Број 3302  среда, 09 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Забава

Деми Мур

Контроверзни детали во биографијата

Деми Мур неодамна почна да пишува книга, а со тоа планира да ги подели со јавноста повеќе непознати детали од својот приватен живот и кариера. Откако се распраша и помина разговарајќи со различни издавачи, Деми одлучи својата книга да ја објави за „Харпер Колинс“, кои и' дадоа најдобра понуда, па актерката од издавачката куќа треба да добие дури два милиона долари. Деми се' уште не смисли име за својата автобиографија, но се знае дека книгата ќе биде објавена во 2012 година.

Низ своите мемоари Мур ќе го прикаже проблематичните односи што ги имаше со мајката-алкохоличарка Вирџинија Кинг, но и со очувот Дени Гајнес, поради кого семејството се селело на 40 различни локации. Родителите постојано пиеле, се карале и се тепале, се' до моментите кога Гајнес не извршил самоубиство. Се очекува во биографијата да се најдат и нејзините зависнички денови и отказот што го доби од режисерот Џоел Шумахер поради појавувањето на едно од снимањата во тотално кокаинско лудило.

Како дел од темите, во текстовите од книгата ќе бидат опишани и нејзините три досегашни бракови. Откако се разведе од Фреди Мур, чие презиме се' уште го носи, актерката во 1987 година се венча со Брус Вилис, со кого има три ќерки. При породувањето со првото дете таа најми тројца камермани за да ја снимаат во породилната соба и да го овековечаат тој посебен момент. Бракот со акционата ѕвезда пропадна по 13 години, па од 2005 година е венчана со Ештон Качер, 15 години помлад од неа, со кого, според една нејзина неодамнешна изјава, сака да има уште деца. Своевремено, актерката беше опседната и секојдневно коваше заговори дека младиот маж со сигурност ќе ја изневери.


#
Статијата е прочитана 1459 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Јадам само еднаш дневно - од 14 до 18 часот!
Пожар во автобусот
Се исполни желбата на Тоше - осветлен манастирот „Св. Преображение“
Со дрога против стравот од летање