Број 3422  среда, 03 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Втора страница

Полјаците и Литванците се фатија за гуша за една буква

Полска бара од Литванија да ги смени азбуката и Уставот и да ја воведе буквата „w“

Спорот на Полска со Литванија му конкурира на македонско-грчкиот спор за името според интензитетот на емоции и збунетоста за луѓето однадвор. На еден неодамнешен блог за ова прашање имаше над 200 коментара, што заслужуваат да се прочитаат, ако не за нешто друго, барем да се види јазот меѓу двете страни. Накусо, Полска смета дека направила многу за Литванија во последниве години, а нејзината добра волја наидува на одбивање и дволичност, особено во третманот на полското малцинство таму и, исто така, во препреките за најголемиот странски инвеститор во земјата „ПКН орлен“, што ја поседува нафтената рафинерија-загубар „Мажеикијај“.

Литванците, од своја страна, потсетуваат на вековите полска доминација и непријатниот период на принудна полонизација во регионот Вилнус пред Втората светска војна, кога денешниот капитал на земјата и околната област беа под полска окупација. Од овие причини, тие се навредени што Варшава ги притиска да го сменат законот (можеби и Уставот) за да им се овозможи на луѓето што тврдат дека се Полјаци да ги пишуваат своите имиња користејќи букви, како што е „w“, а кои не постојат во литванската азбука.

Полска е презаситена. Нејзините политичари не разговараат со своите колеги од Литванија. „ПКН орлен“ размислува за продажба на „Мажикијај“ и има неколку можни купувачи. Надворешните луѓе се прашуваат дали Литванија можеби се преценува. На крај, таа (и нејзините балтички соседи) не се суштински за националната безбедност, енергетската независност или за транспортните врски на Полска. За Литванија, Полска има витално значење во однос на тие прашања и повеќе, освен ако не сака да стане уште една Белорусија.

Тешко дека оваа ситуација ќе заврши набргу. Еден мудар чекор можеби би бил двете страни да се воздржат од јавни изјави со кои ги влошуваат работите. Би било интересно да се види дали Полска ќе реагира на жалбата од литванскиот премиер Андриус Кубилиус дека Полска упатува „навредливи“ и „неосновани“ обвиненија. Да се наречат детски размените што се одвиваа оваа недела би било знак на типично патронизирање и игнорантски став на некој аутсајдер, затоа нема да го употребам тој збор. Како би било „неплодни“?

Со ризик да се провоцира огромна разгорена војна, би било интересно да се слушне што мислат читателите за споредбата со грчко-македонскиот спор, кој (барем од гледна точка на некој аутсајдер), исто така, потекнува од радикално спротивставените историски раскажувања и заемното неразбирање. (Економист)


#
Статијата е прочитана 1395 пати.

Испрати коментар

Од: Петре-1
Датум: 03.11.2010 12:25:58
Литванците ќе се пишманат што излегоа од СССР. најубавата варијанта им е да стапат во федерација со Русија. И така таму има огромно руско малцинство. Да куртулат од Пољаците. Впрочем и на Македонија ништо нема да и’ фали да влезе во некоја заедница со Русија. Ист народ-Словени, сличен јазик, иста азбука, исти предци. Русија со огромни можности и перспективи. Зошто ни е НАТО и ороспијата Европа незнам.
Од: Korektor
Датум: 03.11.2010 12:33:52
Vilnus ne e ,,kapital,, , tuku prestolnina na zemjata (Litvanija) i okolnata oblast... Litvancite vo periodot na osamostojuvanjeto i zaclenuvanjeto na nivnata zemja vo NATO, a potoa i vo EU izrazuvaa golema blagodarnost na Polska za podrskata sto im ja davase! No, so tekot na vremeto dobrinite se zaboravaat. Toa e soglasno aksiomot ,,na cuden nacin na onoj sto ce mu pomognes ti stanuva neprijatel,,!
Од: zoran
Датум: 04.11.2010 02:40:33
ziveev vo Litvanija i znam kako stojat rabotite!!! prvo vo Litvanija ne zivee golema ruska populacija i oni ic ne gi mirisaat rusite pa i poljacite!!! Vtora rabota Litvanija e vo EU i NATO i bas im e gajle so mislat i kako mislat poljacite...i treto se znae koj sto i kolku mu sleduva kako malcinstvo tamu,rusite si zborat ruski poljacite polski (osobeno vazi za Vilnus) i ako im dozvolat se sto sakaat da pisuvaat so w a ne so v drn drn jarinja ke zavrsat kako nas! ako im dades premnogu(kako makedonija sto dade) ke baraat poveke i poveke...itn.

Најди! во Утрински
Втора страница
Зајас нема дилеми
Белград нe се сели од туѓите амбасади
Вербатим






Bulgaria and Russia expected to sign gas pipe agreement
One third of cigarettes in Bulgaria are 'illegal'
Falling credit rating reveals Croatia's economic crisis