Број 3045  сабота, 25 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Писма

Зошто се изостава ДПМНЕ?

Авторот и' е познат на Редакцијата

Се обраќам до почитуваниот висок партиски активист на ДПМНЕ - Илија Димовски. Во својата колумна објавена во овој весник од 20 јули 2009 година, веќе ја прекрсти партијата во која членува во ВМРО. Го прашувам што е со името ДПМНЕ, што го доби од основачите, кога тие се вратија од емиграција и за претседател го именуваа студентот Љупчо Георгиевски. На предлог од еден од дојденците кон името ВМРО е додадено она - ДПМНЕ. Ова се зборови на еден од основачите - Јаковлевски.

Доколку раководствата на оваа партија се патриоти како што ни се претставуваат, ќе треба да се откажат од додавката ВМРО, бидејќи нема само оваа организација право да го користи - и големите патриоти Цветан Димов, Орце Николов, Страшо Пинџур и плејада како нив се организираа и, под водство на Комунистичката партија, поведоа народноослободителна војна, основаа држава со име Македонија, во која јас како гимназиски ученик можев слободно да го употребувам мајчиниот јазик, а не да морам своето школување да го почнам учејќи српски јазик, а потоа и бугарски јазик.

Што се однесува до визните олеснувања за кои многу зборови потроши, најнапред требаше да ги наведе условите, кои треба да ги исполни секој наш граѓанин кој ќе сака да патува во државите на шенген зоната. Најкарактеристичен е условот што можеме да престојуваме до три месеци, со писмо од роднини и банкарска гаранција дека има доволно средства и уште низа документи.

На Илија Димовски му препорачувам внимателно да го прочита коментарот со наслов „Македонски состојби“ на новинарот Милчо Митевски, кој со факти, а не со празни зборови и фалби, отслика зошто е формирана партијата ДПМНЕ. Ве повикувам Илија Димовски, во наредниот број, кога ви е ред да се јавите со своја колумна, исцрпно да дадете одговор на изнесените факти.

Ако с��е за национално единство тоа не се постигнува со вашиот речник како член на оваа партија, бидејќи „комуњарите“ ја создадоа државата со име Македонија и тие гинеа со името ВМРО, но она на Гоце Делчев и Јане Сандански, а не на Александров и компанија.


Статијата е прочитана 825 пати.

Испрати коментар

Од: pero
Датум: 25.07.2009 00:03:10
Јас со закон би го забранил тоа ВМРО да не смее нидена партија во македонија да го носи... јасно е како ден што се се крие зад тоа ВМРО... во случајов постои само ДПМНЕ и уште поточно ДПБНЕ... Наздравје Македонијооооооо.....
Од: Antonio
Датум: 25.07.2009 02:02:27
Pero,sekoja cest za komentarot,tokmu toa sakav jas pred tebe da go napisam,od zbor do zbor.Samo uste nesto bi dodal,isto taka pokraj kratenicata vmro bi trebalo da bide zabraneto koristenjeto i na lavot kako partiski simbol,i se razbira i crniot dvoglav orel. Pred se poradi nivnata zloupotreba za politicki celi,no se plasam deka za toa e predocna.
Од: mitko ne razlikuva VMROovci
Датум: 25.07.2009 03:15:57
Mene site VMRO-vci vo osnova mi se isti. Mozebi megu rakovoditelite (na razlicnite VMRO) i ima nekoja razlika ama clenstvoto na site im e isto. Zosto da upotebuvaat DPMNE ili Ljubcovisti ili Ljube Boskovisti? Site VMRO-vci prvo go sledea Ljubceta, pa potoa se prefrlija na Grujo, a sega izgleda najmil im stanuva Bratot Ljube. Eden den i nego ke go otkacat koga ke ja upropasti drzavata. Toa se istite VMROovci. Prvo se raduvaa koga Ljubco im kaza deka ke go osvoi Solun, sega mu veruvaat na Grujo za laznata istorija, podocna ke veruvaat nesto drugo ama pak ke si bidat VMRO-vci. Einmal VMRO immerwieder VMRO! Uste edna rabota, ne e ubavo sto kazuvas deka Orce Nikolov bil VMRO-vec, toa vo osnova e uvreda za ovoj nas heroj. i krajna rabota obidi se da bides popameten od obicnite Bukefalci koi nisto ne znaat i nisto nemaat procitano ama zatoa imaat mnogu jaki stavovi za na primer laznata istorija. Prvo procitaj gi VMRO-vskite proglasi i ustavi i potoa realno kazi dali tie luge bile Makedonci.
Од: sovetnik
Датум: 25.07.2009 03:24:11
najdobro e da mu se zablagodarat na ID da pisuva ponatamu, zaradi racionalnost vo koristenjeto na prostort vo vesnikot
Од: nacional-patriot
Датум: 25.07.2009 04:37:26
komunjarite tolku mnogu go koristat bugaroflstvoto, sto znaci deka SDSM e BUGAROFILSKA partija.
Од: Револт
Датум: 25.07.2009 09:12:16
Името ВМРО толку многу го извалкаа, што не остана човек што го почитува... а на предавниците од калибарот на Љубчо, Грујо и нивните патрони во сенка, тоа им е и целта,. nacional-patriot, по твојот ник, а особено по твоите, сигурен сум, со мака напишани неколку збора, и слепец би заклучил дека си еден од " - овците"... и ти, како и сите тие, немаш елементарен речник и уште помалку познавање на некој историски факт. Господ нека ви прости, не знаете (?) што правите.
Од: Stojko
Датум: 25.07.2009 09:23:12
Do nacional-patriot: Tresna i ostana ziv! Logikata ti se gleda od toa kako se pretstavuvas. Kazi koja e razlika pomegu nacional-patriot i "obicen" patriot?
Од: gt
Датум: 25.07.2009 09:36:53
Dosta so manipulacii deka viznata liberalizacija e problematicna. Nikoj na granica nema da vi bara nikakvi dokumenti ili bankarski garancii ili formalni pokani. Toa bese celta na vizite. Na granica ke vi go proverat pasosot dali e originalen i nema da dobiete ni pecat. A sto se odnesuva do limitot od 3 meseci - toa e standard. I gragjanite na Hrvatska smeat da prestojuvaat vo EU max 3 meseci. I gragjanite na EU vo Makedonija, i vo Hrvatska, itn, smeat da prestojuvaat do 3 meseci. Novinarot se vika Manco Mitevski, ne mozam da sfatam kako moze tolkav broj od citatelite da se disleksicni i da go oslovuvaat te so Milco Mitevski, te so Milco Mancevski. A koga sme kaj nego, potendenciozen i ponezanimliv novinar nema vo Utrinski. Toj e eden od retkite sto pisuva prazni tekstovi bez nikakvi fakti, obratno od tvrdenjeto na avtorot na ovoj tekst.
Од: Davor Kamenko do nacionalen-patriot
Датум: 25.07.2009 09:58:59
E komentarov ti e mislam, wow!!! Ako ova sto go kaza ima nekakva smisla eve na... Poubavo kuti si i odmaraj doma ili kaj i da si!
Од: Nasto Palioski-Jablanicanecot
Датум: 25.07.2009 10:56:57
Драги сестри и браќа ,по мајка Древна Македонија,да престанеме еднаш со вакво меѓусебно однесување и лидерско препукување,кое само му оди во прилок на нашите внатрешни и надворешни душмани. Затоа јас како обичен смртник,ВМРО-овец од 1966 година, а ДПМНЕ-евец од 1990 година. Подпретседател на Централниот Задграницен Комитет на ВМРО-ДПМНЕ за Европа,и тоа од 1992 до 1998 година кога на Љубча Георгиевски му кажав во очи дека брзо ќе ја уништи партијата, а истото и го реков и на Доста Димовска.После Септемриќе се роди нова македонска Партија под името Трета Опција за Македонија 2003,или скратено ТОМ 2003 Таа партија ќе работи по 10-те Господови Заповеди, а Партијата ќе ја водат такаречено 12-те Апостоли.Високите функционери ќе бидат испитани лица не замешани во митото,корупцијата и лнепотизмот лица со чист образ. Поздрав од Минхен.
Од: tihi
Датум: 25.07.2009 12:10:35
E bas vakvite pisuvanja i komentari ne mi ostavaat prostor za izbor.Ako mislite deka so navredi i omalovazuvanje ke postignete nesto , pravite golema greska.Toa samo ja pokazuva vasata mizerija.
Од: bm
Датум: 26.07.2009 00:55:43
vmro-sdsm aman be vise vidovme mnogu arno i od ednite i od drugite 20 godini kako da se natprevaruvaat koj poveke laze i koj poveke ke lapne i ke si go napolni depceto.ccc do koga?

Најди! во Утрински
Писма
Сечачи чувани од стотина полицајци