|
|
|
|
|
|
Груевски веќе не е алтернатива за Македонија
Кире Зиковски
Иако Владата во своите портокалови приказни и натаму сака да не' увери дека во Македонија економската состојбата е стабилна, дека стандардот, и покрај светската економска криза, е прилично висок и дека граѓаните добро живеат, во реалноста баш и не е така.
Ако за пример ги земеме странските инвестиции, како еден од клучните фактори за подобрување на економската состојба во државава, ќе видиме дека за разлика од земјите од регионот, состојбата во Ма��едонија не е охрабрувачка. И покрај глобалната економска криза, која честопати македонската Влада ја користи како изговор со кој сака да го оправда недостигот од инвестиции во државата, странските инвестиции во земјите од регионот се каде, каде на повисоко ниво. И тие беа погодени од кризата, нели?
Но, иако на Владата за се' и' е виновна кризата, граѓаните сфаќаат и знаат дека причината за ваквата состојба не е само во влијанието на светската економска криза, туку во навистина поразителниот факт што Македонија цели 5 години не ги искористи своите предности како земја-кандидат за членство во ЕУ и во НАТО.
Свесно или не, (а, свесно е) Владата води таква политика, благодарение на која не само што ни приближно не сме во конкуренцијата со земјите-членки на ЕУ, туку и ја губиме и конкуренцијата и со земјите во регионот. И тој факт не може да скрие. Јасно се гледа дека приоритети на оваа Влада не се ЕУ и НАТО. Ако, навистина тоа сака да го стори, зарем би кратела од буџетот од оние ставки што значат приближување на НАТО и на ЕУ-стандардите и би ги пренаменувала за некаквиси небулозни проекти, кои не само што не им носат никакво добро на граѓаните, туку, напротив, нанесуваат штетни.
И ова е само мал дел од мозаикот на државата во која живееме, кој дел не ни дава надеж за некаков оптимизам.
Доколку оваа власт не е за влез во НАТО и во ЕУ, и не кажува која е нивната алтернатива за подобрување на животниот стандард, народот веќе ја знае својата алтернатива. Тоа сигурно не е Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. И тоа ќе го каже на избори! |
#
|
Статијата е прочитана 1043 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Збогум СДСМ |
Датум: 17.03.2011 12:41:24 |
|
Точно, Груевски не е алтернатива за Македонија - Груевски е Македонија! |
|
|
|
|
|
|
Од: jovan |
Датум: 17.03.2011 13:01:12 |
|
Pa ni do sega nebese. Nego pobolno prasanje e "Koj e alternativa"? |
|
|
|
|
|
|
Од: Mirjana |
Датум: 17.03.2011 15:42:33 |
|
Do koga ke odime so toa koj ne e za nesto. Dajte ve molam razmisluvajte koj e koj za sto. Dajte ime licnost posocete ednas koj e dobar za makedonija. |
|
|
|
|
|
|
Од: и јас сум А1 и никако онаа смесна БА |
Датум: 17.03.2011 15:49:34 |
|
ЈАСНО КАКО ДЕН: Koj go natera Vlatko da se glupira vo Brisel? И до ден денеска молчи,наместо да се огради од таквите карикатуриуми на нашата земја. А што мислите, кој го натера Никоски за такви директни,недипломатски,неполитички ујдурми,со кои му закажа вокјна на цела земјина топка? Пак,господа , е истиот наредбодател. И замислете, пак молчеше човечето. Да не ги спомнувам режиите за Калето, за состанокот за изботите и т.н. Главно НАДГРАДБАТА ПРОДОЛЖУВА! |
|
|
|
|
|
|
Од: Vodata sto stoi zasmrduva |
Датум: 17.03.2011 16:52:46 |
|
Mosne dobro e poznato deka vodata sto dolgo stoi zasmrduva! Toa e slucaj i so politikata, potocno so politicarite! Dokazi: vladeenjeto vo periodot 1992-1998 godina i vladeenjeto vo periodot 2006- do izborite! Ako se dolgo na vlast politicarite zaboravaat na narodot sto gi izbral i gi gledaat samo svoite li;ni interesi! |
|
|
|
|
|
|
Од: ФЕЛИКС |
Датум: 17.03.2011 19:00:11 |
|
Г-дине Зиковски како да се срамите да ја искажете или напишете сеедно која е алтернативата на оваа власт.Верувате ли во својот политички кампус или не.Или ескивирањево ви стана спорт бр.1 па така и вие ескивирате да не просветлите со алтернативата визави неалтернативата. |
|
|
|
|
|
|
Од: toni |
Датум: 17.03.2011 22:26:38 |
|
grupa,pecalberi.pozdrav do gruja.go molime ministerot za nadvoresni raboti da pomognat za priznavanje na mak..vozacki ,novi.koi nese priznati vo italija pozdrav , |
|
|
|
|
|
|
Од: viki |
Датум: 17.03.2011 23:46:16 |
|
Namesto planiranite sto cekori napred, ovie ne vodat eden napred a STO NAZAD.Ako pak gi izberat epa toa ke ni bide najdobra kazna za nas, da gi trpime uste eden mandat,pa koj ke prezivee ke raskazuva. |
|
|
|
|
|
|
|
|