Број 3457  среда, 15 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Телекомуникации








Site Meter
На прво место

За власта државнички, за опозицијата празен говор

Наспроти ставот на парламентарното мнозинство дека годишното обраќање на претседателот Ѓорге Иванов е „државничко, сериозно, суштинско и издржано“, опозицијата оцени дека станува збор за „празен, безидеен и обесхрабрувачки говор“.

„Иванов како претседател ги застапува државните и националните интереси на Македонија. Тој ги реализира ветувањата од предизборната програма за народни канцеларии, за школата на млади лидери, за градењето релации со стопанството“, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев.

Пратеникот Андреј Петров од СДСМ не слушнал ништо ново од Иванов. „Освен празни фрази тој не кажа ниту збор за клучните предизвици на државата, како што е прашањето за предвремени избори“, смета Петров.

Пратеничката од ЛДП, Роза Топузова-Каревска, е на мислење дека „говорот е безличен и безидеен, соодветен на неговиот имиџ и авторитет со кои ја врши функцијата претседател на Македонија“.


#
Статијата е прочитана 387 пати.

Испрати коментар

Од: d.t.a Kavadarci
Датум: 15.12.2010 12:18:54
Pa nisto novo od SDSM . Tie nema da prifatat nisto kako od pozicijata taka i od Pretsedatelot pa kolku i da e toa dobro."Prazni frazi". Pa tie sto ocekuvaa ,falbi i lagi. E pa ne e takov nasiot Pretsedatel.A ona sto tie go smetaat za klucni predizvici izleze deka sepak nee taka. Pomirete se SDSM-nema predvremeni izbori.
Од: Трпе
Датум: 15.12.2010 13:56:42
Сигурно на Ѓоле му олекна,кога заврши со напишаниот текст за годишното обраќање пред пратениците.Сигурно човекот последните денови немал и апетит за јадење.Но заборави кој Македонија ја продаде на Хунзите.А тој си е најголем патриот на сопствената кујна.Тоа се гледа по неговата става.Не смее да се запостави дека тој почна да ја уништува ова напатена земјичка,прогласувајки се како претседател на античка Македонија.А многу добро знае кој ја има створено ова Македонија и ја имат оставено во аманет на своите наследници.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 15.12.2010 19:20:53
Сосема нормално и очекувано да говорот на преседателот воопшто не им се допадна на никаквата жолтоклунеста опозиција.Особено ги лути споменувањето за јазикот,идентитетот и уставот.Тие кога се во опозиција се многу ,,кооперативни,, на штета на сопствениот народ,додека кога се на власт е тогаш ,,се мажи кој ништо нема да променат,,

Најди! во Утрински
На прво место
Иванов
Лаги и шпекулации на газда Велија за МПМ
„Нема да ја расипувам кохезијата“
Милошоски не верува во Хаг
 

Macedonia prepares for politically sensitive census
Bulgarian leaders clash over foreign diplomats with Communist spy links
Romanian opposition has a 'clinical obsession' with ousting president Basescu