Број 3291  четврток, 27 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Хороскоп

Хороскоп


ОВЕН

Искористете го вистинскиот момент и доброто расположение за тимска работа, зашто не сте секогаш во вака добра форма. Ќе имате корист од партнерство од кој било вид. Пред вас е исклучително поволен ден за работа што ветува повеќе отколку што очекувате.



БИК

Вложувате огромна енергија во решавањето на одреден проблем. Склони сте кон бурни реакции и постапки од кои имате мала корист. Бидете внимателни и трпеливи ако сакате да го избегнете соочувањето со неистомислениците, кое може да биде многу бурно.



БЛИЗНАЦИ

И понатаму сте под влијание на сексуалната енергија. Бидејќи станува збор и за креативна енергија, искористете ја на разни полиња. Изгледате одлично, се чувствувате фантастично, а причината е субјективна. Деновиве ќе го сретнете човекот на својот живот.



РАК

Денеска ќе дојде до израз вашата елоквентност и информираност. Знаете што се случува околу вас, а кога станува збор за егзистенцијални прашања, ве бидува за давање совети. Љубовта ви е попотребна од кога било досега, но опкружени сте со погрешни луѓе.



ЛАВ

Среќни сте и задоволни. Направивте се' што е во ваша моќ, па сега можете мирно да уживате во признанијата. Доколку не сте се искажале на адекватен начин, некаде грешите. Размислете што би можело да биде проблем, па коригирајте се.



ДЕВИЦА

Креативната моќ и фантазија ви помагаат да се занимавате со она што го сакате, зашто таму го давате својот максимум. Ќе ја освежите врската со партнерот, а нежностите ќе бидат ваша главна преокупација. Ако ви здодее некој лав, свртете се кон терезиите.



ТЕРЕЗИЈА

Постои опасност да се соочите со груби луѓе, да се здобиете со повреда во сообраќај, што може да ги избегнете со правилни постапки. Однесувајте се внимателно, барем денеска и размислете дали ви се исплатува тоа што вложувате напор за да решите банален проблем.



СКОРПИЈА

Доколку ве обземе мрзеливост, обидете се да најдете начин да се размрдате. Не пропуштајте ги можностите, зашто нема да се повторат. Искористете го краткиот одмор за емотивна стабилизација. Подгответе се за коренити промени.



СТРЕЛЕЦ

Дружете се со овнови, ќе биде лудо и незаборавно. Тие се во добро расположение, па може да ви понудат многу нежности и страст. Сите денешни постапки се базирани на физичка привлечност, богат духовен живот и чувства. Хармонични сте.



ЈАРЕЦ

Се двоумите во врска со една одлука, а времето минува. Активирајте се и вклучете се во потфатите, зашто на извесен начин ова е ваша година. Работете на самодовербата и потенцирајте ја масата на позитивни особини. Така ќе функционирате подобро.



ВОДОЛИЈА

Се борите против факторите што ве ограничуваат. Околината не ве доживува сериозно и не обрнува внимание на вашите ставови. Кога ќе ја сфатат суштината, ќе биде доцна, но не и за вас. Веќе подолго време профитирате.



РИБИ

Само со дипломатија ќе ги избегнете расправиите. Конфликтите со партнерот се поради пари. Можни се и здравствени проблеми. Доколку посветите внимание на овој сегмент од животот и не се оптоварувате со туѓи глупости, ќе ги решите проблемите.


#
Најди! во Утрински