Број 3615  понеделник, 27 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Втора страница

А1 манипулира за свои потреби

Соња Крамарска


Колегите од А1 телевизија прават груба манипулација кога „Утрински весник“ го ставаат во иста група со весниците „Време“, „Шпиц“ и „Коха е Ре“. Тврдењето дека „’Утрински весник‘ е последен во низата проблеми што ги трпат медиумите кои се критички настроени кон начинот на владеење на владата на Груевски“, може да го прифатиме како точно, но само во делот на тоа што се вика односи меѓу влади и медиуми, и тоа не само кај нас, туку и секаде во светот.

Но, јавноста, гледачите на А1 и читателите на „Време“, „Шпиц“ и „Коха е Ре“, како и читателите на „Утрински весник“ добро знаат дека „Утрински“ критикува влади откако постои и дека опсервациите и критичките оцени на политиката на сегашната Влада почнаа кога таа дојде на власт во 2006 година и траат се' до денеска. Додека, пак , А1, „Време“, „Шпиц“ и „Коха е Ре“ преминаа на страната на нас критизерите, откако нивниот сопственик ја растури калимерата со премиерот Никола Груевски.

И не само тоа, туку и рекламниот колач што Владата во големи ��ози го испорачуваше во изминатите пет години, барем половина од тоа време, заврши во касите на оваа телевизија и на трите весници. За разлика од нив, „Утрински весник“, кој сега А1 сака да го стави во нивна агенда, регуларно се бореше со нелојалната конкуренција од „Перо Наков“ и ги плаќаше редовно сите даноци и придонеси спрема државата. За тоа време во А1 врнеше дожд од пари, главно, од владин извор. „Утрински весник“ и тогаш, а и сега, не беше на рекламната агенда на Владата.

Затоа не сме исти и отфрлам какви било шпекулации во тој правец.

„Утрински весник“ се соочува со проблеми со кои се соочуваат најголем број медиуми во земјава. Мал пазар, пребирливи огласувачи, тука и таму и по некоја сопка од владини и од други моќни кругови. Но, тоа не е ништо ново и невидено. Се' е во рамките на работата што ја работиме и ние и други медиуми во земјава и низ светот.

Во таа смисла, крајно е непринципиелно од страна на оваа телевизија да користи ситуации и „Утрински весник“ да го става во политичка конотација или како дел од некакви агенди што немаат врска со реалните состојби. „Утрински весник“ е дел од издавачка компанија која е способна сама да ги детектира слабостите и околностите што влијаат врз работењето на медиумите и да изнајде решенија за присутните состојби. Ние немаме никаква врска ниту сличности со ситуацијата во која се наоѓаат А1 телевизија и весниците „Време“, „Шпиц“ и „Коха **** Ре“.


#
Статијата е прочитана 2193 пати.

Испрати коментар

Од: USA
Датум: 27.06.2011 00:21:25
Principot e isti, se drugo se nijansi. Pero Nakov (privatni kompanii) se krenaa za svoi kompaniski potrebi protiv Drzavata. Vo slucajot na Utrinski, vraboteni se krenaa za svoite potrebi vo privatna kompanija. Spored taa logika, decata na ovie "buntovnici", ke se krenat na noga i ke gi izbrkaat roditelite od doma zaradi "detskite prava". Kako li ke im se dopadne ova??
Од: Никола
Датум: 27.06.2011 00:27:18
Читателите сепак сакаат да знаат зошто Утрински во моментов се наоѓа во, така да речам, тешка ситуација, која излезе на виделина со штрајкот на дел од вработените, дали ќе опстане и продолжи да работи и дали ќе го задржи критичкиот дух што постоеше, како што велите, откако постои Утрински. На Македонија му треба Утрински, зашто има добри анализи за случувањата во земјата и критички коментари, но Утрински што нема да биде гласило на власта, туку критички медиум, што ќе ги анализира ситуациите во Македонија од различни гледни точки и ќе дава идеи како нештата да се подобрат.
Од: bebi
Датум: 27.06.2011 00:54:05
А магазинот Глобус? Ни збор не изустивте за него. Барем А1 исто така застанаа во одбрана и на овој весник кога го затворија.
Од: sydney
Датум: 27.06.2011 02:16:04
ubavo kazano.site stampani mediumi vo svetot se vo losa sostojba ne samo utrinski.razlikata megu utrinski i a1 e golema.utrinski ne izbgnuva da gi plaka danocite isigurno gi ima plateno dodeka a1ne go pravi toa.da bese vo zapadnite zemji dosega ke bese sve prodadeno izatvorena i toa za pomali sumi za danok a kamu li za milioni .utrinski moze da kritikuva i ponataka sve samo ne ona sto e vo interes na nacionalnite interesi na makedonija i ke bide sve vo red.
Од: Kiril
Датум: 27.06.2011 05:34:38
Се повеќе наликува на баба зумбула од Нова Македонија....
Од: До беби
Датум: 27.06.2011 07:50:34
Глобус се укина сам; немаше читатели.
Од: Asan od Krivolaka
Датум: 27.06.2011 08:00:39
Sega veke moze da se kaze deka ambicioznata Kramarska "uspesno" trgna vo52 akcija. Pisuvajki protiv A1 taa celosno se distancira od gordostsa na slobodnoto makedonsko novinarstvo - cenetiot i mnogu citan Utrinski vesnik! Taa kako glaven urednik na ovoj bedem na vistinata, gi navredi nasite golemi i priznati novinari koi vo najgolem del ja socinubaat Redakcijata na Utrinski. No, tie ke najdat sili i ke preziveat, a Sonja Kramarska ke ostane da lebdi vo eden bestezinski prostor i kako pion sekogas ke bide upotrebuvana vo vecnite intrigi na "silnite". Bi i poracal da se strami poradi toa sto go pravi, a posebno od tekstot sto go napisala denes, no takvite kako nea ne razbiraat sto znaci toa. Izvinete, custvuvam nekoja macnina vo stomakot.
Од: sonja
Датум: 27.06.2011 08:01:48
Za zal vaka se gubi doverba vo "Utrinski".Ni zbor za strajkot vo vesnikot od duri 2/3 novinari.Ni zbor za stavot na Kramarska koja im rece na novinarite ako strajkuvaat ke dobijat otkazi "da ne doagaat na rabota vo ponedelnik"?Ima li denes statija od poznatite novinari koi so zadovolstvo gi citame?Ako pritisokot vrz A1 se prenese i tuka,zbogum demokratijo!
Од: Rade
Датум: 27.06.2011 09:27:02
Некои коментатори велат дека секаде во светот е така да се затвораат весници од економски причини. Се согласувам. Но во едно не се согласувам: Зошто овие ‘закономерности‘ не важат и за Вечер, Нова Македонија ... Тие пак имаат уште помалку читатели и од Утрински.
Од: карамба!
Датум: 27.06.2011 09:55:45
Да ги плаќате даноците, ама спскувани во шише...абе ајде, жити све!
Од: Buntovnik
Датум: 27.06.2011 11:13:30
Eh Sonja , Sonja i ti kako Fidanovska istata pesma ja peete. Samo koga si sluga na treto lice ja pees taa pesna. Civ sluga si Sonja. Dali stvarno mislis deka vasata 'rezirana'kriticnost kon vlasta treba nas da ne zalaze deka ste vie(Utrinski) objektiven vesnik. Nemoj da ja potcenuvas intelegenciojata na tvojte(Utrinski) citateli, od niv zivees. No po patot koj si trgnala nema veke nikogo pozadi tebe, site se pred tebe. Neka ti e sreken ovoj samoubistven cin.
Од: R..
Датум: 27.06.2011 14:16:30
Deka sekoj moze da se stavi na prodazba i moze lesno da bide kupên ,eve ni dokaz so Kramarska koja bez sram i perde go objavi pismeno svoetio rasipano mislenje. Verojatno i ne se sramuva, niti poradi tekstot, niti poradi odnosot kon svoite kolegi; od Utrinski i od A1.Vistina ne e isro poeghju nim oti Urednikot na A1 se odnsuva so doblest kon svoite kolegi, taka kako sto propisuva noviarskata deantologija. A Sonja,gi prodava i se prodade, itoa na SOLD! Sramota, ke ima li smelost , po sé ovoa, da se dvizi niz Skopje so dignata glava i bez ocila?
Од: blaze m.
Датум: 27.06.2011 15:54:28
Tie nese anti vladini tuku, protiv Makedonija
Од: snajper
Датум: 27.06.2011 19:00:11
e velija.. seuste ne gledas sto ti pravat branko i grujo.. ne samo sto te iskradoja so tie 9 firmi koi nikoj ne gi zatvora, a tebe te pratija vo zatvor, tuku sega brankovci i ne ti isplakaat pari, a te krivat deka ti ne si go platil dolgot.. a toa sto tie tebe ne ti go isplakaat dolgot nikomu nisto.. i seuste ne gledas deka se raboti za koalicija sdsm-dpmne i protiv kogo treba da se sudis.. toa sto si imal dolg e sto tie menageri sto si gi postavil, namesto da plakaat kaj sto treba te pikaat vo vakva situacija i ne gledas deka se tie na zadaca toa da ti go pravat.. djabe biznisi i pari koga edni bagabonti te igraat kako sto sakaat..
Од: страшно
Датум: 27.06.2011 19:39:20
А да кажевте дека проблемите немаат врска со слободниот пазаар, туку со обилните владини пари и суптилни приотисоци врз огласувачите каде да огласуваат. Запрепастува што сте во ист кош, а се правите недоветни. Сите медиуми што се критични ќе ги снајде иста судбина, спијте, еден ден скоро ќе се разбудите во класична диктатура...
Од: babaratka
Датум: 27.06.2011 22:02:03
Kramarska, moja taze urednicke, a obrazot tvoj za cas go dovede pod znak prasanje a za toa A1 ne ti e kriv! Mozebi siseto so evra (kolku tocno bea) te gmeci i tebe.

Најди! во Утрински
Втора страница
Владата стокмена, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ - 2
Судски записници
Вербатим

"""