Број 3095  сабота, 26 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Политика

Стартува специјализација по семејна медицина - многу отворени прашања

Јасмина Јовановска

Со новата студентска година на Медицинскиот факултет стартуваше и специјализацијата по семејна медицина. За почеток ќе специјализираат само 10 лекари. На конкурсот се пријавиле 16 кандидати и од Скопје и од внатрешноста, но симптоматично е што нема ниту еден кандидат од источна Македонија, каде што проблемот со достапноста на здравствената заштита во руралните подрачја е најголем. Медицинскиот факултет идната недела треба да направи селекција на кандидатите. Оттаму велат дека приоритет ќе им се даде на лекари кои доаѓаат од здравствените домови и кои имаат по неколку години работно искуство.

По завршувањето на специјализацијата, лекарите ќе добијат диплома која е призната во ЕУ, но ќе бидат обврзани да останат најмалку шест години од установата од каде што дошле.

Центарот за семејна медицина, кој е во близина на Деканатот на Медицинскиот факултет, в година ќе прерасне во катедра по семејна медицина, кога ќе почне и доедукацијата и на другите матични лекари по општа медицина, педијатрите, гинеколозите. Нивната едукација ќе трае од три месеци до една година, во зависност од претходната едукација и нивото на специјализација.

Сепак, околу реализацијата и заживувањето на семејната медицина во практика, оставени се многу отворени прашања. Државата ќе ја плати само првата година од специјализацијата, која трае три години и вкупно чини 3.000 евра. "Се' уште не се знае кој ќе ги плати трошоците за другите две години за десеттемина специјализанти", вели заменик-министерот за здравство, Владимир Поповски, зашто првата година е покриена со средства од кредитот од Светска банка за реформи на македонското здравство, кој завршува во јуни в година. Не се знае ни како ќе бидат платени лекарите, кога ќе почнат да работат, дали како концесионери или, пак, овие лекари ќе се вратат на стариот систем и ќе земаат плата. "Има согласност од Фондот за здравствено осигурување за финансиска мотивација на лекарите по семејна медицина, но како ќе се плаќаат, ќе се донесе политичка одлука", објасни заменикот Поповски.

На прашањето дали пациентите нема да имаат проблеми со упатување на повисоко здравствено ниво, со оглед на тоа што семејните лекари ќе бидат за сите возрасти и за сите болести, заменик-министерот Поповски тврди дека, напротив, ќе се добие поефикасно и поорганизирано здравство. "Ќе се почитуваат медицинските протоколи, а со специјализацијата ќе се едуцираат како подобро да се организираат и да ги насочуваат болните на вистински места", вели Поповски и укажува дека ниту Европа ниту САД не познаваат матични лекари, што е причина повеќе примарното здравство да се преструктурира.



#
Статијата е прочитана 504 пати.

Испрати коментар

Од: kole
Датум: 26.09.2009 06:10:26
I ovoj proekt ke bide obicna KASAPOPARA kako i se dosega od VMRO-vskite vlasti.....eksperimenti bez nikakva osnova...........produciranje na obicni svastari....
Од: Доктор Цоци
Датум: 26.09.2009 07:31:47
Не треба да се даваат изјави од типот дека во САД е признавале матичен лекар. Факт е дека во САД претстои реформа на здравството. Досега имаше кршење копја околу тоа кој може да биде примарен доктор. Генеколозите можат да бидат примарен (личен) доктор на жените, но можеби не во сите приватни здравствени осигурувања. Значи да почекеме па потоа да зборуваме. Во меѓувреме да правиме реформи според потребите на Рпубликата и нејзинит граѓани. Таа реформа треба прво да ги задоволува основните принципи Што владеат во Здравството скаде низ светот. за основните принципи за реформата на здравството во САД читајте на ( www.aamis.com)
Од: Family med.
Датум: 26.09.2009 09:04:23
Pred petnaesetina godini postoese specijalizacija po opsta medicina( mosne slicna po oblastite za edukacija i usavrsuvanje na semejnata medicina)i lekarite koi ja zavrsile trebase da bidat nestio kako semejno doktori( family med.) No posle zavrsuvanje na nekolku generacii specijalizanti po opsta medicina istata ne gi ispolna ocekuvanite rezultati , se zaboravi i prekina. Da ne ispadne slicno i so semejnata medicina?

Најди! во Утрински
Политика
Спринт на директорот на УБК до докторска титула по економија
Кај нас има двојно повеќе срцеви удари отколку во Европа
Ќе се градат 550 стана
МИА потврдува дека МНР логистички помага за дописништвото во Брисел
Владата чкрипи со забите, но гo почитува Уставниот суд
Поефикасно со тортурата