Број 3457  среда, 15 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Телекомуникации








Site Meter
На прво место

Иванов: Грчките политичари ни прават штета!

„Главната причина зошто се' уште нема решение за името не се политичарите во Македонија“, рече вчера Иванов во годишното обраќање

Оливера Војновска


Шефот на државата Ѓорѓе Иванов вчера во Собранието во своето редовно годишно обраќање пред пратениците го откри главниот виновник за нерешавањето на проблемот со името, препознавајќи го во „некои грчки политичари“. Според претседателот, тие му нанесуваат штета на билатералниот спор, додека македонските политичари немаат никаква вина. Освен претставниците на грчката политичка елита, Иванов ги искритикува и домашната политичка и експертска јавност, но не и Владата. Претседателот имаше забелешки за опозицијата, невладините организации, медиумите, експертите...

Иванов го повтори ставот дека Македонија сака решение за спорот со името, повика на обединетост и сплотеност, но и овој пат не кажа ништо конкретно. Повторно слушнавме дека тоа ќе биде во рамките на грчко-македонската привремена спогодба од септември 1995 година и со конечна одлука на граѓаните. „Не постои одржлива алтернатива ниту за Македонија ниту за регионот освен европските интеграции и затоа членството во НАТО и во ЕУ е наша стратешка определба. Но, тој пат го попречува проблемот што го создаде Грција околу името. Подготвени сме на европски начин да ги премостиме разликите, но на европски начин“, рече Иванов.

Тој потенцира дека одговорност на секој релевантен политичар во Македонија е да не го злоупотребува грчко-македонскиот билатерален спор во контекстот на интеграцијата во ЕУ и НАТО. „Не треба да се охрабрува неединство меѓу граѓаните. Точно е дека дневната политика по ова прашање внатре во земјата ни причинува извесна штета. Сепак, сакам да нагласам дека главната причина зошто се' уште нема решение се некои грчки политичари, а не политичарите во Македонија. Време е да се напуштат стереотипите и предрасудите од минатото во корист на заедничката иднина“, истакна Иванов.

Тој побара од Грција, како членка на ЕУ, со нас да се однесуваат европски. „Затоа, уште еднаш порачувам – дека не е прифатливо да се разговара за решение што задира во македонскиот идентитет, во македонскиот јазик и во Уставот како чувар на нашата државна сувереност и нашето национално достоинство. Затоа, сакам да подвлечам - додека сум претседател на Република Македонија тоа нема да го дозволам. Ние судбински ја доживуваме старата мудрост – номен ест омен – во името е суштината“.

Иванов нагласи дека нашето име одразува суштински дел од македонскиот идентитет. „Нашите предци се соочувале со многу поголеми притисоци, но никогаш не подлегнале, со голема мака ни го оставиле она што треба ние денес да го сочуваме за идните генерации“, порача Иванов. Додека ова го говореше во салата се разлеа силен аплауз од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот очекува, како што рече, дел од јавноста повторно да ги употреби старите квалификации дека не работи по сопствено убедување и дека не е доволно гласен“. Тој изрази разочараност од „кризата на довербата во невалидниот сектор“. „Бев особено погоден од информациите за можни системски злоупотреби во дел од овој сектор. Довербата која била градена со години може да се загуби за еден миг“, рече Иванов, додавајќи дека овој проблем е уште посилно изразен кај медиумите. „Замаглувањето на границите меѓу владиниот и невладиниот сектор, меѓу политиката и медиумите, доведува до состојба во која се губи довербата на граѓаните, но се губи и суштината на демократијата“, подвлече претседателот.

Оценувајќи дека „ние сме најсветол пример на Балканот за соживот и толеранција“, Иванов на крајот од излагањето констатира дека „нашата цел е јасна – инклузивна, демократска, европска и евроатланска Македонија“. „Иако на тој наш пат се соочуваме со многу предизвици, сепак, верувам дека оваа цел е достижна. Сметам дека формулата за успех веќе ја знаеме – повеќе сплотеност, а помалку поделби“, рече претседателот. Убеден дека „храбрите ги следи среќата“ говорот го заврши со една од неговите омилени реплики: „знаеме кои сме, знаеме што сме и знаеме каде одиме“.


#
Статијата е прочитана 1222 пати.

Испрати коментар

Од: Браво Претседателе!
Датум: 15.12.2010 12:17:58
Се гордеам што имаме таков Претседател.
Од: nekoj
Датум: 15.12.2010 12:35:21
Jaaa. Dobro. Grcija e vinovna. Sto pravime so toa? Resenie? Se mi stanuva uste pojasno! Go vidov parlamentot znam koj ne vodi. Go gledam i ovoj covek-profesor na fakultet. Sakate li drug dokaz deka ne e do diploma i skolo? :)
Од: Силвестер, Сиднеј
Датум: 15.12.2010 12:54:07
Не верувам дека Иванов и останатите од власта го разбираат проблемот, ниту пак имаат капацитет да го разберат. После долги години на отворени карти од грчка и европска страна, власта упорно си труби дека ние сме под неправда. Пак другите ни се криви. Тоа е како да се разболиш од некоја лоша болест и со години да трубиш дека јас не сум крив, болеста е крива. Е па ајде најдете лек за таа болест, во тоа е суштината. Вака само губиме време, а болеста само може да напреднува.... претседателе Иванов.
Од: Трпе
Датум: 15.12.2010 13:40:26
Браво за Ѓоле,тој стана поголем патриот и од папата(Груевски)Човекот воспитуван и надоградуван комунистички стигна до десничар и јак лажен илузионистички патриот.Готово е ,тој веке прифати за промена на името само не дозволувал да се менува идентитетот.А човеков заборавиу кој почна да не враќа во античко време и да не спријателува наместо со соседите и ЕУ,тој не спријателува со хунзите.Тој беше заштитник на својот брат,ама за власт сега ако треба и ке го продаде.
Од: realen
Датум: 15.12.2010 14:13:07
Mu preporacuvam trening, moze vo Hrvatska, Srbija, Kosovo, a najdobro e da odi vo Monte Negro.Za povisoko nivo, na eruditnost, patriotizam i solzilienje-neka se proseta so Gruevski (posledniov gi znae destinaciite)
Од: Професорка
Датум: 15.12.2010 14:22:55
Не, Г-не Претседателе. Македонските политичари ни прават штета. Ако сите други се криви, а такви ќе има секогаш, треба да знаете дека се работи за губитник по дефиниција.
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 15.12.2010 14:49:44
Нашите уште поголема...
Од: Јован АН
Датум: 15.12.2010 15:55:36
Опозицијата и дел од новинарите,меѓу кои и некои од “Утрински“ заедно со едни те исти “коментатори“(можеби од Бихаќка) ме потсетуваат на времето на покојниот Б.Трајковски кога овие истиве го понижуваа ди бесвест,а после ли��а (крокодилски) солзи.Демек,како него немало!Македонија ги исполни условите за ЕУ и НАТО но поради јужниве,на сите ни е јасно тоа,не не примаат за полноправни членови.Секој што тврди дека не е така или не разбира,или говори за инат или се н....

Најди! во Утрински
На прво место
Лаги и шпекулации на газда Велија за МПМ
„Нема да ја расипувам кохезијата“
За власта државнички, за опозицијата празен говор
Милошоски не верува во Хаг
 

Romanian opposition has a 'clinical obsession' with ousting president Basescu
Montenegro is officially awarded EU candidate status
Paris Agreement is contested on fifteenth anniversary