Првиот ден од работната недела ќе ми почне без сериозни обврски. Откако добро ќе се одморам, ќе одам да пешачам покрај кеј, а потоа ќе заминам некаде на ручек. Вечерта ќе ја поминам пред телевизор во домашна атмосфера.
Снежана Стефановска ТВ-новинарка
И денешниот работен ден го почнувам со обврски во Алфа ТВ. Најпрво ги разгледуваме домашните и странските спортски сајтови да видиме што е ново во светот на спортот, а потоа почнувам со работа. Бидејќи попладнето ќе го минам на работа, вечерта ќе ја искористам за одмор или за прошетка.
Влатко Илиевски пејач
Како и секое утро, ќе станам во 8,30 часот, ќе прошетам низ центарот на Скопје додека градот спие, а потоа одам во студио, каде што ќе работиме на песната со Тамара што треба да излезе за неколку дена. Планови за вечер немам, зашто во последен момент може да излезе некој професионален ангажман.