Седумдесетгодишна кичевка е пронајдена мртва во близина на новата болница во Кичево. На нејзиното тело биле пронајдени 25 убоди од нож. Кој и зошто ја убил 70-годишната Верица Крстеска, која пред неколку дена беше пријавена за исчезната - се' уште не се знае. Ова злосторство ги исплаши кичевци, потсетувајќи ги на серијата убиства во овој град, во кој жртви беа возрасни жени.
Телото на Крстеска, кое било во фаза на распаѓање, било забележано од полициска патрола завчера околу 12,30 часот во напуштен објект, кој порано се користел како санитарен јазол на дел од кичевската болница.
„Од извршениот увид и обдукцијата врз телото, констатирано е дека смртта настанала по насилен пат со убоди од остар предмет. Според обдукцискиот наод, станува збор за 25 убоди“, соопшти МВР.
Според истражен судија од Гостивар што го води случајот, раните биле по вратот, градите и по стомакот, пренесе МИА. Крстеска последен пат била видена во саботата наутро кога го фрлала ѓубрето во контејнер и заминала на пазар. Нејзиниот син и преку медиумите бараше помош, надевајќи се дека мајка му е жива и здрава. Како што објавија медиумите, семејството Крстески е социјален случај и живее во сиромаштија.
Овој случај ги разбуди сеќавањата на неколкуте убиства на возрасни жени што се случија изминатите години во овој град. За серијата убиства, полицијата го осомничи новинарот Владо Танески, но тој, под мистериозни околности, беше пронајден мртов во кофа со вода во тетовскиот затвор. (Г.А.)
Avtorot na ovaa statija ne si go ostavi imeto. Mnogu pametno. Inaku ke go obvinea deka e najsomnitelen, kako sto napravija so onoj "samoubicata" Tanevski.
Од: megi
Датум: 20.08.2010 07:54:14
Nikoj ne moze da se samoubie vo kofa so voda. IToj fakt go znaat laicite, za strucnite lica da ne zboruvame.
Од: Gorco
Датум: 20.08.2010 08:54:25
Ocigledno dena vlasta, sudiite i policija od Kicevo i Gostivar znae koj e ubicata ama go krijat. Ete go posle izvesno vreme pak se javi na scena, a mu namestija ubistvo na Vlado Taneski.
Samo edno me interesira, do koga vaka!!!
Socustvo !
Од: VMK
Датум: 20.08.2010 11:49:32
Pokojnata be[e mazena za grk..sega Germanija ili Holandija ne se sekavam,no decata dvete i bea bracni.Poznato mi e posto go vidov i grok,beshe slep,ili polu slep,postar covek od neja togash pred 3o godini.Dade izjava deka ke plaka za decata izdrshka,i deka nimi ke im go ostavi imotot vo Atina..Mislam deka nemashe drugi deca.Devojceto Katarina i Kristijan Pavlidis se edinstveni naslednici na grokot.Znaci imaat imot vo Atina..pa koj ja ubi Verka Gospod znae..i istragata neka odi i vo toj pravec..deka decata se naslednici na imot vo Atina.Pozz...i Bog da e prosti pocinatata.
Од: Davor Kamenko
Датум: 20.08.2010 14:50:44
Ova nalikuva kako prodolzenie na ubistvata od porano! Znaci sepak e vistina deka Tanevski ne bese ubiecot, ke gi prasam dali sega ke obvinat nekogo taka lesno, mu ja zemaa dusata na covekot!
Од: od mene
Датум: 20.08.2010 15:24:12
A be Vlado Taneski ja ubi sto vie???
Од: Читател
Датум: 20.08.2010 15:44:33
Многу трагични случаи,виновникот треба да одговара но се поставува прашањето:Зошто со лажно обвинение се осудени за убиства на старици,лица кои покрај и др.убиство им се натоварени и овие убиства а со што кај населението е добиен лажен привид на безбедност и отстранета опасност а во случајов ем продолжуваат убиства ем лица одговарале за тие дела без докази.Каде е вината на институциите во ова пред се на сл.лица од полицијата и обвинителството.