Што прават денеска
Марина Стојановска
ПР на клуб „Колосеум“
Денеска го отвораме летниот клуб „Колосеум“ со журката на еден од најдобрите светски диџеи - Мартин Солвеиг. Отворањето е закажано за 23 часот, па во текот на денот ќе ги завршувам последните обврски поврзани со настанот. Ги очекувам сите пријатели на клубот и верни посетители да присуствуваат на едно несекојдневно доживување. Дел од денот минувам и со мојата добра пријателка Дијана, која е дојдена од Катар и со која предвреме со заеднички ручек ќе си ги прославиме родендените.
Калиопи
пејачка
Утрово ќе си дозволам да станам малку подоцна за подобро да се одморам по вчерашното враќање од Белград. Остатокот од денешниов ден ми е комплет во знак на подготовките за утрешниот хуманитарен концерт што ќе се одржи во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци, со почеток во 20,30 ч. Средства се наменети за изградба на светиот духовен храм „Св.Петка“ во Кавадарци. Ги поканувам сите хумани луѓе да бидат дел од овој настан.
Анкица Стојановска
водителка
Станувам рано наутро и се подготвувам за уште едно ново издание на емисијата „Портик“ што се емитува на ТВ Алфа со почеток во 9,20 часот. Еве можност да да ве поканам да ја гледате емисијата - ќе имам супер теми! По емисијата, имам простор за кафе-муабети со колегите, а вечерва заедно со момчето и со пријателите ќе ја гледаме втората полуфинална вечер на Евровизија. |