Број 3045  сабота, 25 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
На прво место

Препорака за датум - со вето или без вето

Првпат од Брисел се навестува подготвеност за таков чекор

Од нашиот дописник
Слободанка Јовановска

Брисел - Европската комисија ќе препорача датум за преговори за Македонија, и да има и да нема решение за спорот околу името на државата - е пораката што ја потврди вчера портпаролката на еврокомесарот Оли Рен, Кристина Наѓ, на грчко барање. Прашана директно како ЕК планира да излезе со таков предлог кога знае дека Грција ќе стави вето на одлуката, Наѓ одговори лаконски: „Не знаеме, ќе видиме“.

Иако спорот околу името никогаш не се поставуваше како услов за препораката за датум, досега тоа се подразбираше меѓу редови, па првпат неделава од Брисел се навестува подготвеност за таков чекор, без оглед каков ќе биде исходот на преговорите во Њујорк. Уште пред три месеци известувачот за Македонија, Ерик Мејер, се пожали дека во Советот и во ЕК толку се упорни да и' дадат на Македонија датум годинава, што ги ублажуваат и ги игнорираат пропустите во земјата. Грчките дилеми вчера се однесуваа на тоа зошто претседателот на ЕК, Жозе Мануел Баросо, би ја жртвувал својата политичка иднина излегувајќи со предлог што ќе ја налути Грција, но реалноста е дека до давањето ваков предлог Баросо веќе ќе биде реизбран или не на функцијата. Ако се анализираат случувањата околу блокадата на преговорите со Хрватска (која по којзнае кој пат се повтори вчера), станува јасно дека ЕК избра друга тактика да се справува со ветата, и дека тоа сака да го сфатат и земјите што во иднина ќе се обидат да го користат, исто така, за билатерални прашања. Имено, идејата е целиот притисок да им се префрли на државите што се спорат, а ЕК да ја турка процедурата се' додека самите не ја сфатат баналноста на ситуацијата и најдат решение за спорот. Во тој стил Баросо вчера и' порача на новата хрватска премиерка дека ЕК им понудила политички услуги, но се видело дека тоа не помогнало, па сега останува земјите сами да го решат спорот, со порака на крај дека им посакува „многу среќа во тоа“. Во таа смисла ваквата неочекувана најава кон Македонија се сфаќа како притисок и врз Македонија, и врз Грција, бидејќи нам ни ја прави загубата многу поголема ако не се реши спорот, а на Грција и' испраќа порака дека ќе мора да се соочи со гневот на другите земји-членки ставајќи уште едно вето. Реално, Грција досега не беше во ситуација да го стори тоа во однос на Македонија на највисоко ниво, а ќе мора и да објасни како може една земја да се држи пет години надвор од интеграцијата поради билатерален спор. Секако, не треба да се исклучи и можноста дека ЕК, како и НАТО пред Самитот во Букурешт, сака да ја спаси владата на Караманлис, која некаде во тој период треба да си ја одмери силата на избори, при што грчките процени се дека ветото ќе му помогне многу повеќе за рејтингот на веќе отпишаниот премиер, околу решението за спорот. Во Брисел, нормално, никој нема да потврди кое сценарио е во игра и единствено што е реално е дека Лисабонскиот договор веќе не се гледа како пречка, па нема потреба и во иднина да се закочува процесот на проширувањето. Така, веќе на министерскиот состанок в понеделник земјите-членки ќе се изјаснат за апликацијата на Исланд, Црна Гора веќе доби прашалник, а се најавува и чекор напред во однос на Албанија, додека од Србија се очекува само добра волја околу условите за силно да се турне напред.

Инаку, Рен вчера не успеа да ја заврши балканската турнеја, бидејќи доби висока температура, а според извори од ЕК, го изгубил и гласот, па морал да ги откаже сите средби во БиХ. Како и да е, обраќањето што го планираше за БиХ вчера им беше дистрибуирано на новинарите во Брисел.


Статијата е прочитана 1934 пати.

Испрати коментар

Од: kris
Датум: 25.07.2009 00:06:44
Auuuu, da vidam da ne veruvam! EU ke imala principi i vo praksa???
Од: Mene do Vas
Датум: 25.07.2009 00:54:18
Sto li ste go hranele sto li ste go poele. Ne e naucen rakija da srkne niti peceno meso. Da ste mu dale gotovo jadenje od mikro, ovaka bolen veli bil. Citam i ne veruvam sto gledam. Citam i ocila menuvam. Ona so sudskata postapka protiv Genocidna Grcija ima efekt. Aferim. Site makedonski predavnici kapa da simnat na Grujo iako jas ne go obozavam zaradi kradenjata od strana na negovite sopartijci. Ja sotrea M. Se radjaat novi despoti na tudja pot. Narodot, kasno, ama svaca i kaznuva ljopovi.
Од: Ilija
Датум: 25.07.2009 06:42:24
Pa normalno nema da stavi veto na nekoj si datum za start na pregovori,i Slovenija ne stavi na Hrvatska ama koga dojde za vistinsko clenstvo a ne nekoj si datum togas stavi toa i nas ne ceka.Malku poinakvo morkovce.Ne go menuvajte imeto po niedna cena! a najmalku za datumcinja
Од: caki
Датум: 25.07.2009 07:28:25
ednas za sekugas treba eu da se otvori i zemjite da si najdat resenie toa e demokratija znaci popusti eu zidot makedonija e vo golema prednos samata situacija kazuva see 125 zemji ne vikat mk
Од: kristo
Датум: 25.07.2009 07:33:01
Е ова е квалитетна новинарка и фактограф а не плукач како Манчо, Соња и други слични.
Од: Prazno i suplivo na kartata na EU
Датум: 25.07.2009 09:31:25
Nivnata cel uste od samiot pocetok koga Germanija poradi obedinuvanje se zalagase najmnogu, e da se obedini Evropa(EU). Ako pak frlime pogled na kartata prazno se gleda Srbija,Bosna,Makedonija,Hrvatska,Kosovo i Albanija. Toa nemoze da ostane taka, bidejki taa osnovna ideja rodena po Vtorata svetska vojna ke propadne.Zatoa im trebame i zatoa pretiskat. Nivni e zortot, a ne nas. Zatoa nasiot vrv da ne brzopleti.
Од: mkm
Датум: 25.07.2009 12:19:47
Дали конечно ЕУ заплеткана во сопствената непринципиелност сфати дека нивната две-три сандардна политика спрема избраниот клиент станува непродуктивна за нивните политичари и дека истата е веке прочитана и видена ствар..Самиот одговор ке видиме... јасно ја потцртува немиокноста на ЕУ дипломатијата за да се справи со диктаторските принципи од типот на „вето„што самата го вовела.не препоставувајки дека во нивната плитика на проширување скриено геноцидно-фашистички ментални политички остатоци на нивната членка Гција ке ги дефинира како анти демократски процеси.Кога ли Еу ке се распадне ако продолжи ваквата политика .Ако се работи за полека напуштање на таквата политика еве им шанса по грбот на македонија да докажат дека се Европски демократи и на Грција да и стават „вето„ за нејзиното вето.Формата не е постигнат договор мегу членките е дипломатска змена за ветото.ЕУ да ја поправи грешката од април 2008
Од: zaki
Датум: 25.07.2009 16:32:47
ako ja pogledneme kartata na balkanot ke zabelezime deka zemjite za koi se smeta deka se nacionalno nehomogeni i krslivi seuste ne se primeni vo eu.dali mozebi eu ceka na povtorno iscrtuvanje na granicite na ovie drzavi po etnicki princip ostanuva da vidime.najverojatno taka velat zapadnite analiticari kosovo ke se podeli na severno i juzno,srbite zagubata na juzno kosovo ke ja kompenziraat so republika srpska od bosna a kosovarite zagubata na severno kosovo ke ja kompenziraat so zapadna makedonija.dali nekoj ke saka da ni ja kompenzira zapadna makedonija so solun na pr ostanuva da vidime.kako i da e kolku i da se trudat balkanskite zemji sepak ne zavisi od niv ,ima snajder koj ke ja skroi mapata na jugoistocna evropa.standardi,kriteriumi ,toa se prikazni za mali deca.zarem litvanija i romanija se pred nas vo nesto?edinstvena prednost im e sto granicat so rusija.taka da kolku i da se trudime da mu ostavime na snajderot
Од: Ljupco
Датум: 25.07.2009 19:33:43
mislam deka ke nema veto 125zemnji ne vikat Makedonija

Најди! во Утрински
На прво место
Ќе има ли, конечно, консензус за европската приказна
Клановска пресметка во десницата