Број 3414  понеделник, 25 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Македонија

Родната куќа на Ѓорче Петров се распаѓа

СДСМ од Прилеп ја обвинува општинската ВМРО-ДПМНЕ за лажен патриотизам

Прилеп - Прилепските социјалдемократи ги обвинија градоначалникот Марјан Ристески и владејачката ВМРО-ДПМНЕ дека свесно дозволуваат да пропаѓаат историските спомен-обележја во градот. Тие побараа отчет каде се трошат парите што од граѓаните се слеваат во градската каса, кога најбитните спомен-обележја во градот пропаѓаат.

„На Денот на ВМРО локалните функционери од ДПМНЕ, оние истите што ни држат лекции за патриотизам, положија цвеќе на спомен-плочата на местото каде што некогаш беше куќата на револуционерот Ѓорче Петров, Македонец од Прилеп. Од некогашната куќа на македонскиот револуционер сега има само руина.

И додека самонаречените патриоти се расфрлаат со милиони евра за проекти како ’Скопје 2014‘, во кој ќе преовладуваат коњи, триумфални порти, водоскоци, фонтани, додека сечат ленти на секој метар асфалт, важните спомен-обележја во градот и во државата пропаѓаат“, обвини Миле Талевски од СДСМ.

Повикувајќи ги политичките ривали да ја прекинат, како што рече, „вмровизацијата што ја почнале“, Талевски посочи и дека пропаѓа објектот на Участокот, кој е симбол на почетокот на македонската борба за своја држава во 1941 година.

Прилепските сдсмовци побараа од градоначалникот Ристески и од ВМРО-ДПМНЕ да ги преиспитаат своите одлуки, да преземат мерки што поскоро да бидат изградени достојни спомен-обележја, да не се дозволи целосно да пропаднат куќата на Ѓорчев и зградата на Участокот, а името на „македонскиот Херодот“, Љубен Лапе, да се најде на Патеката на славните прилепчани.

На овие обвинувања од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ објаснуваат дека во текот на 2011 година ќе биде изградено спомен- обележје за Ѓорче Петров, но локацијата се' уште не е утврдена.

„Ние како партија не можеме ништо да направиме со куќата на Ѓорче Петров. Не сме разговарале со фамилијата Шукуроски, тоа е работа на локалната самоуправа, но имаме сознанија дека не се решени имотноправните односи. СДСМ од една страна не' обвинува дека трошиме пари за споменици и оти средствата треба да ги пренасочиме за здравство, социјалата и за друго, а од друга страна, пак, кога парите не ги трошиме за таа намена не' обвинуваат оти тоа не сме го направиле“, вели Гоце Ингилизов, претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп. (Мн.Т.)


#
Статијата е прочитана 1234 пати.

Испрати коментар

Од: Pero
Датум: 25.10.2010 12:13:58
Vcera na TV go gledam ova momce koe dava izjava.Ne go poznavam no koga slusnav deka ke ima prilog za Prilep bas se izraduvav.Mislev deka ke zboruva pretsedatelot na partijata, onoj sto bese kaj Jofe.Zosto ne go ostavate nego da vodi presovi?Bas e simpaticen i zabaven.I elokventen.
Од: Stojna
Датум: 25.10.2010 13:10:01
Gradonacalnikot Marjan Ristevski sobira pari uste ednas da ja vikve Ceca, bidejki taa e povazna od zastita na naseto istorisko nasledstvo. Sramota, prilepcani neka razmislat za kakov "patriot" se raboti stom ne si go pocituva svoeto, tuku nosi turbofolkeri od sever koi ne negiraat i posakuvaat vo nivnite pregratki.
Од: mikica
Датум: 25.10.2010 15:05:34
slusaj, ti stojne, ako ne ti se slusa Ceca "od sever", a ti slusaj si ja Velislava "od istok"....toa kogo Marjan ke nosi da ni pee e negov izbor i nema ti da mu nareduvas. ti koga ke dojdes na vlast nosi si go i Azis ako sakash....inaku da treba, treba da se zastiti kukata na Gorce Petrov, kako istoriski spomenik, a da treba da ziveeme, i toa treba i toa so najpopularnata balkanska pejacka Ceca Raznatovic....
Од: 888
Датум: 25.10.2010 15:19:17
Kukata na petrov se raspaga vo siot 65 godisen po voen komunjarski period, so sto jasno se pokazuva koja e politikata na koalicijata sdsm-dpmne vo toj kontinuitet.. a se prenesuvaat srpski programi na TV se pravat konceri na ceca i sto ti uste ne razni bljuvotini..
Од: skopjenec
Датум: 25.10.2010 16:13:44
Prilep grad heroj. Samo misli na Pivo Fest i na Ceca. A za nivnite heroji ke dojde vreme, koj da misli.
Од: A, KUCATA NA TATARCEV?
Датум: 25.10.2010 17:24:49
Kucata na osnovopolznikot na VMRO Tatarcev vo centarot na Resen bese ruinirana i bese srusena pred petnaesetina godini so najava deka ke bide izgradena nova!? Sega na toa mesto nema nikakva traga!!! Za vmrovcite povazen e Ace Golemiot od Tatarcev i ostanatite osnivaci na VMRO!!! Aj, sega gledaj im go pametot.
Од: Stojna
Датум: 25.10.2010 20:09:20
Ti Mikica misli si na tvoite "zvezdi" od sever, no nie si imame nasi angelski grla i angelski pesni, Badev, Sarievski, Ilieva,Tomovska, Mancevski, Petreski, Stojanovski, Lazova, Gavazova, Spasovska, Arnaudov..................na koi sundot od sever voda moze.da im nosi. Nie sme Makedonci i si ja sakame nasata Makedonska muzika.A, tebe ako ti smeta odi si na sever da gi slusas.VMRO sekogas bilo za makedonskata kauza i zatoa potegot na Marjan Ristovski e za osuda i vistinskite clenovi na VMRO nikogas nema da mu prostat.
Од: Od Aristid praveden
Датум: 25.10.2010 21:31:56
Е Кој беше тој ЃорчеПетров , по што е заслужен како историска личност кога македонците едвај чекааат да добијат азил во западно европските земји. еТЕ КОЛКУ ТРЕБА ДА МУ СЕ ДОРЗУВА КУЌАТА
Од: Grujova Kula
Датум: 25.10.2010 22:17:43
Cekajte bre ludje. Najprvo da se napravi spomenikot na Ace golemiot , pa uste nekolku nakolni zivealista od strana na Pasko, , pa spomenikot na Makedonoidot( predokot na belata rasa) pa mostot Oko so triesetina spomenici, pa triumfalnata kapija, pa posle toa ce dojde redot i za ovie raboti. a se prasuvam zosto ne izgradime i kula visoka 500-600metra i ja nareceme Grujova Kula. znaete kolku turisti ce navalat

Најди! во Утрински
Македонија
Водовод за 11 села во Јегуновце






Nato to halve troops in Kosovo to just 5,000
Hungarian sludge catastrophe victims may not get compensation, say Greens
Belgian court awards €15,000 to asylum seeker