Пинк
Пожар во автобусот
Поп-панкерката Пинк за малку ќе останеше без своите музичари кога се запали автобусот, во кој патува по светските турнеи заедно со придружниот бенд. Во автобусот избувнал пожар додека групата музичари патувала на релацијата Минхен - Берлин. Баварската полиција официјално соопшти дека во возилото се запалил филтер, а како главна причина се споменуваат технички грешки. Возачот реагирал прилично брзо, го запрел автобусот на помошната лента од автопатот и го изгаснал огнот пред да се појави полицијата.
Во големото возило се наоѓале осуммина музичари што настапуваат со Пинк, но пејачката во тие моменти не патувала. Никој не настрадал. Бендот се враќал од одржаниот концерт во Минхен минатата сабота, а биле упатени кон Берлин, каде што настапуваа завчера. Откако им беше заменето изгореното, неисправно превозно средство, тие навремено стигнаа да го одржат предвидениот концерт.
|