Број 3045  сабота, 25 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
На прво место

Клановска пресметка во десницата


Љубен Пауновски и Лупчо Георгиевски

Некогашните партиски соборци Георгиевски, Пауновски, Груевски и Бошкоски сега не сакаат да се видат

Соња Крамарска

Љубе Бошкоски вчера се упати кон битолското село Могила - се сеќавате онаму каде што за време на претседателската кампања беше исвиркан претседателот Ѓорге Иванов. Тогаш таму подобро не помина ниту премиерот Никола Груевски бидејќи голем дел од измамените млекари од „Сведмилк“ се токму од тоа подрачје. Но млекарите, како што е познато на крајот сепак му простија на ВМРО-ДПМНЕ, а Бошкоски сега отиде да ги праша како им е со старо-новата влада на десноцентристичката коалиција предводена од Груевски.

Визитата на Бошкоски на Могила не можеше да дојде во полошо време. Цела една седмица пред неговото вчерашно доаѓање во ова битолско село измина во знакот на препукувањата на Бошкоски со Груевски. На средина меѓу нив се најде Јохан Тарчуловски кој остана во Хаг за разлика од Бошкоски кој беше ослободен од сите обвиненија. Груевски, соочен со алармантен пад на својата популарност безобзирно почна да го користи Тарчуловски во пресметката со Бошкоски кому се' уште не може да му ги прости 150 илјади гласови што ги собра во првиот круг од претседателските гласови и кои се од контингентот на десницата.

На друга страна, пресметка се одвива и меѓу некогашната икона на ВМРО-ДПМНЕ Љупчо Георгиевски и Љубен Пауновски-некогашен министер за одбрана во владата на Георгиевски кој беше обвинет за криминал и кој близу една деценија води битка по судовите тврдејќи дека е невин. Пресметката меѓу нив двајцата кулминира со обвинувањето на Пауновски до Георгиевски дека во екот на конфликтот во 2001 заговарал промена на териториите на земјата во корист на Бугарија, на шт�� Георгиевски возврати дека Пауновски бил член на бугарофилското крило, а сега сака да му се додвори на новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Груевски.

Јавноста не може да се изначуди од нивото на пресметката меѓу клановите во десницата. Бошкоски, кој на терен не располага со голема политичка сила од нејасни причини му е трн во око на Груевски, а судејќи според нападите врз Георгиевски актуелниот премиер се решил да се пресметува и со својот некогашен политички ментор- но преку Љубен Пауновски. Очигледно е дека Груевски тешко се помирува со критиката што доаѓа токму од политичката страна на која и самиот и припаѓа-десницата и дека се труди на сите начини да ги замолчи Георгиевски и Бошкоски кои не штедат зборови во лошото портретирање на актуелниот премиер.

Филип Петровски, некогашен актер на вмровската сага од деведесеттите, во колумна за нашиот весник осврнувајќи се на феноменот напади во внатрешноста на десницата вели дека Груевски е очаен поради падот на рејтингот и дека за тоа го обвинува Бошкоски и неговите критики. „Кога разбраа (врвот на ВМРО-ДПМНЕ, н.з.)дека Бошкоски не ќе биде лесно да се контролира, дека има свое мислење (па макар и да е погрешно), веднаш беше отпишан. Плус веќе не можеше пред народот да се користи како ЕПП секој ден бидејќи се врати од Хаг“, пишува Филип Петровски кој и самиот се наоѓа на спротивната страна од барикадите.

Некогашниот лидер, пак, на ВМРО-ДПМНЕ Љупчо Георгиевски за кој се верува дека се подготвува постепено да се врати на политичката сцена, се наоѓа на летен одмор надвор од земјава, но тоа не му пречеше да распали со сите оружја против Љубен Пауновски. Георгиевски, според одделни информации своите политики ќе ги искажува преку сопствена тинк-тенк организација која во иднина почесто ќе се огласува со цел да добие гласност на политичката сцена.

Следното што со внимание ќе го следи јавноста во оваа внатре-вмровска пресметка е дали нападите од Груевски ќе доведат до некаква неформална коалиција меѓу Георгиевски и Бошкоски бидејќи тие двајца постојано одрекуваат дека дејствуваат оркестрирано. Интересно е прашањето и каде ќе се позиционира Доста Димовска која не е во немилост кај Груевски, но се најде во метата врз која пука Љубен Пауновски.

Бошкоски во одбрана на Георгиевски

БИТОЛА - Поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски, застана на страната на Љупчо Георгиевски во актуелните препукувања на експремиерот со својот поранешен министер за одбрана, Љубен Пауновски. Бошкоски вели дека иако политички се разликуваат со Георгиевски, сепак, за невистинити ги нарече обвинувањата за размена на територии и народи меѓу Македонија и Албанија.

„Жив сведок сум на настаните од 2000 и 2001 година и активен учесник. Најодговорно тврдам дека Георгиевски е апсолутно во право во однос на Пауновски. Овие напади за Љупчо Георгиевски и Доста Димовска се неосновани и веројатно нарачани од некој центар“, изјави Бошкоски во пелагониското село Могила каде што вчера беше во посета на тамошните фармери и земјоделци.

Што се однесува до последните обвинувања на адреса на Љубе Бошкоски, дека не помагал во одбраната на Јохан Тарчуловски , тој оваа ситуација ја толкува како уште еден линч од серијалот кој актуелната Влада го практикувала против него. Бошкоски овој пат со порака до актуелниот министер за одбрана, Зоран Коњановски. „Коњановски, кој излезе во одбрана на Груевски, ќе го запрашаме зошто ги остави македонските војници седум дена на аеродромот во Скопје со конзерва и по тие жештини. Иако формално ги испрати за Авганистан, за жал, тој излезе да брани нешто што не е одбранливо. Набргу ќе дојде денот кога некој ќе се срами, а јас ќе одам со крената глава“, порача Бошкоски. (А.Б.)


Статијата е прочитана 3755 пати.

Испрати коментар

Од: kole
Датум: 25.07.2009 00:05:48
Кога ќе погледнам кој се бил на чело на оваа држава??? Едноставно се разочарувам, каква багра сме ставале на чело на државата???
Од: Mene do Vas
Датум: 25.07.2009 00:27:27
Neprijatelot na mojot neprijatel e moj najdobar prijatel. Predavnici NADVOR od Makedonija. Ne mi e jasno koj ve trpi i slusha? Ljopovi, bagro predavnicka narodot ce vi sudi!
Од: lav
Датум: 25.07.2009 01:28:11
да живее брат Љубе,пауновски арамијо една напушти ја Македонија засекогаш!!!!!!!!!!!!! Да живее брат Љубе!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Од: lenin
Датум: 25.07.2009 02:34:38
Se sobrale se lopov do lopov kade beche gospodinot paunoski do sega sega kazuva prikazni koj na nikogo ne mu trebat i chto korist od toa.
Од: sikter vmrovci
Датум: 25.07.2009 02:52:33
Bozeeee KOJ luge ni ja vodele drzavata!!!!! Narodeeee Makedonski dali si slep????? Dali gledas zosto nasa Makedonija dojde do ova deredze???? Tie istite pa duri i beter seuste ne vodat. Gruevski e najlos od site. Gledate li kaj ja vodi Makedonija. Glumi "patriot" i bozem ne go dava imeto a zad grb pljacka i sve unistuva. DPMNE nikogas poveke na vlast. Koga i da dojdat imame vojni omrazi i pljacki. Mozebi i prethodnite ne bea sjajni no vo sporedba so ovie bea zlatni. Odete si Gruevci i NIKOGAS da ne se vratite - SIKTER OD MAKEDONIJA!!!!!!!!!
Од: mitko si bira svoj omilen VMROvec
Датум: 25.07.2009 02:53:56
Jas najmnogu si go sakam Ljubceta. Zatoa sto e eden od retkite VMRO-ovci bez govorna maana. A bogami vo nekolku prilika znael da me iznenadi so kazuvanje na vistinata vo oci na narodot. Vidovte li kako Bukefalcite (toa e najglupiot del od glasackoto telo na VMRO koe veruva vo falsifikuvanjeto na istorija) pocnaa da se penat na emisijata na Milenko Nedelkovski i da prakaat SMS poraki. Koj drug politicar e tolku hrabar da kaze javno na televizija deka starite VMRO-vci vikale deka se Bugari, deka so DNK testovite nisto ne se dokazuva, deka Makedoncite se Slavjani i deka se drugo e smesno, deka Makedonija treba da se deli za da Makedoncite bidat srekni, deka e glupo da se zbori Aleksandrizacija i mnogu mnogu drugi raboti. Koga takva hrabrost ke pokaze eden GrujoI uste edna rabota od emisijata so Milenko se vide deka Ljubco ne zel bugarski pasos zatoa sto e bugarofil tuku da si go socuva ukradeniot plen i za da ne zavrsi vo zatvor. Ete dragi citateli zatoa jas najmnogu si go sakam Ljubco.
Од: Vane - Kavadarci
Датум: 25.07.2009 03:06:23
Bagra !!!
Од: vmrovec
Датум: 25.07.2009 03:39:58
e pa ovoj Paunovski ke kaze li nesto za milionite sto gi dade na dedo mu i badjanakmu ili uste ke ne pravi budali. Za nego se velese deka e najgolem bugarofil vo VMRO DPMNE so klapata na Dilitrovi i Antonio Milosovski a pak sega se pravi najgolem MAKEDONEC. Cuvaj ne boze od takvi Makedonci. Eeeeeeeeeee Grujo veke ni sv.Petar ne ke moze da ti go zadrzi rejtingot site vmrovci poleka pocnaa da ja prepoznavaat tvojata valkana igra. Eden den se ke platis za unistuvanjeto na VMRO i pravite vmrovci toa so sigurnost mozam da ti go garantiram ako ne se svestis.
Од: nacional-patriot
Датум: 25.07.2009 03:41:26
kakov pad, vide pad i sto sega?vodopad.abe sonja. odnosot e 3:1 za VMRO i so viznata liberalizacia rejtingot na Gruevski uste ke porasne. ova go priznavaat i nekoji od opozicijata.
Од: Jovan
Датум: 25.07.2009 03:44:15
Stvarno neznam sto da kazam se sramam sto ziveam u oaa drzava na predavnici ,lopovi i prodadeni dusi.U koja drzava se trpi vakov slam od ludje a zgora na toa bivsi premier i ministri.Sram da im e .Ljubco predavnik prva klasa .Ljuben Paunovski dokazan lopov pa uste i pravda saka da istera a lapnal 6.000.000 DM A onoj Ljube ne znae na koja strana sega da se svrti "siromav toj" abe ludje toj li drzava ke vodi tesko nas.Pocav da se zalam sebesi i narodov vo kakva drzava sme se rodile i ziveeme i kakvi se ne ja vodat drzavata.Pozdrav i pamet kogo birame na sledni izbori.
Од: aleksandra
Датум: 25.07.2009 03:49:54
do mene do vas.ne nadvor nego ovde,vo zemjata koja ja opljackale i od narodot pravele budaletinka.ako makedonija ima sposobna vlada,drzavno obvinitelstvo,ustaven sud i na kraj sposobni novinari,togas ova ne treba bez reakcii i bez prezemanje rigorozni merki taka da pomine.se e kazano i sega na Ljubco,Lj.Boskovski,Dosta,Paunovski i kompanija kako najprvo treba da gi strpat vo sutka se dodeka ne se ispita cela rabota i ne gi vratat parite sto gi ukrale.veruvajte mi deka vo Germanija,kade sto ziveam,za ova bi se dignalo takva prasina se dodeka ne se rasvetli celata rabota.pa kade ziveeme i vo koj vek?!
Од: seirxhija
Датум: 25.07.2009 04:06:25
poleka be decki, do vcera se kolnevte vo taa bagra
Од: Ace od Avstralija
Датум: 25.07.2009 04:40:19
Kolku pati Ljubco Tatarinot javno prizna i apelirase Makedonija da se podeli na Albancite i Bugarite? Ljube, odi pravi kebapcinja, skari i drugi mirudii, trgni se od politika i Makedonija zasekogas. Ili pravi mu drustvo na oktopodot
Од: Prav VMRO vec
Датум: 25.07.2009 06:24:47
Kakva klanovska presmetka kakvi crni kamena!?I Georgievski i Boskovski zaedno nemat nitu 1% od rejtingot na Gruevski!Ili stvarno nema nisto povazno vo svetot ili pak stvarno sakate vie novinarite da napravite od nisto nesto, kako vo slucajot da vrakate umreni politicari vo zivost od tipot na poltronite Georgievski i Boskovski!
Од: lenin
Датум: 25.07.2009 07:26:23
Klasicna VMROVSTINA> Site gore spomenati vo teksot se so dijagnoza i toa predavnicka i lopovska. So eden zbor BAGRA VRHOVISTICKA!
Од: caki
Датум: 25.07.2009 07:32:29
toa se vika skaraj pa vladaj neka se cuknat ovie pa da vidat vo sto e rabotata a na grujo nadvor od sekoj komentar gledaj vo idninata ostavigi decata da se karat posto toa e zamka sto go sakase sdsm
Од: razocaran od politicarive
Датум: 25.07.2009 08:41:02
Makedonskiot narod dozivuva najgolemo ponizuvanje i maltretiranje od sopstvenite kvazi politicari i predavnici.Ni vo Tursko,ni vo Sr5psko,ni vo Bugarsko ropstvo ne sme bile na vakov nacin ponizuvani i iskoristuvani od ovie kriminalni bandi.Morame da se osvestime na slednite izbori inaku ke ne rasturat od koren i nacijata i drzavata.
Од: Tom
Датум: 25.07.2009 09:20:19
Do koga kvazi novinarke Sonjo ke insinuiras gluposti kaj vide tialarmanten pad na popularnosta na Gruevski, kogo ti zamaevas i lazes , pa duri toj bezobzirno go koristel Trculovski za presmetka so livadata Boskovski.Zasto lazes pa Gruevski ima nad 30% popularnoist., sto ke mu poveke.Drugite ne se ni do 10%..Platenicke raboti vo Biltenot na SDS no bar so maklu usul da ne bide epten prosirno.
Од: Трпе.
Датум: 25.07.2009 10:46:26
Шилото,влти,влти и ќе излезе на вистинската страна.Кога тогаш вистината излегува на виделина.Ееее..мои дпмне-овци во кого сте се колнеле.А треба да се прашате и во кого се колнете.Некои ќе кажат дека сегашниот се разликува.Но ако малку ѓи отворат очите ,ќе видат дека е исто, само копирано преку индиго.
Од: Nikola
Датум: 25.07.2009 11:30:25
Ah be majkata,ke se najdat li deset chesni Pravi,Vistinski MAKEDONCI koi se od majka rodeni...Se e ova za vzatvor.Prv Ljpche pa po nego site ostanati.Da zavrssi so Brane.A redar tamu da im bide Stole.Ajde be deca mladi dignete se rassutirajte gi ovie bitangi oti propadnavme,ke ni ja snema Makedonija.
Од: Виктор
Датум: 25.07.2009 13:07:14
Да бев како Љубчо ќе се откажев од Македонија. Не може да се описменува народ што намерно е оставен неписмен во последните 60тина години.
Од: gospodin
Датум: 25.07.2009 14:57:25
niti sum bil komunist niti pa nekoj od mojata familija ama da kazam deka komunistite ja oslobodija makedonija i za nivno vreme se ziveese iljada pati poubavo od sega. i tie nebile svtci ama ne do ovaa mera. denesnava bagra od vm ovci treba da se rasturi kako bugarska skupstina ane da pljacka i da ja deli makedonija
Од: Iskra
Датум: 25.07.2009 14:57:58
Lubco bese najdobriot premier na ovaa drzavicka koj se sto kazuvase i predviduvase se ostvari, samo site nie ostanatite gragani go smetavme za netaman, neveruvajki deka seto toa sto go kazuva ke se ostvari, deka ke imame svoi pari, vojska, policija,fudbalska reprezentacija, institucii koj bi trebalo da mu sluzat na narodot, no nie Makedoncite po kod sme takvi "neverni Tomi" i ne mu se poveruvavme. Prvo ne go smetaa za covek i politicar, no koga dojde na vlast vednas se oseti kako ovaa mala drzavicka trgna napred. Dade sloboda na site i na mediumi i na biznismeni, site gi izvadija parite od pod pernici, site gradat nesto, firmi pravat, nema inspekcii osven tamu kade sto trebase(Zingo) na primer, sekoj mozese da kaze sto saka i sto mu lezi na dusa pa duri i protiv nego, go pravea psihopat no toj ne se odmazduvase, preminuvase preku se. Dade narodot da kupuva-prodava se i sesto, parata se vrtese i site bea zadovolni osven strancite i go smaknaa od vlast oti tie ne mozea da "davat pamet"
Од: zabegan.
Датум: 25.07.2009 15:51:46
една национална мањина кај нас вели,ОСТАЈГИ ПАЧИТЕ ЌЕ СИ ГИ ИЗЕДАТ.Почна Арамот да делува,се со текот на времето се што јаделе од појќе ќе го повраќат.
Од: verag
Датум: 25.07.2009 16:06:44
Без ни малку срам Љубчо признава дека до министерско место кај него се доаѓало по пушачки пат.Не кажува колкаво било бугарофилското крило,но јас мислам дека било доста големо. Така,еден ВМРО-вец,кој сега вели дека никојпат не го сакал Љубчо, тогашме уверуваше дека теле не можеме да го пишуваме на наш начин. Асега го сака Груевски. Колку што се сеќавам,Груевски беше назначен за наследник на Љубчо од него самиот,па секако било во исто крило. А бугарофилката Доста Груевски ја назначи на функција во Софија.А тие милиони што испарија,не може само Пауновски да одговара. Кој дозволил пари во готовина да се префрлат пред извршената услуга? Директорка на Управа за јавни приходи,но од СДСМ, осудена е само затоа што префрлила пари пред да биде готова зградата,иако државата ништо не губи.Не ме чудат политичарите што се толку расипани,но ме чуди овој наш народ што е толку глуп.
Од: zaki
Датум: 25.07.2009 16:11:04
za se e kriva anketata na iri koja kazuva deka za partijata vmro dpmne se 31 procenti od glasackoto telo a za nikola samo24 procenti sto vo prevod znaci golema tretina od glasacite na vladejackata partija sakaat drug covek za pretsedatel na partijata.rezultatite se proanalizirani i sfateni na vistinski nacin i pocna lovot na vesterki.megutoa lovcite moze da se zapletkaat sami vo stapicite sto gi postavija pa rejtingot da padne uste poveke.sekoj makedonec mnogu dobro znae koj go prati vo hag na johan i so kogo e vo vlada kole
Од: liberal
Датум: 25.07.2009 16:24:00
Pa site sega sto se kolnat vo Gruevski se istite sto se kolnea vo Ljubco i kompanija sto posle nekolku godini javno moze da se vidi sto pravele i dogovarale. Pa i Grujo bese vo negovata VLADA. Kako vikaad starite ne pagja iverot podaleku od kladata. Po izvesno vreme istite sto se kolnat vo Grujo ke go psujat kako sega sto psujat Ljubco, no se plasam da ne bide docna za mnogu raboti. Ke ni otide i drazvickata na koja site se raduvavame. A vo posledno vreme barem polovina od makedoncite ne znaat sto se. Da bas taka !!!
Од: Red Rose: Do Lenin
Датум: 25.07.2009 16:42:37
Bravo! Laconica brevitas (Lakonska kratkost).Se e kazhano vo 3 reda.Vistinata i sudbinata (nasha makedonska) so ovakvi petokolonashi.
Од: University Professor from USA
Датум: 25.07.2009 20:14:54
mavneteja ovaa bagra od stranicite na vesnikot!
Од: zoro
Датум: 25.07.2009 21:08:36
Цела ВМРО- всак историја е предавничка , арамиска и бугарофилска. Уште во 1994 г. Љупчо со најтесното партиско раководство ја договори делбата со Џафери. Никола Груевски длабоко свесен за тоа како министер за финансии и економија дебели пари давасе за таа цел. И сега историјатра се повторува само на малку подскриен начин , со антиквизација и сечење на словенската гранка по која сме препознатливи и со докуименти подкрепени во светот.А паскал кузман што подметнува наоди на неговиот плаошник и самоилоива тврдина си е башка работа ни се смее научната јавност како диви копачи цела држава да сме
Од: pikaso
Датум: 26.07.2009 09:52:55
Da vi bidi pojasno na site makedonci,dedoto na Paunovski gospodinot Lupco Petkovski vo socijalizmot rabotese vo MVR kako nacalnik vo sektorot za finasov kriminal,ve molam objavetego komentarov.
Од: od Bobby
Датум: 26.07.2009 12:41:32
Ne me cudi nisto oti se site tie vospituvani od nepismenite komunisti koje se raboti ka korupcia lazene i kradene koi cel zivot se zanimavale ovie nisto podobri nese so kakovsi takovsi jadna Makedonija i Makedonskiot Narod ne me cudi nisto.

Најди! во Утрински
На прво место
Ќе има ли, конечно, консензус за европската приказна
Препорака за датум - со вето или без вето