Вистински сум загрижен за етичкиот кодекс кај новинарите. Оваа функција е од особена важност за јавноста, бидејќи преку визуелниот момент и нивниот говор тие можат да го креираат јавното мислење и притоа да создадат нестабилна работна атмосфера кај населението во нашата држава. Во секоја професија постои кодекс за однесување, а во овој начин на комуникација, каде што треба да постои објективизам во известувањата, е нарушен професионалниот поредок на новинарот. Премногу субјективизам, клевети и негативизам за да се дестабилизира политичката ситуација во Македонија. Не би рекол дека А1 е нападната од полициските сили, туку УЈП е загрозена и потресена од објавувањето видеоснимки на телевизија. Инспекторите си ја вршеа својата работа, но беа прекинувани со прашања од новинарите во А1. Зборуваме за демократија, но ја злоупотребуваме! Откако дојдов од работа, веќе неколку часа ја следам програмата на А1 телевизија и шокиран сум од едностраноста на коментарите и затоа ќе го сменам каналот, и на тој начин ќе престанам да се згрозувам од нанесувањето неправда.
Vlasta tvrdi deka osum mseci ne i dozvoluvale da vleze vo prostoriite na firmite i ispraca stotici policajci, kako nebare Al Kapone da go bara. Bezobraznite novinari gi prasuvaat inspektorite dali i koj gi poprecuval! Inspektorite gledaat vo kamerite kako telinja i usta ne otvaraat. Nekoj ce rece deka nemaat osnovno domasno vospituvanje, mozele nesto uctivo da odgovorat . Jas mislam deka bea streseni, sto i da kazat mozat da letaat od rabota. Nikakva etika nemaat tie novinari sto postavuvaat prasanja sto odnapred ne im se dostaveni.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 30.11.2010 13:02:59
Новинарскиот кодекс одамна не егзистира тука сем во ретки исклучоци.Вазалниот однос е приоритет како према сопствениците на медиумите така и кон политичките партии.Кај А1 е врвот на изместениот кодекс.Истите новинари од исти мотиви 2006 год. им се истурија на сегашнава опозиција која сакаше да направи финансиска контрола.Сега истото го прават но опозицијава што е комично им верува дека им е загрозен медиумот а не ,,дуќанчината,,
Од: b
Датум: 30.11.2010 13:10:45
Така е Г-дине Поповски, во право би биле ако ги симнете портокаловите очила. Каде била нападната А1 од тие до заби вооружени специјалци. Тие одеа во напад на инспекторите, кои уста не смееада отворат, сиромашките, да не им замерат нешто нивните шефови.
Од: јас
Датум: 30.11.2010 18:05:14
Така е господине ???? Полицајците беа нападнати со касетите на Анета , па кутрите мораа да повикаат и специјалци ( до заби вооружени ) .Фалеа тенкови наспроти цевките од камерите !! Ах, да , инспекторите беа изврзани со синџири за столовите , залепени усните ( само кутрите можеа да проговорат изнемоштено no comment ) а кафето и водата пред нив беше само за да се мачат гладни и жедни...