Кумановската полиција поднесе кривична пријави за грабнување против двајца жители на Липково. Според МВР, А.А. (27) и И.Р. (20) завчера околу 16,30 часот во селото Бедиње запреле такси-возило и под закана извлекле 19-годишна девојка од Матејче. Ја ставиле во своето возило и возејќи се низ Куманово, А.А. и' удирал шлаканици и клоци, заканувајќи и' се дека не смее да се сврши за друг. Откако А.А. добил телефонски повик, го запрел возилото, ја оставил девојката и побегнале. Полицијата го приведе И.Р., додека А.А. е во бегство и по него се трага. (Г.А.)