Против извештајот за Македонија гласале сите грчки европратеници
Атина- Електронските медиуми во Атина вчера го оценија како „шлаканица“ за Грција извештајот за напредокот на Македонија во врска со нејзината подготовка за членство во ЕУ, одобрен од Европскиот парламент бидејќи, како што оценуваат, во него како нерешено останало прашањето за името на Македонија кое, според авторот на извештајот, холандскиот европратеник Ерик Мејер, пречи на европската интеграција на земјата.
Против извештајот гласале сите грчки европратеници. Групата на владејачката партија Нова демократија во Европарламентот смета дека текстот на извештајот не е во согласност со претходно објавената позиција на Европската комисија, дека „Македонија се' уште не е подготвена за започнување преговори за членство“.
Според европратениците од опозициската Социјалистичка партија - ПАСОК, Грција во извештајот била претставена како земја, која единствено ја има вината за задоцнетото започнување пристапни преговори на ЕУ со Македонија.
Европратеникот од Левата коалиција, Димитрис Пападимулис, смета дека во извештајот не е барана можност за балансиран пристап при решавањето на спорот меѓу Атина и Скопје за името на Македонија.
Во документот, спорот бил посочен како главна пречка, која треба да биде надмината преку постигнување заемно прифатливо решение од двете земји, оценуваат грчките медиуми.
Грчката информативна Интернет-страница „Ин њуз“ тврди дека од извештајот бил отстранет делот во кој се барало од Грција да „престане да го користи правото на вето против Македонија и да го поддржи членството на земјата во ЕУ и во НАТО“.
Грчките медиуми коментираат дека со тој извештај Европскиот парламент уште еднаш ја потврдил целосната поддршка за европската перспек��ива на Македонија и за сите земји од Западен Балкан, факт, кој според европскиот законодавен орган има фундаментално значење за стабилноста и мирната иднина на регионот.
Во текстот не се предлага датум за почеток на преговори со Македонија, но се настојува датум да биде определен уште годинава, бидејќи Комисијата сака да види колку демократски ќе бидат локалните и претседателски избори во земјата закажани кон крајот на март, коментираат грчките медиуми. (МИА)
Makedonija ako ne go smeni imeto, Grcija nema da dozvoli da vlezeme vo EU. Albancite se tolerantni na MKD, bidejkji ne sakaat da gi rasipaat shansite za vleguvanje vo EU. Ako ne vlezeme vo EU, raspadot na MKD kje bide neizbezhen.
Од: ljupco,bitola
Датум: 14.03.2009 08:54:30
Воопшто не ме засегаат грчиштата,нека плачат и кукаат колку сакаат,при гласање на толку голем број луѓе во ЕУ парламентот тие се немоќни,а покасно во комисите и советот на унијата се е можно.Ќе поткупуваат,притискаат и ќе се лигават на сите можни начини за да ја преиначат оваа одлука.Мене повеќе ме загрижуваат домашните петтоколонаши,кои влегувањето или нево ЕУ, го прикажуваат како катаклизма и ги подбуцнуваат Албанците,кои и самите се изненадени од ваквиот идиотизам. Слушнете ги само нивните кандидати исе ќе ви биде јасно.
Од: BIG BROTHER-FILIP TRETI MAKEDONSKI
Датум: 14.03.2009 09:39:07
Izvestajot ne me iznenaduva bidejki ocekuvav deka Evropa saka da i pomogne na opozicijata i pred se na Grcija so toa sto go izostruva problemot za imeto i go stava na brisan prostor kako najgolema precka za Makedonija.
Од: Princeza
Датум: 15.03.2009 09:13:58
И грциве веќе не им се интересни на Европска Унија. Ако Македонија влезе во ЕУ, ќе биде многу поубаво за младината која сега нема работа. Но и да не влезе, ЕУ ќе се распадне за максимум 10 години зошто и од ЕУ некој има поголем интерес, а некој помал. Се распадна СССР, ЗНД, СФРЈ итн, па зарем мислите дека ЕУ ќе функционира уште долго?
Од: EU
Датум: 15.03.2009 12:41:16
Evropskata komisija objavi deka Grcija e na rabot na bankrot. 95% od drzavnite obvrznici nema da bidat vrateni. Vo takov kontekst jasno e Grcija po inercija go sledi sporot so Makedonija, a nie mislime deka sme vo centarot na nivnoto vnimanie...samo zaradi toa sto sme izolirani i od drvoto ne ja gledame sumata!
Од: goce
Датум: 15.03.2009 22:21:30
Makedonija ke vleze vo EU togas koga ke pokaze edinstvo koga site partii ke recat da vo evropa no bez diktat od nekogo a ako se smeni imeto ke ima uste pogolemi problemi koi nitu cia nema da gi predvidi pa poslem ke mora da zboruvame za vlez na etnicka makedonija vo EU