Број 3045  сабота, 25 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Писма

Сечачи чувани од стотина полицајци

Кристина Спироска, Скопје

Се обраќам по повод ужасната акција спроведена на 17 јули на улица „Илинденска“ и тоа на потегот од Владата на РМ па до Градскиот парк. Акцијата почна во 9 часот и се состоеше од организирано сечење на дрва од дрворедот на горенаведениот потег на улицата, проследено со огромен број униформирани лица, кои не објаснија што прават на тоа место, бидејќи на нашите прашања за нивното присуство во толкав број одговараа дека не знаат, и оти најверојатно ќе поминувала делегација, по што следуваше огромна бучава и работа од „делегација“ од дрвосечачи!!! Барајќи некој од одговорните лица кои го организираат „настанот“, се обратив до еден човек кој рече дека е надлежен од „Паркови и зеленило“ (Панче Стојановски) и без да го прашам подоцна да се објаснува дека има решение и дозвола за сечење, дека организатор е Град Скопје...

На моето прашање дали е свесен дека вршат нелегална активност, бидејќи целта поради која ја спроведуваат е проширување на улицата „Илинденска“, што е во спротивност како со Генералниот урбанистички план, така и со Деталниот урбанистички план, како и тоа дека над 500 граѓани се бунат и тоа не дозволуваат акција, како што е сечењето на тунелот од дрвја, тој одговори дека на повеќе луѓе тоа го сакале затоа што улицата била тесна и морала да се шири - крајно време било, и доста веќе сме се бунеле за глупости! По неколку минути дојде некој друг, по име Емил, кој, исто така, рече дека е надлежен и одговорен и на моето прашање која е целта, одговори дека овие дрва биле трули и постоела опасност да паднат, поради што ги сечеле за повторно да посадат нови.

Искрено надевајќи се дека можеби навистина е така, дојде уште еден господин кој побрза да ми каже оти и тој е од одговорните лица, кои се тука и објасни дека дрвата се сечат за да се поправи канализацијата! Не знаејќи кому да му верувам, с�� обратив до Град Скопје и тоа до градоначалникот - кој, нормално, беше недостапен за одговори, по што се јавив во Одделот за односи со јавност и информации со граѓани. Оттаму добив одговор дека воопшто не се запознаени со случајот, и да се јавам на друго место! Си го поставив прашањето како тоа е можно ако Град Скопје го организирана настанот (како што ми посочија одговорните лица на местото на настанот) да не знае овој Оддел што се случува? Па, сега би сакала да го поставам моето прашање, па ако некој се чувствува одговорен и задолжен да ми одговори: 1. Кој е поводот на акцијата за сечење дрва?; 2. Зошто не постоеше известување за тоа 24 часа однапред, како што е случај со сите други спроведени акции?; 3. Зошто постоеше армија од полицајци?; 4. Кој е тоа кој ја има моќта и дрскоста да работи и да спроведува активности спротивни на урбанистичките планови на Град Скопје?


Статијата е прочитана 432 пати.

Испрати коментар

Од: mitko gi znae site odgovori
Датум: 25.07.2009 03:27:49
1. Povodot za akcijata na secenjeto na drvata e Skopje da stane kako Pariz. 2. Izvestuvanje nemase za da vie graganite se najdete zbuneti vo nebrano. 3.Armija od policajci imase zatoa sto vlasta ocekuvase takva gadost da inicira masovni neredi. 4.VMRO-vcite koi gi izbravte so golemo mnozinstvo na demokratski izbori ocigledno imaat drskost i mok da rabotat sprotivno na urbanistickite planovi i logika. Zar samo tamu toa tie go napravija, cekaj da vidis za pet godini kako ke lici Gradskiot Plostad. Ete spored moe neskromno mnenie jas mislam deka tocno i jasno odgovoriv na site postaveni prasanja.
Од: MKD
Датум: 25.07.2009 18:12:18
Sramota nevidena. Koj ne ja pocituva prirodata, ne go pocituva ni covekot. Pismovo da go cuvate i da gi potsetite istite gospoda koga ke go slavat takanareceniot DEN NA DRVOTO. Da gi prasame kade se javorite od Ilindenska?
Од: Stara skpjanka
Датум: 26.07.2009 01:33:21
Ako Gradonacalnikot sakase da nauci nesto od svojot pariski kolega, trebese da si zakaze sostanok so nego so veme. Togaj belki ke naucese deka za bilo kakva odluka i licna zelba sto se odnesuva do gradot, se bara obavezno soglasnost od gragjanite, cij e gradonacalnik iZALOZNIK!! Osven Paris Plaza , da prosetase malku i nis tesnite pariski ulici , cisti, po koi ne se gledaa onie valkani smrdkivi kontajneri od koi skokaat macki. I deka na sekade se vodese stari poveke letni drvoredi. Deka ikoga se gradi nesto bvo Pariz, nema potrebe od edna armija policajci, zatoa sto nivniot gradonacalnik ne e Pinoce. Kako tara skopjanka, predlagam da go proglasime 17 Juli den na dusevnoto ubistvo na zelbata na starite skopjani.

Најди! во Утрински
Писма
Зошто се изостава ДПМНЕ?