На неколку клиники вчера им биле поделени само по десетина кутии
Јасмина Јовановска
На клиниките се трошат последните резерви на медицински игли, шприцови, катетери, сетови за инфузија. Денови се во прашање кога поголем број од клиниките може да останат без основниот медицински материјал. Во таа ситуација ќе биде невозможно аплицирање на лековите или изведување на дијагностичките процедури. Клиничката аптека им сугерирала на клиниките да бидат поекономични во трошењето на потрошниот медицински материјал. Така, на пример, некои клиники веќе биле принудени да побараат од пациентите сами да набават катетери за мокрење.
Најкритично е со медицинските игли. Кризата била надмината вчера, а добрупатени извори велат дека тоа е за кратко време. Во петокот била нарачана помала количина игли, и како што дознаваме, на неколку клиники вчера им биле поделени само по десетина кутии. Овие количини, според клинички извори, се доволни колку да се изгасне пожарот од недостиг на овој медицински материјал и за да не се случи воопшто да го нема, па пациентите сами да купуваат игли за примање на терапијата.
Никој од директорите не сака јавно да зборува како клиниките стигнале до ова. Според неофицијални извори, клиниките велат дека тие редовно плаќаат за овој потрошен медицински материјал. Имено, Заеднички служби набавува медицински материјал за клинички потреби, но не се знае колку. Истите извори велат дека долгот за медицинските игли и за шприцовите е голем. Имало закани од добавувачите дека повеќе нема да даваат на вересија, бидејќи Заеднички служби не платиле за набавките повеќе од шест месеци, а долгот постојано се зголемувал.
Директорката на Заеднички служби, Шкодране Дердишта, вчера не сакаше да даде објаснување за овој проблем. Дердишта излезе со образложение што го пренесе секретарката дека изјавите се злоупотребуваат и затоа за „Утрински весник“ повеќе нема да даде изјава, иако досега и нема дадено изјава.
За проблемот во комуникацијата и непрофесионалноста на Дердишта е запознат и министерот за здравство, Бујар Османи.
Мило ми е што не живеам повеќе во Жална Социјалистичка Република Македонија
Од: marika cair
Датум: 22.06.2010 09:26:50
smesno a za spomenici 200mil potpolno banalen spomenik na aco grkot 10milevra pa za tie pari ne igli tuku 6 drzavni kardeologii mozele da napravat,pod hitno narod da se osvesti i da bara stopiranje na spomenici,crkvi,dzamii ionaka koga togas tie spomenici ce zavrsat so buldozer isto kako i vo romanija.
Од: јас
Датум: 22.06.2010 10:15:10
А да почнеме од дома и лекар да си носиме ???Бидејќи се виде до каде е работата дојдена..
Е глупи портокали , за вас ова е врвот на „патриотизмот “ на овчарот ...
Од: skupi
Датум: 22.06.2010 10:25:36
Konecno barem 0,0001 % da se kaze Jy zaednicki sluzbi dali bese strav ili pocit kon doticnata???
Од: Ајван Доктор®
Датум: 22.06.2010 10:40:49
Хаосот продолжува!Наскоро,може да очекуваме и Колапс на Јавното Здравство!
Од: ne e bitno
Датум: 22.06.2010 12:04:24
Boze, boze, boze....Edinstven komentar imam: Makednija nema voopsto intelektualci-nula. Tie sto bile si zaminale ili se vo faza na iseluvanje.
Од: Трпе
Датум: 22.06.2010 13:07:45
Аирлија на успесите на ова пропагандна блада.Но народот тоа сам си го заслужи.Кога ова блада со своите илузионистички способности,наивниот народ и низ река жеден ке го помине.А ова во врска со недостатокот на шприцеви низ болниците би и препорачал,да не се расфрлат со шприцеви а иглите да ги употребуват на повеке пациенти истите поминувајки ги низ пламен.Ај на здравје за времепловот што ни го врати ова способна блада.
Од: b
Датум: 22.06.2010 13:18:41
Нека се изјасни Црвенковски и СДСМ што планираат за овој проблем