Вицепремиерот Васко Наумовски е меѓу македонските граѓани кои на своја кожа го почувствуваа хаосот во авиосообраќајот и кој викендов ги „бркаше“ аеродромите низ Европа за на крајот со комбе да се врати од Брисел во Македонија. Откако станало јасно дека бриселскиот аеродром ќе остане затворен и наредните денови, вицепремиерот и делегацијата, кои имаа работни средби во ЕУ, во саботата наутро со комбе и со минибус тргнале за Скопје. Патувањето, кое траело 20 часа, било предвидено да трае пократко, т.е. до првиот „отворен“ аеродром на патот до Скопје, но бидејќи облакот од вулкански пепел се ширел побрзо од патувањето на делегација, сепак, на четири тркала пристигнале во Скопје.
Ваквиот подвиг на македонската делегација покажува дека Европа и не е толку далеку од Македонија и достижна само со авион. Слична, но доброволна авантура минатата година извел и поранешниот амбасадор на Македонија во НАТО, Нано Ружин, кој од Брисел стигнал директно на прес-конференција во Скопје, патувајќи со автомобил. Притоа, Ружин без прекин поминал 2.200 километри за 18 часа.
Среќата на македонската делегација во Брисел да најдат алтернативно превозно средство ја немала делегацијата од друго министерство, која се' уште е заглавена на Исланд, и која за да се извлече оттаму треба да најде не само автобус, туку и брод до брегот на Европа. Друга, пак, група Македонци не можат да се вратат во земјава, бидејќи немаат транзит-визи за копнен пат до Македонија. Тие се заглавени во Ирска, а бидејќи немаат британска виза без која не можат да влезат во Велика Британија, нема како да стигнат до европскиот континент. Како што информираат од МНР, амбасадата во Лондон им асистира за вадење транзит-визи. Тие информираат дека во другите амбасади нема македонски државјани што се обратиле за помош. Во Амстердам останаа заглавени група македонски новинари, бидејќи биле продадени сите билети за автобус и воз.
A be kako daleku!? . Delegacija na MNR ( se razbira, od ponizog rang) zaradi stedenje, vo najgolemite snegovi vo dekemvri bese so kombe do Pariz. A sega treba da se cudime na "podvigot " sto svileniot minister od Brisel dosol na 4 trkala. Golema rabota. Samo steta sto ispustil den od prerodbata 24/7!
Од: marjan.pp
Датум: 20.04.2010 03:28:02
ako vazi stedejneto za siot narod zosto ne i za niv,sepak toa se narodni paria, a za svilenive golobradi momcinja izgleda toa ne vazi
Од: Red rose and fist
Датум: 20.04.2010 04:26:04
Prosteno neka ti e ministre sto mesto 24/7 ovaa nedela poraboti 24/6.Ama sepak ako za dobroto na drzavata e i ova.Kjuti ko ti tekna deka treba da ja krstosuvas Evropa i da gi cvrstis poziciite na drzavata.Samo maler te tera.ednas resi da setnis i odma zaglavi.Kako sto se vernici i sueverni ovie od vladava treba da te smenat od minister so obrazlozenie deka te sledi nekoja prokletija
Од: marija
Датум: 20.04.2010 07:03:55
Podobro ke bese ministerot Naumovski da ne se vraka vo MK se do nejzinoto integriranje vo EU..... barem ke pokazi kolku se "golemi " negovite zalozbi i posvetenost kako minister za evrointegracii.
Од: petre
Датум: 20.04.2010 09:00:21
za toj sto si ja tera rabotata nema nikakvi prepreki .Bravo
Од: Трпе
Датум: 20.04.2010 09:38:24
Голем подвиг за мининистерот,што успеал да се врати во земјата на четри тркала.Да беше министерот Ставревски,сигурно ке бараше помош од сопругата за да го врати назад.Кога кажуваме дека имаме детска влада тоа не е навреда,тоа е вистина.Па и денешниве деца,никаде не одат пешки или користат градски собракај или такси и за растојание од еден километар.
Од: Ајван Доктор®
Датум: 20.04.2010 09:47:59
Веднаш да се наградат со Орден заслуги за МК,со сребрен... (може и со златен,за да не плачат)венец, заради своите херојски достигнувања-Брзо враќање на родната Грутка! Ако трошоците со комбе биле помали од авионскиот, Предлагам,следниот пат, да се враќаат Пеш! Ќе заштедиме за уште некој Туристички Монументален Кичерај! :)
Од: mene do citatel
Датум: 20.04.2010 11:21:48
Za tie sto velite deka MNR od ponizok rang bile do Pariz so vozilo nisto cudno taka pominuvaat poveke denovi i se zema poveke DNEVNICI taka da drzavata ja cini isto kako i da patuvaat