваат и тие стануваат поскапи, секоја компанија размислува за ревизија на своите инвестициски планови. Проектите што чинат милиони долари или евра се разгледуваат повторно и се донесува нова одлука дали да се инвестира.

Во оваа навистина компликувана ситуација, Македонија си го дозволува луксузот да ги одолжува решенијата за секој проект, макар да бил донесен до последниот чекор за конечно решение. Компаниите за „Чебрен“ и за „Галиште“ немаат неограничено трпение. Тие проследуваат неколку пати повеќе проекти отколку што можат да остварат. Значи, ако не биде „Чебрен“, ќе биде централа на Дрина или на Крка или - Марица. Македонија се наоѓа во конкуренција со соседите и мора, како што кажаа министрите во Америка, брзо да трча и да не си дозволува непотребни паузи, особено кога на хоризонтот се доближува нова бура од светската финансиска криза.


Статијата е прочитана 350 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Писма
Заборавениот 29 Ноември