Број 3452  четврток, 09 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Писма
Заштита на криминалот

Бошко Грујовски

„Волците во јагнешка кожа“ олицетворени во раководството на опозициската СДСМ повторно си ги покажаа забите, начекаа можност и се истопорија пред камерите да ги повторат своите излитени фрази. Притоа, не избираат средства и методи, без срам и перде поддржуваат криминал, ги попречуваат институциите да ја вршат својата должност, манипулираат со јавноста, шират дезинформации, уриваат новинарски стандарди со што нанесуваат тежок удар врз функционирањето на правната држава, како и на угледот на државата пред меѓународната јавност.

Од сето видено на А1, јасно е дека упад во телевизијата не направи полицијата, туку СДСМ, кои ги туркаа полицајците во обидот да влезат во студио и да ги изнесат своите небулозни и неповрзани ставови за се' и сешто. И наместо медиумите да бидат пример за почитување на законите и соработка со институциите на системот, излезе дека тие работат за личните интереси на „газдата“, кој е близок до СДСМ. Во една состојба на симбиоза, односно помагање едни со други, „газдата“ се обидува да ја избегне финансиската инспекција, а СДСМ да ја искористи настаната ситуација повторно да упати навреди до власта недолични за едни таканаречени интелектуалци.

Останува нејасно дали опозициската СДСМ упорно застанува во одбрана на криминалци поради хоби, отсуство на инвентивни идеи или чисто поради лични интереси на поединци од високите структури на партијата и нивни лични пријатели. Во секој случај, повеќе од јасно е дека ова беше една инсценирана политичка игра на опозицијата, класична манипулација поттикната од сопственикот на А1 телевизија и искривување на вистината.

#
Статијата е прочитана 632 пати.

Испрати коментар

Од: b
Датум: 09.12.2010 13:16:47
Да, да. Опозиционерите го подржуваат криминалот и прават секакви дејанија. Се разбира, кога имаме килава и неспособна власт да ги санкционира.
Од: Доцна
Датум: 09.12.2010 13:17:01
Не мислиш дека од штабот доцна ти го испратиле текстот?
Од: Професорка
Датум: 09.12.2010 14:41:48
Во други држави најмногу се гледаат и ценат каналите кои известуваат независно и често со различни ставови со Владата. Овде А1 испадна државен непријател број еден. Добро, гледајте ги мантрите на Латас, Томиќ и Мирка и уживајте во изродбата. Ние свесните, свесно ги одбегнуваме.
Од: kaktus
Датум: 09.12.2010 15:06:17
што би рекла Мара Попара-ефтин политички маркетинг на СДСМ. Каква ингениозна фраза, Врв на интелектуалниот капацитет на вмороните
Од: db - Utrinski - Dnevnik - VAC
Датум: 09.12.2010 15:06:45
Od koa FRCKO vashata Mediumska grupacija vi ja sporedi so "profiteri na grbot na A1" vo dadena situacija, pocnavte ekspresno so objavuvanje na VMROVSKI cetiva, na koj providno se gleda celta ama ne zaboravajte i porakata koja ja ispraka i vashiot vesnik, ne samo slabo napishaniot bezobziren tekst. A Ako za kriminalot i i vinovna opozicijata, togash nemame potreba od vlast, odgovornosta ke je ponee opozicijata, a vlasta ako sluzi samo ZA KRADENJE PARI u bukvalna smislam neka si odi.
Од: Hari
Датум: 09.12.2010 16:06:02
Bosko verojatno pogresno si se potpisal namesto bosko bi trebalo da bide Nikola.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 09.12.2010 16:43:02
Станува досадно и смешно да повторно се опсервира смоки независното новинарство кое токму кога запенето се бранеше јавно и од никого подтикнато нели кога би се зезале, опозиционерите ја изрекоа онаа круциална работа:ОВА Е НАПАД НА ОПОЗИЦИСКА ТЕЛЕВИЗИЈА ОД СТРАНА НА ВЛАСТА.Кој не верува бујрум кај газда Велија и нека ги прегледа снимките.
Од: karokan "gambit"
Датум: 09.12.2010 16:51:44
G-dine Grujoski,ako nekoj ti go napisal tekstot ocigldno te nasankal,ako pak samiot ,po nalog, go pisuvase tekstot,togas nevodejki smetka vo objasnuvanjeto i nabrojuvanjeto,sam si se nasankal. Edno e sigurno-SI SE NASANKAL (liznal)!!!!!!!!!!!!!! Za ilustracija:" Od seto videno na A1,jasno e deka upad vo televisijata ne napravi policijata,tuku SDSM,koi gi turkaa policajcite vo obid da vlezat vo studioto....." Prasanje: Pa zosto morale da gi turkaat policajcite za da vlezat vo studioto????? Dali policijata go obezbeduvase studioto,po baranje na vrabotenite,pa ovie nasilno sakaa da vlezat vnatre nepovikani??????? Dali jas utre treba da se turkam so policijata ako sakam da vlezam vo banka,ambulanta,sudska ustaniva,za patna isprava i licna karta,da vlezam doma,da otidam na bilo koe mesto kade ce imam potreba,a nema zabrana za toa???????????????????? Drug pat procitaj go napisanoto,nekoj ce ti podmetne da izneses osuda protiv samiot sebe!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Од: Trpe
Датум: 09.12.2010 19:35:46
Kvazi Novinarite od A!, koj vo oci lazat i tvrdat deka se slobodni i ne se vo sluzba na Velija, denes objavija prilog za Vikiliks i Makedonija, ama samo za Bucko i Ahmeti, nikako da spomnat za Velija i batacite, a tie se citirani vo pismoto na ambasadorkata.. no zatoa ima bogat prilog za nagradata sto Ohriskiot okotopod mu ja dodeli na Velija...
Од: todor
Датум: 10.12.2010 09:04:53
Гледам колку може да биде завеан народот. Па кој криминал, тоа е анархија и грабеж. Од 1945 до 1965 год за 20 години комуњарите изградија еден куп фабрики и донесоа благосостојба за народот. А овие за 20 години не можат да ги обелат и да ги држат во кондиција.

Најди! во Утрински
Писма
Професионализмот пред се'
Изборот на Глигоров
 

Bulgaria angry at France blocking Schengen entry
Bulgaria may apply for euro entry mechanism in 2011, says finance minister
EU applauds Kosovo elections despite reports of serious fraud