|
|
|
|
|
|
Реакција од Министерството за култура на едиторијалот под наслов „Бизарни критериуми“ од авторот Тина Иванова
Почитувани,
Тенденциозни се, неосновани и крајно паушални тврдењата на новинарот Тина Иванова изнесени во едиторијалот насловен „Бизарни критериуми“, објавен во денешното издание на „Утрински весник“.
Не е бизарно, небулозно и невозможно еден актер, режисер, костимограф, сценограф, ликовен уметник и архитект, вокално-инструментален солист, диригент, композитор, писател, сценарист, кореограф и балетски уметник да е добитник на врвни државни награди, да учествувал на познати и признати меѓународни манифестации, да има реализирано најмалку 20 премиерни самостојни изложби или презентации, да има остварено најмалку 30 главни улоги, режии, сценографии, костимографии или, пак, неговите дела да се преведени на најмалку 10 странски јазици и слично.
Бизарно е, небулозно и невозможно што во својот коментар, Тина Иванова, која патем е уредник на Културна рубрика и познавач на културните прилики во земјава ги девалвира успесите и трудот на македонските уметници со тоа што тврди дека „такви луѓе во Македонија, кои би ги исполнувале предложените критериуми, не постојат“.
Потенцираме дека критериумите дадени во Законот, несомнено, се строги и треба да бидат строги, но се реални, мерливи, универзални и остварливи.
Почитувана г-ѓо Иванова,
Доколку и Вие имате некои конкретни и релевантни предлози во врска со Законот за национален уметник, можеме да ги разгледаме.
Спротивно на Вашите тврдења за отсуство на јавна дебата за овој Закон, Ве потсетуваме дека оваа иницијатива пред речиси две години беше вградена во Законот за остварување на културата, кој подолг период беше достапен на веб-локацијата на Министерството за култура.
Минатата среда во Собранието на РМ, на седницата на Комисијата за култура беа повикани 50-ина уметници од сите дејности од областа на културата, кои јавно дадоа свои конкретни мислења. Во Министерството за култура во изминатите неколку дена интензивно се работеше на вградување и доработување на сите предлози, а забелешките преку амандмани, Собранието на РМ ќе може да ги внесува во Законот.
Потсетуваме дека титулата национален уметник ќе се доделува во јасно пропишана постапка каде што нема простор за манипулации. Ваквата поставеност на критериумите, во целост ја исклучува можноста за дискреционо одлучување на субјектите инволвирани во постапката за доделување на титулата, избегнување на субјективизмот во одлучувањето, а особено можноста од влијание на политиката при донесување одлуки за избор на кандидат за доделување на титулата национален уметник.
Титулата ќе ја доделува претседателот на Република Македонија, врз основа на предлог од министерката за култура, а по претходно мислење на комисија, која е должна да утврди дали предлогот за национален уметник е во согласност со критериумите наведени во Законот. Иницијатива за доделување титула на национален уметник може да достават јавни установи од областа на културата, високообразовни и научни установи и здруженија на граѓани од областа на културата.
Убедени сме дека овие законски измени се во функција на валоризацијата на она што го постигнале уметниците досега, како и на нивниот придонес во промоцијата на македонските културни вредности во светот, бидејќи крајно време е да се престане со потценување и девалвирање на уметничкиот труд.
Министерството за култура во изминатиот период преку неколку конкретни мерки го подобри статусот на уметничкиот кадар кај нас. Се реализираа многу вработувања, се зголемија примањата на уметниците, сега ја воведуваме националната пензија, а со титулата национален уметник, како највисоко признание од областа на културата, ќе ги стимулираме и мотивираме сите македонски уметници да дадат врвен придонес во градењето и унапредувањето на културата и уметноста во нашата држава. Македонските уметници се најголеми амбасадори на македонската култура и, како и досега, и во иднина ќе останат наш врвен приоритет.
Почитувана Тина Иванова,
Законот за национален уметник е во интерес на уметниците, а особено е поттик за идните генерации да учествуваат и да се натпреваруваат на меѓународни фестивали и на други видни манифестации за постигнување што поголеми успеси на домашната и на меѓународната сцена.
Со почит,
Односи со јавноста |
#
|
Статијата е прочитана 651 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Гоце Делчев, Питу Гули |
Датум: 17.03.2011 12:41:02 |
|
Zosto nikoj ne se potpisal na ova pismo? Ili ima Ministerstvoto vraboten koj se vika Odnosi so Javnosta? |
|
|
|
|
|
|
Од: ziziskoko |
Датум: 17.03.2011 12:58:43 |
|
Arogancijata na vladinite reakcii na sekoj glup zakon sto ke go donesat koj potoa e kritikuvan od javnosta pa i otfrlen od ustavniot sud nema granici. Citajte go vnimatelno pismoto i slusajte gi predstavnicite na vladata , isto suvoparno tendenciozno objasnuvanje nebare site sme ili glupavi ili nepismeni. Ova im e sansa da si delat paricki kako nagradi na svoite nacional socijalisticki poslusnici vo kulturata koja ja degradiraa i ispoganija so kic i nevkus. Nemaat ni sram ni perde se dodeka nekoj im ja ovozmozuva ovaa komocija i nepocituvanje na javnoto mislenje. Zamislete se dragi citateli.... |
|
|
|
|
|
|
Од: citatelka |
Датум: 17.03.2011 13:07:05 |
|
Ova pismo e najgolemata nebuloza. Zhalosno, zhalosno.....tonesh Makedonijo, tonesh, te nosat pod dnoto na site dna priucheni, iskompleksirani, ogranicheni, neobrazovani partiski aparatchici....site koi se nadvor od MK se srekjni shto ne se vo taa zabokrecina koja kako ziva kal vlece nadolu....Golema poddrska za Ivanova i vistinskite umetnici, koi isklucitelno mnogu stradaat vo ovie apsurdni vreminja. |
|
|
|
|
|
|
Од: Petar |
Датум: 17.03.2011 13:18:55 |
|
Do kade ide samobendisanosta na poedinci od DPMNE?? "Титулата ќе ја доделува претседателот на Република Македонија, врз основа на предлог од министерката за култура". Pa dali Beti misli deka zakonot treba da vazi samo dodeka e ona minister. |
|
|
|
|
|
|
Од: Amanda |
Датум: 17.03.2011 14:19:46 |
|
Nabroeni se mnogu kategorii umetnici; no kade se preveduvacite na vrvni literaturni dela od svetskata klasika? Ne e li prevodot " najteskiot vid literaturno tvorestvo" kako sto veli eden eminenten teoreticar na literaturata? Zarem tie ne ja zbogatuvaat kulturnata riznica na Makedonija i ne gi afirmiraat na najvisoko nivo visokite estetski potencijali na makedonskiot jazik? Vrvnite prevodi od svetskata literatura ostanuvaat trajno bogatstvo na makedonskata kultura ( bez navreda, daleku potrajno od scenografijata i kostimografijata). Da se razmisluva i vo ovaa nasoka, koga ke se definira koi kategorii umetnici ke bidat pocesteni so ovaa privelegija i bezdrugo, da ne se previdat vrvnite preveduvaci, koi, se razbira gi ispolnuvaat navedenite kriteriumi (nagradi, priznanija, opus i sl.) |
|
|
|
|
|
|
Од: maja |
Датум: 17.03.2011 14:30:25 |
|
ne moze sekoj da bide nacionalen umetnik, inace bi vrielo... jas sum za toa kriteriumite da bidat strogi, no kontradiktorno mi e toj status da go dobivaat samo onie koi dobile veke drzavni nagradi i priznanija. tie nagradi ne sekogas se dobivaat soglasno zaslugite, dodeka nastapite vo svetski teatri, operi, muzei e toa e veke relevantno - nikoj vo stranstvo ne e budala da vika umetnik koj ne vredi... |
|
|
|
|
|
|
Од: Mirjana |
Датум: 17.03.2011 15:35:48 |
|
Umetnici, kade ste, vie treba da dadete komentar za ovoj zakon. Vie ste povikani, zosto molcite. |
|
|
|
|
|
|
Од: Itar Pejo |
Датум: 17.03.2011 16:57:07 |
|
|
|
|
|
|
|
Од: Ајван Доктор® |
Датум: 17.03.2011 23:31:20 |
|
Очигледно е не сте се ни потрудиле да ја сфатите пораката од текстот на авторката!Убаво е да се сонува,но сосема друго е да ја согледате реалноста!Би сакал да ги наброите врвните уметници кои ги достигнале овие светски критериуми!Зарем мислите дека е доволно да се учествува на некој Кански фестивал,или на Венецијанското биенале за да се биде голем уметник од „национално значење“?Сте повикале 50 уметници да дадат свои мислења!?Имаа ли и тие партиска книшка,или беа независни од политиката?!Дали мислите дека се доволни 20 самостојни изложби и 30 главни улоги,режии,сценографии...и превод на10 светски јазици,за да некого го наречеме уметник?!Зарем не мислите дека тоа може да се постигне и со едно дело?!Повторно се држиме до квантитетот,на штета на квалитетот!Токму квалитетот сте неспособни да го одредите!Доказите за тоа се секојдневно пред нас во кичпроектот „Скопје 2014“!Него не може да го одредува „министерка“на културата,најмалку некој претседател на република! |
|
|
|
|
|
|
|
|