Број 3445  вторник, 30 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Писма
Помогнете да ја вратам мојата Катерина

Ирена Петковиќ

Да, Ирена е, пак. Се' уште сум без Катерина. Не, нема некоја сензационална модра слика или сквернавење. Не, ништо речиси се нема сменето од последниот пат кога чувте или ме видовте некаде. Се' уште држам до тоа дека нема да зарикам од болка пред ТВ-камера, ниту ќе ме види некој исцрпена како лежам на улица за да ја потенцирам мојата трагедија. Зошто го пишувам ова? Еве вака. Поминав четири дена во Скопје. Одејќи од институција до институција, телевизии и што се' не, зборувајќи, објаснувајќи и молејќи достоинство. Тоа што го кажав тогаш, важи и денес. Мене не ми треба финансиска помош за да преживеам. Ми требаат средства за добар адвокат. Тука морам да признаам, ја згрешив работата. Тргнувајќи од тоа дека не сум дојдена за да дигам думани по телевизии, за да бидам попопуларна од Цеца и Шехерезад заедно, згрешив кај македонскиот менталитет. Македонците се една од најхардкор нациите за да ја трогне човек. Не ми беше ни намера, ни цел. Мислев дека е во човечка ДНК да се собереме, да се групираме за да помогнеме на еден од нашите, за жал, грешна процена.

Иако прибрано и достоинствено јавно го распослав мојот живот и трагедија, Шехерезад ме зафркна во следната епизода. И така, додека за бебињата родени во турските или бразилски серии правиме мекици, правиме концерти, фрламе пари за терање нивна мода, нашите реални приказни, особено трагедии не не' трогнуваат премногу. Ако размислам, сигурно ќе најдам дека на „Фејсбук“ има македонска група фанови на Шехерзад, но нема да најдам група за поддршка на Катерина и Ирена да бидат повторно заедно.

Нејсе, нема со стап да тераме некој ниту да се сочувствува ниту да ме жали. Дојдов, кажав кој ми е проблемот и побарав помош. Секое чудо три дена, и од тоа што беше собрано, секако не можам да исплатам ни цели два часа со адвокат од Белгија. Не дека јас не сум благодарна, тоа нема врска со благодарност. Од се' срце им благодарам на сите што донираа досега. Но, има врска со ова: прво, не знаев дека има аршин за мерење трагедија, човечка трагедија. Не знаев дека ќе бидам одбиена од неколку компании, кои можеа да помогнат со посредување при собирање парична помош. Не, немаме, рак, не сме во последен стадиум на метастаза, ниту умираме, барем не се' уште, болни не сме, ни ја ни Катерина, фала на Бога. Немаме докторска документација со сите снимки и анализи за да ни се помогне, но, верувајте, дека на сите што се во голема и итна болка и трагедија, треба да им се помогне. Сепак... Родител може и на секунда да ме разбере како ми е, и колкава ми е и болката, и бесот и уморот. Замислете некој да ви ги одземе децата, замислете дека не може да го гледате секој ден, замислете дека колку и да викате и рикате од болка, никој скоро да не ве чуе и да ви помогне. Замислете дека нема логика, нити оправдување од судските органи за нивната одлука. Полицијата не прави ништо дури и кога се прекршува таа судска одлука од страната на таткото на Катерина, а јас, сама меѓу волци, со крстот голем, најголем, го носам секој ден, и се борам, за да стигне тој јануари да си се изборам за детето да си го земам назад. Пратив информација до не знам колку фирми и ги замолив за помош. Ништо.

Простете, но нема да се извинам што барам помош и поддршка од Македонија. Јас сум Македонка. Катерина е Македонка. Нашите животи имаат вредност. Убаво го кажал тоа Достоевски - сите фамилии се среќни на ист начин, но несреќни на различен. Ние само сакаме да бидеме среќни како и сите други мали фамилии, ни помалку ни повеќе. Ова писмо ќе отиде до сите медиуми, кој ќе го објави, ќе го објави, им благодарам. Благодарам за јавната и морална поддршка од се' срце, но мене ми треба адвокат, а со тоа не можам да го платам. Ви се обраќам како Македонка, како мајка и како човек паталец, денеска одвојте колку можете и помогнете ми да си ја земам Катерина назад и да си се вратиме дома, во Македонија. Начини и сметки за донација за Ирена: девизна: ИРЕНА ПЕТКОВИЌ АЦЦ:0230701826170 ИБАН:МК07300307018261770 СВИФТ: КОБСМК2Џ денарска: Ирена Петковиќ бр.на сметка : 300007074886805 Комерцијална банка, Скопје. Ви благодарам од срце, од мое име и од името на Катерина.

#
Статијата е прочитана 1343 пати.

Испрати коментар

Од: Aleksandra Mekamova-Maneva
Датум: 30.11.2010 12:51:56
Im pisav: ---------- Forwarded message ---------- From: Aleksandra Mekamova Date: 2010/11/4 Subject: Re: Za Irena i nejzinata Katerina To: Macedonian Embassy - Brussels Почитуван г-дине Амабсадоре, Простете за повторно одземеното време, но сметајте го ова писмо како взаемно сочуство, како кула од карти која се надоградува, една болка над друга... По љубовта не оди писмо со фактура, за износот и вредноста на истата. Жалам што сте предмет на како што велите бламирање во јавноста, тука кај нас тоа е дневна политика, тоа е разонода во секојдневието. Малку разгледував и иако не сум сигурна, а во крајна линија не е ни толку важно дали новинарката која викала по Вас е Тања Милевска, со која ете ми пишувате дека имате закажано судско рочиште за клевета и дали се појавила или ќе се појави на истото! Бидете сигурни, Вашиот дигнитет и сувереност е целосна, Вие сте добро, што ми се чини дека не е така во случајот на малата Катерина. Ако таа била свед
Од: Realen
Датум: 30.11.2010 12:56:12
Sestro ja razbirame tvojata bolka sprema deteto,megutoa ima mnogu prasanja.Nie ja slusame samo ednata strana t.e. tvojata,dodeka drugata,nemame pojma sto izjavuva.Kako drugo:jas mislam deka imas pravo na besplatna pomos od advokat vo Belgija(najverojatno imas regularni dokument za prestoj vo Belgija,valjda ne si azilant).Treto:Znaes li kolku slucajevi ima kako tvojot vo stranstvo i vo Makedonija?Ogromen e brojot, slicen na tvojot slucaj.Moras samata da se izboris za svojata pravda,toa ne znaci deka treba da se predades,naprotiv,treba da se boris.Toa e zivotot,isto kako sto si go odbrala covekot za maz...Pozdrav
Од: deli
Датум: 30.11.2010 13:12:45
Potpolno se slagam so "Realen", so negoviot čustvitelen, no realistički komentar. Nemam podatoci za slučajot, predpostavuvam, deka po raspagjanje na brakot deteto e dodeleno na tatkoto. Posle odredeno vreme čovek počnuva da sfaka, deka najgolema šteta, problem, belja ne mu nanesuva nekoj drugi, nego sekoj sam sebesi. Drugo: ništo protiv objavuvanje na bankarski račun itn. Koj e zapoznat so slučajot a može da pomogne, vo sekoj slučaj neka pomogne. Za žal, ima i mnogu luge, koi što iskoristuvaat dobrota i sočustvo na svoite sogragjani, za da izvadat od niv nekoja para - bolno dete, toj sam bolen itn. Čovek poveke ne znae, komu a što da veruva. Mila Irena, vi poželuvam mnogu sila i sreka, a ako nema da uspeete, 100% vo Belgija sudot vi odredil vreme, vo koe možete da se sretnuvate so kerkata, sigurno minimalno 4 - 2 pati vo mesecot preku vikend, pa vie trudete se ostanete vo što pobliska vrska so nea a taa sama poposle ke odredi, so kogo saka da bide. Pozdrav
Од: Vasko
Датум: 30.11.2010 14:24:52
Iako ne ja znam kompletno celata prikazna, ama iskreno socustvuvam so vas i so vashata bolka, covecki e na sekoj sto ima maka i bolka da mu se pomogne. Ne sme nikoj Gospod pa da sudime.Nema toa ni jas da go napravam i zatoa socustvuvam so vas. Ne mi e jasno toa kako mozi deteto na tatkoto da se dodeli,a ima ziva i normalna majka.Toa go nema vo nieden zakon i niedna drzava. Zosto ne ste pobarale od T-Mobile,One i Vip broevi za donacija, rado ke donirav, a ne samo jas , sigurno i dosta drugi. Pozdrav i ne popustajte pred tezinata i bolkata sto ja nosite!
Од: Јас
Датум: 30.11.2010 16:13:01
Госпоѓо, како и на сите, и Вам Вашата болка ви е најголема, Вашата тежина најтешка. Не сте само вие со таа судбина. Пријателка моја (со завршен факултет!) чисти куќи за да има пари да плаќа адвокат, тука, во МК, оти детето е кај таткото и не може да си го земе. Никому не му е лесно, човечки е да се направи грешка, па и погрешен избор (во вашиот случај, за сопатник) но борбата пред се, е само Ваша, исто како и болката и фрустрацијата. До сега сте живееле финансиски удобен живот со сопруг кој, како што изјавивте има чинам 10 000 евра месечна плата (?!). Овде се сонува за плата од 500 евра, драга госпоѓо. Борете се за себе и жеркичката, нема друго. p.s. Не дека е важно, но цитираното е од Толстој, никако од Достоевски.
Од: Elena
Датум: 30.11.2010 23:09:08
Жената ви се обраќа за помош, ако можете и ако сакате. Вие си дозволувате да и раскажувате приказни за ваши другарки со факултет што чистат по куќи и да и завидувате што бившиот и маж и земал голема плата. И кажувате за други такви ситуации. Тоа ли ќе и помогне? Ја злоупотребувте нејзината ситуација, да си дадете до значење и са солите памет. Штом не се фаќате за џебот, замолчете. А дури и да се фетевте за џебот немавте право на такви осуди.
Од: socijalec
Датум: 01.12.2010 04:29:15
Sekoja zemja ima socijalna sluzba,do 11 god, vozrast decata se dodeluvaat na roditel sto finansiski stabilen da gi iscuva i spremi za predizvicite na mladalaskiot zivot.Vie barate sredsva od pogresna drzava,vo Belgija imate pravo na besplaten free of charge branitel,a i sto bara deteto vo makedonija koga podobro ke zivee vo Belgija.Svojata gorcina i negativna energija ne ja predavajte kaj devojceto.Zivotot e trkalo dozvolete i da raste bezgrizno, i ako saka eden den ke dojde da zivee so vas, a Vie namesto da barate pari, vrabotete se pa taka ke imate moznost da si dozvolite se sto sakate.Vo Makedonija maka macat da se preranat a Drzavata ima samo 2mil.ljugje doma, taka da sega e vo era na Gradenje posle Skopjem2014 javete se.

Најди! во Утрински
Писма
Етичкиот кодекс кај новинарите
 


Macedonians do not trust EU policy towards their country
Hungarian journalists awarded for courageous reporting
Macedonia's secret surveillance society