Брoj 2776  понеделник, 01 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хороскоп
Дневен хороскоп

Овен

Сфативте дека од мудрување не се живее, затоа тргнете во акција. Кај вас се' се случува молскавично, па таква е и денешната одлука. Со една Водолија остварувате одлична соработка на сите полиња. Правилата на игра поставете ги вие и бидете внимателни.



Бик

Ви годи дружење со уметници, бидејќи и вие поседувате талент. Разговарате со луѓе кои се занимаваат со тоа, затоа и добивате многу инспиративни моменти. Денот е одличен за љубов, потрудете се да го искористите тоа.



Близнаци

Ве окупираат обврски, но денот е поволен за склучување договори и размислување за тоа. Поседувате зголемени ментални способности, ќе избегнете непријатни ситуации. Слободните моменти поминете ги со работи кои ги сакате. Книжевноста е на прво место.



Рак

Смислата за форма е силна, но тоа не значи дека треба да бидете формалисти. На партнерот му наоѓате мани, конечно сфативте дека тој во вашиот живот ја свири втората виолина. Потребно ви е нешто посилно што ќе може да ве понесе, на пример Бик. Затоа тргнете во акција.



Лав

Добро се чувствувате. Расположението е променливо, но тоа за вас е нормална работа. Ви пречат лица кои не се во состојба да ги проценат вашите реални можности. Поддршка, макар и со зборови, секому му годи. Насочете се кон партнерот, тој ве разбира.



Девица

Во друштво се трудите да ја докажете исправноста на своите гледишта, но околината не ве сфаќа. Мислите дека сте вообразени. Доколку некој сака да ве разбере, мора многу да се потруди. Проблемот овој пат не е во вас, луѓето не се способни да го разберат вашиот ментален склоп.



Терезија

Се занимавате со она за што имате најмногу смисла, а тоа е уметноста. Доколку сте активни, барем пасивно уживајте во туѓите креации. Растргани сте на повеќе страни, но се' успевате да обедините. Имате време за дружење, а особено за љубов.



Скорпија

Сте забележале колку често размислувате дека сте најпаметни? Не сте ни свесни колку и' пречи вашата самодоверба на околината. Тие мани мора итно да ги совладате, зашто во спротивно ќе страдате. Партнерот се засити од тоа, затоа и ќе се дистанцира.



Стрелец

Тема на неделата се брачните односи. На тој план сте пречувствителни и сметате дека партнерот многу бара, а малку возвраќа. Проблемот е субјективен, потрудете се извесно време да се дистанцирате. Бидете почесто во кругот на семејството, таму ќе најдете мир.



Јарец

Слободните моменти искористете ги за занимавање со хоби. Задолжително шетајте покрај вода, таа ќе ве поттикне да размислувате повеќе, па ќе бидете на праг на создавање нови животни дела. Ако сакате да имате повеќе енергија, олабавете се.



Водолија

Иако ситуацијата бара големи промени, успешно ја совладувате. Избрзано носите одлуки и дејствувате молскавично, баш онака како што одговара на вашиот темперамент. Ако се дружите со Овен, кризата ќе ја пребродите полесно.



Риби

Се' правите за да ги расипете односите со партнерот, па не е ни чудо што имате љубовни јадови. Разочарувањата имаат причина, а покрај тоа тие се наоѓаат и во вашата природа. Не сте подготвени за компромиси, а уште помалку за промени.









Најди! во Утрински
Барај со НАБУ