Ќе се градат 550 стана
ТЕТОВО - На дел од просторот што го зафаќа тетовската касарна "Кузман Јосифовски-Питу" ќе се подигнат колективни згради со 550 стана за семејства на професионални војници и старешини, за млади брачни двојки и за социјални случаи. Тетовската општина е втора во Македонија според бројот на социјални семејства што не го решиле станбеното прашање. Се очекува набргу да почне реализацијата на проектот за кој во делот социјални станови Владата веќе обезбедила средства. Ова вчера во Тетово го соопштија градоначалникот Сади Беџети и министерот за одбрана, Зоран Коњановски. (Г.Е.)
|