Брoj 2696  вторник, 27 мај 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хороскоп
Дневен хороскоп



Овен

Вашата друштвена природа и желбата за комуникација моментално се во преден план. Одлично се чувствувате, бидејќи сте задоволни во сите сегменти од животот. Партнерот се труди пријатно да ве изненади. Доколку не успее, потрудете се да одглумите задоволство.



Бик

Само доколку постапувате исправно, можете да се надевате на поволен исход. Во спротивно, агонијата продолжува. Насочете се кон себе и почекајте поволен момент, тогаш ќе бидете во ситуација проблемите да ги согледате објективно.



Близнаци

Ги пребродивте вирусите и слабиот имунитет, но тоа не значи дека треба веднаш да тргнете во акција, одморајте се и пијте повеќе течности. По којзнае кој пат донесувате битна одлука, но нема да постапите погрешно. Набрзо ве очекуваат интересни средби.



Рак

Ги држите сите конци во рацете. Одлучни сте и истрајни, па никој не се сомнева во вашиот успех. Околината се чуди како ви успева толку добро да функционирате. Се чувствувате потценето, а тоа е последица од недоволната самодоверба.



Лав

Доколку се насочите кон работа и креативни моменти, ве очекува успех. Во спротивно, фрустрациите не ви гинат. Потрудете се да избегнувате непријатни ситуации. Излез постои, но морате да преземете конкретни професионални потези.



Девица

Извесни планови паѓаат во вода. Загубите морате цврсто да ги поднесете и да се насочите кон работи кои го бараат вашето внимание. Никој не се сомнева во успех кога сте во прашање вие. Во секој момент морате да бидете свесни за своите вредности.



Терезија

Доколку сте во можност да се дружите и релаксирате, се' ќе биде во ред. Посветете внимание на своето ментално здравје и не оптоварувајте се со глупости. Пожелно е да ги правите оние работи кои ве прават задоволни. Не ви е потребна помош од страна.



Скорпија

Сакате да сакате и да бидете сакани, но ситуацијата не е баш розова - или партнерот ги изневери вашите очекувања или сте избрале погрешна личност. Не трудете се тврдоглаво да дојдете до вистината. Повлечете се од играта и мудро почекајте ги своите пет минути.



Стрелец

Само доколку осмислите што ќе правите денеска ќе биде се' во ред. Дали станува збор за спорт или хоби - индивидуално е. Важно е однапред да ги испланирате содржините кои ќе ве одржуваат во кондиција. Насочете се кон филозофско-религиозни теми.



Јарец

Пред вас е креативен и убав ден, така што немате причина да се жалите. Уживајте во сопствената среќа, но прво решете ги работите со себеси. Треба да знаете до која мера можете да се жртвувате за најблиските, тие почнаа да ја злоупотребуваат вашата добрина.



Водолија

Се грижите за здравјето иако проблемот е безначаен. Бидејќи домот е моментален центар на случувањата, потрудете се амбиен��от да го направите попријатен. Дружењето е нешто на кое треба да се фокусирате, тоа ќе ве спаси од депресивни мисли.



Риби

Само доколку се залагате и активно ги преминувате проблемите, може да уживате во плодовите. Во спротивно, грижите ќе влијаат на вашиот и онака кревок нервен систем. Одете во природа, подалеку од блиските и работите ќе дојдат на свое место.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ