Број 3422  среда, 03 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Втора страница

Белград нe се сели од туѓите амбасади

Македонија и другите четири наследнички чекаат четири година да го земат својот дел од 44 поделени амбасади

Тамара Грнчароска

До крајот на годинава Македонија требаше да ги преземе во своја сопственост четирите амбасади што ги доби во првиот круг од распределбата на имотот меѓу сукцесорите на поранешна СФРЈ. Амбасадата во Канбера, зградата на Генералниот конзулат на Југославија во Цирих, станот во Рим од 300 квадратни метри и поранешниот конзулат во Атина се објектите што ги доби Македонија од 44 објекти, кои уште во 2006 година ги поделија шесте поранешни републики како наследство. Но, Белград, кој дотогаш ги користеше зградите како свои дипломатски претставништва, продолжи да го прави тоа и по распределбата, што го развлече процесот на сукцесија.

Србија мора да напушти уште 24 од 44 објекти, но бидејќи не го прави тоа, нашата држава и Словенија поднесоа иницијатива за забрзување на овој процес и за договарање на конкретен датум за предавање на амбасадите, на која се приклучи и Хрватска. Во мај беше договорено да се одржи состанок на Мешовитиот комитет во јуни, но беше одложен по барање на Белград. Српската страна, како што информираат извори од МНР, во своето објаснување навела дека не била подготвена за примопредавање, бидејќи владата се' уште не дала согласност за тоа, со образложение дека нема пронајдено замена за зградите на амбасадите што треба да ги напушти.

Србија, како решение на настанатата состојба и притисокот да ги предаде објектите, деновиве понуди земјите наследнички заеднички да ги користат зградите на амбасадите, со што би имале помали трошоци. Со тоа Србија би избегнала изнајмување или купување нови објекти за амбасади, токму она на што досега беа принудени останатите пет држави. Од македонското МНР вчера како одговор на предлогот на српскиот претседател Борис Тадиќ, рекоа дека „тој се' уште се разгледува“.

Иако во 2001 е потпишан Генерален договор меѓу државите наследнички каде што во вториот анекс се опфатени дипломатските претставништва, досега ниту една земја не успеа да преземе во свое власништво ниту една од зградите, бидејќи примопредавањето на досега прераспределените 44 треба да се изврши наеднаш. Амбасадата во Париз, која Македонија ја доби во владеење, е надвор од оваа група, поточно сите земји-наследнички зедоа по една амбасада пред да почне поделбата на преостанатите над 120 дипломатски претставништва на СФРЈ низ светот.

„Зградата во Канбера и станот во Рим се ослободени од страна на Белград, но Договорот не дозволува билатерално преземање на објектите. Чекаме сите згради да бидат ослободени“, информираат извори од македонското МНР.


#
Статијата е прочитана 1028 пати.

Испрати коментар

Од: Dobro informiran
Датум: 03.11.2010 12:17:03
A, zgradata vo Vasington, koja sega e makedonska ambasada? Videte koj ja pretstavuva Makedonija vo Komisijata za sukcesija i se ce vi bide jasno zosto rabotata so ovaa problematika ide tolku kilavo! Srbija znacitelno go zgolemi svojot medjunaroden rejting i sega moze so ostanatite sukcesori da si ja igra igrata ,,Mackata i gluvcite,,!
Од: RND
Датум: 03.11.2010 14:07:24
A ke platat li kirija za koristenje na objektite vo poslenite 20 godini ili ke im bidat prosteni???
Од: mile
Датум: 03.11.2010 21:05:03
Abe USTE li ima za delenje od Jugoslavija ? Stavrno jaka bese zemja, sto eve 20.godini naslednicite uste ima sto da delat !

Најди! во Утрински
Втора страница
Зајас нема дилеми
Вербатим
Полјаците и Литванците се фатија за гуша за една буква






Bulgaria and Russia expected to sign gas pipe agreement
One third of cigarettes in Bulgaria are 'illegal'
Falling credit rating reveals Croatia's economic crisis