Вардар ја победи Ренова со 3:1, но по средбата дивееја навивачите, при што тројца полицајци беа повредени, а 21 лице се приведено
Миодраг Мицковиќ
Една прекрасна фудбалска атмосфера на Градскиот стадион, добрата игра и убедливата победа на Вардар во мечот со еден од кандидатите за висок пласман, тетовската Ренова, ја расипа тешкиот инцидент што се случи по завршувањето на натпреварот. Повторно бевме сведоци на недоличното однесување на двете навивачки групи, невкусно скандирање, запаленото албанско знаме што резултираше со отворен судир меѓу навивачите надвор од трибините, покрај Градскиот стадион. За среќа, благодарение на брзата интервенција на полицијата и мобилните единици на „алфите“ беше спречен потежок инцидент што можеше да има несогледливи последици.
Се' почна по досудениот пенал за Ренова во 87 минута кога почнаа пожестоки вербални дуели меѓу навивачите на Вардар и Ренова. Во тие моменти полицијата брзо интервенираше и не дозволи да дојде до тепачка на трибините, но, веднаш потоа надвор од стадионот почна физичката пресметка, имаше повредени и навивачи и полицајци. Според извештајот на МВР уште на трибините почнала жестоката расправија меѓу навивачите кога група навивачи на Вардар предводена од водачот на комитите почнала да фрлаат со шишиња и камења при што бил физички нападнат и повреден еден полицаец кој беше пренесен во Ургентниот центар. По завршувањето на натпреварот, како што стои во соопштението, дел од навивачката група на Ренова влегле во возила и се упатиле кон излезот од Градскиот парк при што кај надвозникот под самиот Градски стадион биле пресретнати од поголема група на Комити кои фрлале со камења и разни предмети по нив. Тука биле и запрени со возилата при што било забележано дека две лица од групата на Ренова во рацете држеле пиштоли. Во тој момент од страна на мобилната единица на „алфите“ и полицајците било интервенирано при што во возилата се пронајдени пет пиштоли, а лицата биле приведени во полициската станица Центар. Исто така, се вели во соопштението од МВР, непознати лица од групата Комити со камен во пределот на главите биле повредени уште две службени лица кои се пренесени и задржани на лекување во Ургентниот центар. Покрај овие две полесно е повредено уште едно лице. При каменувањето оштетени се и две патнички возила во сопственост на претседателот на Ренова и неговиот син. Веднаш по смирувањето на инцидентите во полициската станица центар приведен е и припадникот на групата Комити за кого постојат сомневања дека ��о нападнал и повредил и полицаецот во првиот инцидент. Покрај него приведени се уште 20 лица, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
За жал тоа е почетната приказна за овој првенствен натпревар кој имаше неславен крај и доколку не беше брзата интервенција на полицијата и на „алфите“ се' можеше да се случи. Со еден збор непотребен инцидент бидејќи освен тие вербални дуели на трибините немаше причини за него доколку не дојдеше и до блиската средба меѓу двете навивачки групи пред самиот стадион. Но, тоа е тоа, инцидентите на нашите фудбалски терени зачестија, острите казни за виновниците не помагаат бидејќи потоа казните се намалуваат од страна на комисиите во Фудбалската федерација.
Наместо да го почнеме извештајот со новата убедлива победа на Вардар со која докажа дека е навистина фаворит број еден за титулата, моравме извештајот да го почнеме со инцидентот што навистина загрижува.. Вардар, еве веќе на трет меч едноподруго ги тресе со по три гола мрежите на своите конкуренти за висок пласман. Победа и Пелистер беа испратени од Градскиот стадион со по 3:0, Ренова исто така, но со забелешка дека таа постигна барем еден гол. Вардар некако како по традиција на првите натпревари во годинашново првенство игра послабо во првото полувреме, како да ги испитува силите на своите противници а потоа со невидена офанзива ги дотолчува во вториот дел неоставајќи им шанса да го изненадат.
Немаше многу шанси во првиот дел освен на Јанчевски во 9 минута кога биеше со глава покрај голот на Ковачевиќ. И кога се чинеше дека на одмор ќе се замине без голови, во судиското продолжение, Милисављевиќ центрираше од левата страна, голманот на Ренова Ковачевиќ несмасно интервенираше, ја одби топката која го погоди Муса Али во грбот и се најде во мрежата.
Вардар се разигра во второто полувреме, во 63 минута по брзата акција на Баевски, Милисављевиќ убаво се ослободи од Станковиќ и со прецизен удар го совлада Ковачевиќ. Девет минути подоцна во листата на стрелците се запиша и младиот Петров кој го искористи слободниот удар на Глигоров, го измами Станковиќ и од непосредна близина ја затресе мрежата на Ренова која во текот на сите 90 минути играше дефанзивно, овозможувајќи му на Вардар да доминира на теренот. Единствената шанса Ренова ја искористи во 87 минута кога Вајс го собори Трајчев, а судијата Петковски оправдано покажа на белата точка. Пеналот успешно го реализира Емини, а Пачовски по 267 минута конечно беше совладан во годинашново првенство.
Вардар - Ренова
Скопје. Градски стадион. Судија Зоран Петковски од Велес. Стрелци: Муса Али во 45, Милисављевиќ во 63 и Петров во 72 минута за Вардар, а Емини во 87 минута од пенал за Ренова.
Toa ti se "navivaci" na vardar da se cudi covek od seta tolpa ludje komiti polcajcite videle pistoli kaj mala grupa simpatizeri na renova.Znaci bilo kako bilo mora albancite da se krivi.Eve edna novina vo toa sto vasiot novinar ne videl.Kaj renova ima polovina igraci makeodnci a kaj vardar nitu eden albanec ili potocno receno etnicka cista ekipa.
Namesto dase krivaat huliganite na vardar tie gi krivaat na renova...aferim ne daj boze da bese zapalena makedonskata zastava toa vo vestite ke bese kako da e kraj na svetot ili kataklizma a ovako stoe albasnko zname.Znajte deka toa ke vi se vraca kako bumerang
Од: ILIR
Датум: 01.09.2008 07:22:18
Mislam deka ne treba da se dozvoluvat vakvi scemi vo spotskite naprevari,so ova se pokaze deka vo makedonija treba da se regulirat uste nekoj raboti.Alfite treba da se raspustat i da ne figurirat kako organizacija,svedoci sme za nivnata arogantnost.Varadr vistina kako naj star klub vo makedonija sasluzuva respekt,no za zal navivacite ne vardar"KOMITITE"sekogas se predizvici na icidentite bes ogled kade igra vardar.Javno go prasuvam zamenik minister na MBR,kakvi ingerenci imas vo ovoj resor i dali vopsto se konsultira nekoj so tebe.Za zal uste ednas se pokaze deka partijata DUI,samo simbolicno participira vo ovaa vlada.Smetam deka DUI poleka go gubi legitimitetot kaj albancite,a pak glasacite na ovaa partija treba da se osvestat za manipulacite sto im gi pravi.Za na kraj mislam deka vo revansot KOMITITE,ke bidat pristuni i na gracki vo tetovo normalno deka i na niv ke im bide gotveno specialna RODENDENSKA TORTA i ako sto do sega ovie uligani nikogas ne doagale vo tetovo.
Од: luli
Датум: 01.09.2008 07:28:53
Ne znam do koga ke se dozvoli na komitite da iniciajtirat problemi na utakmicite se znae deka sekogas tia ja upotrebuvat nacionalnata mrznja prema albancite zaboravat deka tokmu eden od golovite na vardar go dade albanec, dodeka na tv A1 se gleda deka policijata upotrebila prekumerna sila kade se gleda na video deka trojca(policajci) vo civilna obleka udirat edno momce so boksovi i kloci bez da bidat napadnati policajcite ,
Од: mene
Датум: 01.09.2008 08:19:23
ne mi e jasno zosto voopsto se trosat sredstva za ova "fudbalov". Najdobro e ako e za razonoda na "naviva~ite" da im se ovozmozi da si organiziraat megju sebe gladijatorski brbi. Em ce gi zadovolat strastite em ce bidat vo arena a nadvor ce izlezat sano pobednicite i kje nema so kogo da se tepaat i da go voznemiruvaat narodot.
Од: JAS
Датум: 01.09.2008 09:36:38
Ova li se komiti beee, vaka li se naviva? Pa posle sakame koga ke igra reprezentacija albancite da si navivaat za makedonija.na takvi huligani treba da im se zabrani da priparat u park a ne na stadion da navivaat.bruka ziva.site morame da svatime deka morame, morame da gradime sozivot a ne da se tepame kaj ke stigneme.na sto lici toa da se pali znameto...ne sum albanec, naprotiv, makedonec sum, megjutoa ova stvarno sto se slucuva e za sramota. Epa utre koga ke odat vo tetovo neka znaat sto gi ceka i neka ne baraat pomos od policijata koga ke go jadat stapot.izolacija na huliganite pa makar da se igra na prazen stadion
Од: coraddo
Датум: 01.09.2008 09:57:40
pred zgradata na UN postojat jarboli za zemjite i nivnite znaminja,MAKEDONIJA ima edno zname.
se zalat na povredeni od zaskitani kursumi,podocna zosto gi uapsile.daj dogovorete se za sto ste??? ispagja Makedonecot vo Makedonija e vinoven zosto ja saka i pocituva svojata zemja.Aj,neka nasinec vo Albanija razvee zname makedonsko? ne sramete se od imeto i korenot Makedonski
Од: mkd
Датум: 01.09.2008 10:10:49
Site navivacki grupi po priroda se huligani(poglednete ja zapadna evopa pa ke vi bide jasno) a nie ne sme isklucok.No da se nosi ogneno oruzje na natprevar a posle da se glumi zrtva e smesno.
Од: VASE
Датум: 01.09.2008 10:54:19
sum protiv palelje znaminja no da go istaknuvas tudja teritorija e bogami i jas bi go zapalil samo denesnava mladina (ALBANSKA) tesko deka ke naucat deka ziveat vo makedonija i ona ima svoe zname koe treba da go pocituvaat albanskoto go respektirame samo ako sme vo albanija a za posirokata javnost eden primer vo edna stranska drzava do mene bese albanec(makedonski) kako mumija se krstese na znameto na taa drzava
samo ne se krivi oni im gi dadovme site prava i site udobnosti kako skola novini ama sepak ne gi biduva da ziveeat so nas sepak pokraj ovaa kritika srekni ramazanski posti (neznam dali tocno se izraziv) no sepak prijatelski se cestitkite pozdrav do site makedonci vklucuvakigi naravno i romite turcite vlasite i jurucite
Од: koco
Датум: 01.09.2008 11:00:47
Polozani e albanec ako ne si znael
Од: .
Датум: 01.09.2008 11:54:46
A-str ako ne gi znaes igracite na vardar ne komentiraj vo vardar ima albanci igraci toa se : Polozani, Ejupi, Emurlahu. Ovie igraci so se ?
Kako moze toa da bide cist tim.
A za znameto loso e da se pali na tuga drzava, a ne znam sto tebe te pogoduva tolku toa zname koga zivees vo Makedonija, zemja so svoi simboli i znaminja.
Isto taka los beleg na natprevarot ostavi skandiranjeto po nacionalna osnova mislam deka tie raboti treba da gi ostavime zad nas.
Од: mene
Датум: 01.09.2008 13:04:47
e dobro be! na finaleto za kupot, na milano navivacite t.e. "albancite" svirkaa na himnata,a glavni navivacki pesni im bea : Nepriznaena nacija i ....... sto ne vredat da se spomnat!!! zatoa ne zborete gluposti deka celo vreme gi mestat toa grevovite albancinja
Од: od diasporata
Датум: 01.09.2008 13:23:22
Zarem Renova ne igra fudbal vo Albania, ako ne e slucaj baram pod itno toa da se realizra.
Од: Muhamer
Датум: 01.09.2008 13:57:34
Pozdrav do site çitateli na utrinski,jas sum Muhamer eden od rakovoditelite na firmata Renova.Prvo da vi kazhem deka renova e kompanija kade rabotat i poveqe 100 makedonci ne samo albanci.Nie vo rabota gi çekame naj normalno kako nashi kolegi i kako llugje shto imaat potreba da gi hranat nivnite familiji,nie ne gi çekame so slogani dobar makedonec-mrtov -makedonec kako ne preçekaa vo Skopje so slogani dobar albanec-mrtov albanec,ne palime znaminja i ne im pravime llosho na nikogo.Jas eden od svedocite na toa divlenje na komitive podrzhani od Od rakovodstvoto na Vardar na çelo so Kostovski i normalno policijata.nie sme bile okollu 40 dushi so site deca shto gi imavme so sebe.Cello vreme na napadna,ne psovaa,ne vregjea i na kraj koga izlegovme pak ne napadnaa,ni gi skrshija kolite,ne dovedea vo zhivotna opasnost i nie koga gi vidovme alfite mislevme se spasivme a tie poçnaa da ne tepaat nemilosrdno nas,toa beshe katastroava,gi tepea i decata od 14 godini, a komitite aplaudira,Bravo,bravo
Од: TheSpartan
Датум: 01.09.2008 14:49:01
Jas velam deka vo MAKEDONIJA ne treba da se dozvoli da se vidi bilo kade albansko zname, bidejki ova e MAKEDONIJA i site treba da gi pocituvaat zakonite sto se vo nea a ne da donesuvame i izmizluvame nekoi (albanski) novi. No tuka veke ne se raboti za znaminjata, tuku sto ke se sluci ako site navivaci pocnat so sebe da nosat pistoli? Dali ke bide po interesno? No vo MAKEDONIJA ima etnicka zaednica koja e najpametna pa pravi sto saka!! Pozdrav do site VLASI, MAKEDONCI, Turci, Romi...
Од: Читател
Датум: 01.09.2008 14:54:29
До кога ќе глумите жртви? Што не кажете за вашето недолично однесување по постигнувањето на голот, кое најмалку наликуваше на однесување на раководство на еден фудбалски клуб, а многу повеќе на примитивци; за членот на раководството кој носеше маица со карта на Голема Албанија; за пронајдените 5 пиштоли во вашите луксузни коли, од кои еден на синот на вашиот газда. Добро бе, до кога ќе ги слушаме приказните за вашата обесправеност и кочење на вашиот развој.
А тие што Комитите ги нарекоа хулигани, ќе им кажам дека ќе беше подобро да видеа како истите тие Комити ја бранеа честа на Македонија од сепаратистички банди, а не од дома да солат памет. Погледнете го малку однесувањето на навивачите во Тетово, Куманово и Чаир и видете ги нивните пораки со политички содржини со закана по нашата држава, па после обвинете ги Комити дека биле обични хулигани. И што е најбитно не беа само Комити, туку и многу гледачи на јужна кои не можеа да го трпат однесувањето на криминалната банда од Џепчиште.