Број 3452  четврток, 09 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Писма
Професионализмот пред се'

Снежана Луповска

(Повод: писмото „Двојните аршини на Снежана Луповска од Милчо Николовски)

Господине Николовски, многу ми е драго што го објавивте мојот текст од 2006 година. Воопшто не се срамам од напишаното, напротив, нека им служи за пример на моите некогашни колеги, сегашни новинари во А1, како се пишува текст базиран врз факти и изјави. Во него нема мој коментар, сите страни се опфатени, а полицијата соопштува дека немала налог за влез во А1, а влегла. Ниту го бранам Рамковски во текстот, ниту го жалам, ниту повикувам на бунт, ниту правам лажна слика за случувањата - напротив, професионално пренесувам ставови на релевантни професори што работеа во тоа време на низа закони од областа на правото, полицијата и човековите права и, секако, го цитирам одговорот на МВР преку тогашниот портпарол . Ова е школски пример како се пишува текст. Се надевам дека ќе им е од помош на оние на кои деновиве им недостасува професионализам. А Вие, господине Николовски, можете и натаму да браните еднострани ставови бранејќи ги со тоа потенцијалните криминалци не знаејќи да направите разлика што е факт, а што измислица. Ако сте мој ревносен гледач, ќе видевте многу повеќе од она што само сте сакале да го видите, игноритајќи ги фактите што ги изнесов деновиве. Навредите што ги искажавте кон мене не сакам да ги коментирам затоа што се неосновани, туку ќе ви предочам уште еден факт . Не поштедив ниту власт ниту опозиција, затоа што „Перо Наков“ б.б. не е производ само на една влада, на еден премиер, на една политичка партија или на еден лидер. „Перо Наков“ б.б. е бастион пред кој замижувале сите оние што се удирале в гради дека е ова правна држава, а законите важат подеднакво за сите. Но, се надевам дека овој пат спроведувањето на законите, конечно, ќе важи и за домаќинот од оваа адреса.

#
Статијата е прочитана 771 пати.

Испрати коментар

Од: b
Датум: 09.12.2010 13:00:55
Многу си самобендисана и фалбаџика. Колку си професионална, гледаме, а и читателот во писмото многу добро приметил. Остави твојте гледачи да кажат колку си професионална. Ако некој те гледа, се разбира. Важно е секогаш да мислиш со главата на твојот газда.
Од: Верник
Датум: 09.12.2010 13:21:27
Лупевска,јас ќе ти поверувам во напишаното,ако јавно побараш да се изврши контрола и во Канал 005!
Од: ФЕЛИКС
Датум: 09.12.2010 16:51:26
Не се полемизира со ставови и мислења туку критика зошто е во Канал 5,демек ако во А1,Алфа,Телма тогаш е добар новинар, мизерно коментирање.Сите наредни коментатори нека обрнат внимание како го опсервира почитуваната Лупевска А1 од ,,непоштедив ни власт ни опозиција,, па надолу во текстот,Тука лежи поентата на се, а кое поединци неможат да го ,,сварат,,или сиромашките него разбираат.
Од: Komentator
Датум: 09.12.2010 23:44:18
Pocituvam sekoj tug zbor i kritita ako e na mesto...ama ke se slozite so mene deka covek koga navecer ke sedne pred TV ..vakvi cuda ima samo kaj nas...Mislis gledas novinar na Kanal5 a ona bilo A1 ..Dobro Sitel e "zacementiran" so svoeto carstvo..ama bas ne i e nesto na bubava milo so tie bumbarite vo posledno vreme --A jas se kako da odam vo carsija kade sekoj den se menuvaat dukani i gazdi pa neznaes i zosto si otisol da pazaris ili otvoris TV...

Најди! во Утрински
Писма
Заштита на криминалот
Изборот на Глигоров
 

Bulgaria angry at France blocking Schengen entry
Bulgaria may apply for euro entry mechanism in 2011, says finance minister
EU applauds Kosovo elections despite reports of serious fraud